Вчера (не се пријавив, а вежбав и затоа стои today на скриншотот): *Скоро "го открив каналот" и ептен ми се по мерка тренинзиве во однос на интензитет, во оваа фаза. Денес ми е ден за одмор, па затоа денот почна со: @pikabu5 оваа тема исто би ти била од корист за повеќе информации.
Вежбам кај 11, 12 часот дента, а резултатите што ми беа цел ги постигнав за 8 9 месеци, со правилна исхрана и вежби, а пред то вежбав долго време ама најчесто кардио и стомачни
Дали има некој искуство со програмите на Софија Манчева? Се мислам дали да ја земам, па дали некој знае дали е слична со онаа на Ана Стојанова бидејќи таа програма не ми одговара?
Се враќам во шема. Нема да бидам редовна пошто имам обврски колку за 3ца, ќе се потрудам да издвојам време и за вежбање, барем по 20тина минути. Си продолжувам со шемата, денес по 2 пати, не сум расположена за експериментирања.
Хелоу. Денес пот течеше, нешто од тешко, нешто од жешко. Шо убо си беше времето. Во лето ми е мачно вежбањето. А имам дворче, надвор на воздух барем, само шо имам и многу комшии од кои пола се свештени лица, па ми е непријатно. Денес: ( пет минутното три пати, другите по еднаш)
Денес планирав едно (видео од Sidney), излезе друго (Heather) : ...и кратка прошетка во природа. Спојлер Еве и еден корисен линк за нас, што немаме foam roller, а ги сакаме придобивките од техниката (или барем приближно). Пробав за првпат и ми се допадна, па може понатаму ќе пробам и ролер.
Утрово го одбрав најновото од H.R: + glute bridge skull crusher (x25), glute bridge pulse (x25), glute bridge hold, glute bridge + abductor (x25), single leg glute bridge L (x25), single leg glute bridge R (x25), frog glute bridge (×25), frog pumps (x25). Ми требаше повеќе време да ги напишам, отколку да ги направам ...
^ Е, да... малце ко зависност му доаѓа, од ендорфини, а некаде прочитав дека тие давале ефект сличен на морфин, sooo ...