Здраво девојки, Ме немаше неделиве ама не е дека не вежбав . Во главно комбинирав вежби од Клои со брзо пешачење. Вчера, почнав други вежби со видеата на ЈаснаПилатес на инста и сега одново ме боли се
Истовремено почнав и со 2021 Flat Stomach Challenge на Клои. Еден ден вежбам од едниот challenge а друг ден од другиот Но, повеќе почнав да се фокусирам на Flat Stomach Challenge За вчера: За денес:
Денес booty day. Прво 3 минути warm up, после вежбите. Од choose избрав 12 минути играње. Не знам точно колку калории се троши, но според бројките од планот ќе си рачунам 320. Забележав дека ова видео со тежини не ми одговара. Може грешка правам некоја вежба, но 3 пати по ред откако го вежбам ме боли десната страна на грбот, под плешката. Ова не ми се случува со другото видео со тежини од Пам. После ова си го извежбав и Тању, стандард истото видео. Не знам како не ми здосади до сега, преку 10 пати го имам вежбано сигурно . И сношти го вежбав. А а а, да не заборавам и на ова видео. Демек 4 минути за slim arms, ајде ќе видиме колку ќе работи. Го направив еднаш сабајле кога станав и уште еднаш после вежбите. Така да вежбањето денес ми фати саат ипол. Вечер малку пешачење и толку ќе биде .
Денес само ова видео, требаше уште две ама не можев И официијално го завршив предизвикот, без многу внимавање на исхраната пред да го почнам бев 86.5 , 75 и 100.5 , а сега сум 86.5, 74.5 и 102.3, задоволна сум за 21 ден доста е, планирам повторно да го вежбам предизвикот само овој пат со поголема тежина
Ден 15: Омалаксана сум некако цел ден, па го избрав за ден за одмор (иако треба да ми е задутре). Еднаш направив рокада со денот за одмор и сега не можам да се усогласам 100% со календарот (иако моментално сум усогласена, го уништувам тоа денес) .
Денес ми се играше многу па си викам зошто да не пробам dance workout?! + Плие (со пулсови, на прсти наизменично) + Нога флекс горе + 1 час пешачење *Видеата на Памела се подобри за следење на движењата, а второто видео е малку потешко него ли првото. *А на MedFit е поинтересно и потешко, барем за мене.
Денес: + пешачење 7км. Ги модифицирам плановите од Памела во зависност од тоа која мускулна група ја вежбам. Сфатив дека повеќе ми одговара да ги делам вежбите на upper/lower па ден пауза П.С. @GoodGirl45 пред некој ден го направив кардиото со латино музиката Се потсетив на летните латино забави кои ми фалат премногу. Ништо не ме размрдува толку добро како таа музика, посебно ако се песните од Малума
Ден 5, пмс на најјако, го вежбав шестиот ден од Клои, го прескокнав петтиот бидејќи беше фокусиран на раце, а нив доволно ги уморив вчера. За мотивација, на позадина на мобилниот ми стои Vision Board, па кога ќе видам некако се мотивирам барем нешто да завршам. Ви препорачувам да пробате, кај мене за се' има влијание. Пишувањето тука ми доаѓа како дневник, да знам до каде сум.
Ден 17: Пешачење: 10000 чекори (6.7 km), бавно темпо *со две шишиња вода од 0.5 l Модификации: - Tricep dips со паузи - Up up down down на колена Препорака за видеа за истегнување/флексибилност?
Јас од кога го завршив предизвикот на Vicky Justiz паузирав два дена, па два дена пешачам по 10+ километри, а од понеделник ќе го почнам повторно, само ќе додадам плус вежби за tiny waist, може да препорачате некој ?
Ден 18: Пешачење: 10000 чекори (6.7 km), бавно темпо Модификации: - сите вежби што се еднострани ги правам по пола време на двете страни - Jumping lunges - половина време со одење И ова за истегнување (не ми дозволува да споделам повеќе од 5 видеа). Види од овде нешто да не ти се допадне.