Мојот татко...немам зборови со кои можам да го опишам неговиот благороден лик и однесување кон нас. Само едно Тато, ти благодарам и бескрајно те сакам...
Нема зборови со кој можам да кажам колку го сакам и почитувам. Цел живот е жртва за нас. За него ќе немало, за нас морало. Одкако се одвоив од родителите,тоа ми е најголемата болка. Само се плашам да не му стане нешто со здравјето. И ако не живеам веќе со родителите, сега ми помага уште повеќе. Нема кај него умор, нема касно е. ДА те чека, да те пречека, да донесе, однесе, купи се се. Вика мајка ти правеше мусака дојди да ручаш. Јас сум сама деновиве, либето не е тука, па не готвам само за мене. Викам не можам имам работа. Вика сакаш да ти донесам, викам не бре, ќе се снајдам. Ете ти го за пола саат на врата. Среќа па блиску живееме. Одиме во маркет, ќе се потепаме кој да плати, не остава. треба негде да се оди да се купува нешто крупно, ние немам кола уште. Ма нема проблем, ми вика еми ја за што сум. Сите тие мали работи му даваат големина огромна на овој човек, само нека е жив и здрав.
За жал и јас го изгубив мјот татко пред 9 години. Сеуште ми фали, дури и повеке од кога и да е. Секогаш кога ке славиме дома нешто јас помислувам на него, кога ке ги слушнам песните на свадбите јас помислувам на него и одма гледам да се скирајам некаде и да се изнаплачам. Никогаш ама баш никогаш мислам дека нема да го преболам, мислев дека со тек на време болката ке се намали, демек нели времето ја лечело секоја болка НЕ ЧОВЕК САМО СЕ НАВИКНУВА ДА ЖИВЕЕ СО ТАА БОЛКА.
Јас можам да кажам дека "ЈАС ИМАM ДВЕ МАЈКИ" погрижлив, повнимателен, пожртвувам човек незнам дали има на планетава. Сега кога сум мажена повеќе ми фали тато него мама.
Мојот татко е безчуствително копиле. Ја уништи мајка ми и си ги уништи децата. И пак со цело лице и гордост, дреме во куќава. Не знам како нема потреба да го поправи тоа што го заебал кога едното дете не му разговара веќе 8месеци. Стари, на свадба нема да ми дојдеш, ни на погреб ќе ти дојдам.
Ајде и јас да си ја излеснам душава... Јас сум дете единче и живеам заедно со моите родители. Но всушност, се чувствувам како да живеам само со мајка ми. Кога бев мала бев премногу поврзана со татко ми, секаде ме носеше со него како лепак бев. Но тој беше груб спрема мајка ми. Со текот на времето јас се приврзав и со мајка ми, за да ден денес јас не можам да си го замислам животот без нејзе. Од мојата 9-та година јас се оддалечив од татко ми. Памтам кога последен пат го бакнав, тоа беше 2004 година, кога направи сообраќајка и го немав видено цели 3 месеци бидејќи беше во болница, а јас емотивна и не можев никако да комуницирам со него во тој период бидејќи многу го сакав и едноставно незнаев да ги контролирам солзите и не сакав да правам да му биде потешко. Денес, татко ми е добар со сите освен со мене и со мајка ми. Не се сеќавам кога последен пат ме прашал нешто во врска со факултетот, не знае да искажува никакви емоции, ниту пак се замара со мое финансирање. За се е тука мајка ми. Тој е повлечен по неговата фамилија бидејќи живееме куќа до куќа и ние како да не постоиме. Ниту ми рекол убав збор, ниту ми честитал роденден, во болница лежев не дојде да ме посети и не ми се ни јави, кога го положив првиот испит радосна му кажувам тој ми вели па за тебе си учиш не за мене... Кога положив за кола исто така... Не знам зошто... Имам разговарано 2-3 пати на таа тема, секогаш завршуваше со солзи во очите од моја страна а тој си заминуваше и велеше дете се сака со душа а не со зборови. Барем да ја осетев некако таа љубов со душа. Единствено што ми годи од сета оваа ситуација е што секогаш контролата над мене беше препуштена во рацете на мајка ми. И двајцата имаат доверба во мене па уште од мала каде и да посакав ме пуштаа да одам. Ниту ми поставиле лимит кога да си дојдам од чаршија, ниту па ме казниле. Мислам дека и затоа си имам самоконтрола. А да, ќе заборавев дека најмногу ме боли што пред другите се фали со мене... како сум јас успешна на факултет, се трудам, паметна сум и ред други работи... а пред мене мртов ладен... и така...
Мојот татко е мојот идол. Не би сакала да должам. Ме сака многу бидејќи сум му единка. Поврзана сум со него исто колку и со мајками.
Мојот татко...искрено од година во година зборот татко се помалку ми значи,се помалку го употребувам. Никогаш не сум ја поседувала таа врска татко-ќерка,никогаш не сум почуствувала како е покрај себе да имаш татко,не ми е познато чуството да имаш подршка од таа личност... Па порано ќе ме побараше (од роденден до роденден) но еве оваа година,ми беше роденден,па празник но татко ми изгледа после се заборавил дека има ќерка...а ја па секогаш кога и да слушнам нешто лошо за него,се расправам зошто така викаат..хах.а немогу многу му е гајле... Не сум личност која завидува,е љубоморна..но има една ситуација,токму оваа им завидувам на девојките који имаат добар татко,што е секогаш покрај нив да ги ислуша,подржи,каже некој совет...Па уште кога ќе видам мало девојче со татка си како се игра,шетаат како и да е нешто во срцето ми се стега...и посакувам и јас да го доживеев истото.. Најлошото од се е кога гледаш дека твојот татко повеќе им обврнува внимание на своите внуци одколку на тебе,тоа лично го видов и сватив не му посакувам никому тоа чуство,чуство на празнина,разочарување... а уште полошо од тоа е што беа во право неколку личности ми кажаа дека баш ова ќе се случи,татко ми ќе ме заборави,нема да ми се јавува,нема да доаѓа да ме види.. Боли сето ова...
Вчера погледнав едно видео за осигурителна компанија од Кина, кое ме потресе до солзи: ме потсети на мојот татко и на неговата бескрајна љубов кон нас како семејство и неговата неизмерна жртва која ја прави секој ден само за да ни чури оџакот како што вика тој. Тој за мене е Working class hero, што би рекол John Lennon. Не знам како да му се заблагодарам, иако знам дека е многу горд на мене. Работам од мала, магистрирав со 10 и планирам докторат, немам гревови од кој би се срамел од мене како ќерка, не сум нанела темна флека на фамилијата, а сепак мислам дека никогаш нема да можам да му се одолжам за неговата бескрајна љубов и грижа. Те сакам тато и ти ветувам дека ќе бидам бар приближно онаков родител каков што си ти <3
Човекот кој ја издржа најголемата болка во животот, и пак остана на нозе. Човекот кој гледаше како семејството му пропаѓа, и пак работеше. Човекот кој ми покажа дека е возможно да се работи повеќе од 30 саати непрекинато, на нозе, во вода и кал и пак да се биде силен. Човекот кој никогаш не ја навредил или повредил мајка ми, кој ми покажа дека мажот треба да ја цени и сака жената, за и јас да барам сопруг кој ќе ме цени и ќе внимава на мене. Човекот кој ја изгуби работата, ама не и гордоста. Човекот кој измислуваше занаети за да донесе леб дома. Човекот кој и е поддршка на мајка ми за да може и таа да работи по 30 саати непрекинато, да преспие 4 и пак да рааботи. Човекот кој е среќен оти носи ист број чевли со син му, за да има и тој здрави чевли откако брат ми ќе ги фрли. Човекот кој е пресреќен кога јас ќе си купам облека, а не се сеќава кога тој последен пат бил во продавница за да си купи за него. Човекот кој ми покажа што е волја и ги остави цигарите засекогаш. Ми покажа како треба да се грижиш за родителите, со сопствен пример. Понекогаш се запрашувам дали вредам и дали сум заслужила да бидам ќерка на двајца толку добри луѓе? На луѓе кои и во 3 по полноќ да им се јави некој, тие му помагаат. Луѓе кои јадеа по еден ѓеврек на ден за јас да имам да уплатам рата на факултет. Луѓе кои се задолжуваа наутро 300 денари, а ги враќаа навечер, за јас да отидам да полагам испит. Луѓе кои ми даваа по 25 денари за појадок, а тие јадеа што ќе најдат низ нивата. Препоставувам дека за нив награда би било тоа што нема да им го оцрнам образот.Што сум им гордост. Невозможно е да возвратиш толкава љубов. Татко ми е човек роден за да даде се за семејството.
Најдобриот човек што може да постои.. секогаш тука за мене!!! И колку и да пишувам нема да можам да му се заблагорам за се она што го има направено за мене. Човек што и душата ќе си ја даде за својата единица само да и биде по ќејф. ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ ТАТИЧКO!!!
За татко ми има толку многу да се каже. Викаше и не учеше со брат ми како да станеме луѓе. Работевме помагавме од мали. Не сака многу, но проблемот е што неискажува пред нас. Успешна бев на факултет и учев и работев и на време завршив. Се гордееше му гледав во очите. Кога бранев дипломска на факултет менторката толку убави зборови кажа за мене што мислам дека ќе полетаа со мајка ми. Се гушнавме и му велам кажи дека сум ти гордост, и само му се насолзија очите, се гледаше пресреќен беше. Мајками и брат ми се посебно нешто за нив животов го давам, цел живот заедно се држевме, поддршка, љубов и пожртвуваност. Татко ми има мана брзо се разлутува и за глупости, многу рано ја изгуби работата а со тоа и самодовербата, многу вложил а малку му се исплатило, се разочарал. Имамме многу претрпено поради него, но кога ќе го видам уморен и прекапан на се заборавам. Сега кога се омажив премногу ми недостасуваат
Kako jas da sum go pisela..koga ke se setam deka i kuka napravija so majka mi i 3 deca iskoluvaa.Koga se zavarivme so sestra mi taa magistratura jas 1 god na fax vo razlicni gradovi bukvalno mozam da kazam deka jadea leb i sol da imaat samo pari za nas i za smetki.Cel grad znaese deka kerkite negovi se gordosta negova.Koga se razboli krieja so majka mi,no kolku moze da se skrie od taa prokleta bolest,do posledno bese pozitiven i nasmean..Za zal sekogas vo ocite mi e negoviot lik od negovite posledni meseci..lice na izmoren i iznemosten covek,molese da zavrsi za da moze da se odmori..i koga go pisam ova placam..jas bev pokraj nego,ja pobara sestra mi,nemase ni edna nedela od koga ona zamina (zivee vo stranstvo) i so majka mi se dogovrivme da ne ja vikame postojano,da ne i pravime i nejze troskovi,po 2 dena pocina i sekogas me jade griza na sovest zasto ne mu ja ispolnivme poslednata zelba..Pominaa 2 godini,ne pomina ni edna nedela da ne pojdam na negoviot grob,ni edna veselba ne moze da pomine bez da se iznaplacam zaradi toa sto mnogu mi nedostiga..Pocivaj vo mir tato zasekogas ke ostanes vo moeto srce i bolkata za zal nikogas nema da stivne,se nadevam ke se naucam da ziveam so nea
Сите најважни животни лекции ги научив од татко ми. Тој ми е мојата инспирација во животот, мојот идол и мојата потпора. Ако некогаш бидам барем пола од тоа што е, ќе знам дека сум успеала во животот.
Mojot tatko,negovta ljubov i dobrina ne se opisuva nitu pak so dela se pokazuva,od sto e tolku mn dobar dodeka ne bev mazena dur na nervi mi odese ponekogas.No sega bas ovaa vecer koga sum tolku tolku mn tazna mi nedostiga,potreben mi e negoviot razgovor i soveti,a najtesko mi e sto nemozam da razgovaram ne sakam da go natazuvam,ednostavno ne vredi.Tesko mi e nemozam so nikoj da razgovaram se gusam veke dosta mi e,a zas nemozam neznam nitu jas najverojatno da ne im go ocrnam obrazot na nekoi licnosti za koi lugeto mislat deka se mn dobri,no toa e vajda nekogas ke pocustvuvam lesnotija na dusava
Za zal imav samo 3 godini koga si zamina od ovoj svet. Imam samo edno edinstveno sekavanje i toa kako niz magla - si doagas od rabota i kako sekoj den mi nosis cokolatce ' Zivotinsko carstvo'. Ne mozese da bides del od mnogu vazni momenti vo mojot zivot, no vo dusava sekogas bese prisuten.Ako poveke ne si fizicki prisuten so mene, ne znaci deka ne te nosam sekoj den vo srcevo.