Моќта на зборовите

Дискусија во 'Психологија' започната од Lux, 4 јули 2010.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Ова ми е една многу убава мисла
    Еден збор е потребен за да ти се поправи расположението, но исто и еден за да ти се уништи
    Зборовите кои ги викам магични се : извини, те сакам, благодарам,
    Човек кој знае да каже извини и благодарам е човек кој има чувства, лесно е да се каже те сакам , овој збор може магично звучи и многу копнеат да го слушнат , но не само да се каже туку треба и да се докаже.
    Како си, се ќе помине, се ќе биде подобро, тука сум покрај тебе...... овие зборови ми влеваат цврстина и сигурност.
    Има и многу негативни зборови не сакам да ги пишувам за да не ја извалкам темава и не вредат да се напишат, зборовите кои навредуваат и болат ги викам гнасни и не сакам да ги изговарам и слушам.
    Зборовите ако ги наредиме по правилниот редослед и ако знаеме да ги кажеме во вистински момент вредат.
    Кои зборови сакате да ги слушате, да ви ги кажуваат и во кои ситуации?
    Колкава мислите дека е моќта на зборовите?
    Кои зборови не сакате да ги слушате?
     
    На unlucky и Cacy им се допаѓа ова.
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    15.404
    Пол:
    Женски
    Велат: Делата вредат повеќе од зборовите. Незнам можеби навистина е така. Меѓутоа нема човек кој не сака да слушне: Те сакам_!, Ми значиш!, Ти благодарам... Се разбира не кажани ради реда и од дволични личности, туку од оние на кои навистина си им важна. Јас за жал цел живот се изнаслушав грди зборови и навреди и тоа од личност која треба да ми биде една од најголемите потпори во животот, од Татко ми. Секојдневие. Можеби затоа денес ми е посебно мило кога некој ќе ми каже нешто убаво, па најчесто и незнаев да проценам со каква намера е кажано. А кажувам и јас. На дечко ми секојдневно му повторувам колку го сакам. Не за џабе се рекло: Убавиот збор, железни порти отвора. Физичката болка колкава и да е ќе помине, ама навредата не се заборава. Можеби се простува, ама не се заборава!
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Зборовите не значат ништо,ако не се кажани искрено.Доколку зборот е во согласност со чуството,тогаш е искрено,а ако е кажано туку така,сигурно не е искрено.Нормално како и секој друг човек,дека и јас сакам да слушнам убави зборови,никој не сака негативни зборови,а негативните воопшто не треба да се спомунваат било каде и во која ситуација,па и кога човек е нервозен,лут,гневен,не треба да користи навредливи зборови,негативни.Секогаш внимавам што,како и кому зборам,сосема внимателно ги бирам зборовите,ништо не кажувам туку така,колку само да се каже.Човек и да згреши на дело некому,можеби би можело да се прости,но да згреши со збор,тогаш тоа не се заборава лесно,иако и тоа би можело да биде простено.Најважно е човек кога разговара со други да внимава што збори,без разлика за што,бидејки со тоа тој остава впечаток кај другите за тоа каква личност е,секако во согласнот со неговата права природа,односно неговата искреност,бидејки секој човек е искрен,само поради тоа што бил некогаш повреден од некого,решил да лаже,затоа и постои лагата.Болката е поголема во зборовите,отколку во делата.
     
    На Goticarka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    факт е дека постојат одредени зборови што сите сакаме да ги слушнеме во некоја одредена ситуација, меѓутоа доколку тие зборови не се вистински односно не се мислат вистински го губат секое значење, во некои ситуации дури можеме да бидеме повредени од тие зборови токму поради фактот што не биле вистински.
    постојат и оние зборови кои се лоши и вистина е дека може да се уништи нечиј живот со некои зборови.
    сметам дека е многу битно зборовите кои ги искажуваме да ги мислиме вистински. На пример: за некои е многу лесно да каже ТЕ сакам ама ако нема никакво значење или овие зборови се изговорени само за да се дојде до нешто(секс), би била многу повредена.
    никогаш не кажувам нешто само за да утешам некој бидејќи знам дека тоа што ќе го кажам не е вистина, тие зборови не се вистински, според мене е подобро да се каже нешто колку и да е болно за доброто на другиот/та.
    Е сеа и јас сакам да слушнам многу зборови од некои поедини личности но САМО доколку тоа навистина го мислат во спротивно подобро ништо да не кажуваат
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Ти верувам, Тука сум...
    Овие два (збора) ги одбрав како оние кои сакам да ги слушам најмногу.
    Имаат магична моќ...
     
    На galapce и macaaaaa им се допаѓа ова.
  6. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.081
    Ако се искрено кажани зборовите многу ми значат,но доколку се изречени ради реда несакам воопшто да ги слушам!На секого му значи тоа да добива внимание од другите,чувството дека е сакан и дека некој се грижи за него.Мене ми значат:Извини,прости ми,ми требаш,како се чувствуваш?...
     
  7. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    330
    Зборови

    Убави зборови од Видое Подгорец,се пронаоѓам во нив :)

    Ај,да измислуваме убави зборови!
    Еве вака:
    Да биде радост наместо мака.

    Се што е насилно,свирепо грубо-
    нека го носи името-љубов!

    Вистина ставаме наместо лага
    смеа и веселба наместо тага.

    Болката нека е ведрина сега,
    а сите војни да станат шега.

    Црното нека си остане боја,
    но,да не тежи во душата твоја...

    Солзите-мака в срце што носат
    нека се претворат во капки роса.
     
    На 1slavjanka, Crazywoman, marice123 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.056
    Допаѓања:
    24.977
    Зборови

    Еве ви еден убав текст од мене. Против латиница сум, ама голем е и ме мрзи да го препишам сега на кирилица :$ Прочитајте го, преубав е :!:

    Cekori smireno niz vrevata i zabrevtanosta, i seti se na mirot sto moze da se najde vo tisinata. Kolku sto e vozmozno bidi vo dobri odnosi so site luge. Zboruvaj ja svojata vistina smireno i jasno, i slusaj gi drugite duri i glupavite i neukite, bidejki i tie imaat svoja prikazna. Izbegnuvaj gi bucnite i agresivnite lugje, zatoa sto tie se tovar na duhot.
    Ako se sporeduvas sebesi so drugite mozes da stanes ogorcen ili gord, bidejki sekogas ke ima pogolemi i pomali od tebe.
    Raduvaj se so svoite dostignuvanja kako i na svoite planovi. Odrzuvaj go entuzijazmot za sopstvenata profesija kolku i da e skromna. Toa e vistinsko bogatstvo vo promenlivi vremiwa. No toa neka ne te poprecuva da gi vidis doblestite kolku sto gi ima. Mnogu lugje tezneat kon visoki ideali, i zivotot nasekade e poln so heroizam.

    BIDI TOA STO SI- BIDI SVOJ.

    Osobeno nemoj da glumis ljubov, nitu pak da bides cinicen kon ljubovta, bidejki i pokraj svojata ogorcenost i razocaruvanjata, taa e vecna kako i trevata.
    Spokojno primi go iskustvoto na golemite, skladno napustajki gi rabotite od mladosta. Neguvaj ja duhovnata sila za da te stiti od neocekuvani nesreki, no nemoj sebe da se zalostis so izmislici.
    Mnogu stravovi se javuvaat poradi zamor i osamenost. Osven odrzuvanjeto na zdrava disciplina bidi blag kon sebesi.
    Ti si dete na Univerzumot, nisto pomalku od drvjata i zvezdite. Imas pravo da bides tuka. Bez ogled dali ti e toa jasno ili ne, nema somnevanje deka Univerzumot se razviva onaka kako sto bi trebalo. Znaci bidi so gospod, kako i da go zamisluvas. I bez ogled kakva i da ti e rabotata, i kakvi ti se aspraciite vo bucnoto previranje na zivotot, zadrzi go mirot vo dusata. I pokraj ovaa necistotija i sruseni sonista, ova e sepak prekrasen svet sozdaden od tvoritelot za tebe.

    BIDI VNIMATELEN I TEZNEJ DA BIDES SREKJEN...
     
    На Deemy и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  9. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.207
    Зборови

    Мене ми е убаво кога се грижат за мене...
    Кога ми велат дека сум најдобра! :$ (ова звучеше како Федерер)
    Кога некој што ми значи,а ми згрешил ќе ми рече “прости ми!“
    И уште многу би сакала да пишувам сега, но треба да учам. Ветувам- ќе напишам!
     
  10. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    531
    Зборови

    Ми значат зборовите: Те сакам, Не се нервирај, Ќе помине... Но сум голем ситничар и една насмевка мојт да ме расположит и еден погрешен збор како Не Можам да ме разтажит до тој степен што можам и да заплачам... Многу повеќе би ми значело некој да ми покаже колку му значам со дело отколку со збор, затоа што секој може да зборува, да кажува, но не и да докажува! :)
     
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    Зборови

    Извини...Прости ми..Благодарам...Не се откажувам...Ми требаш...Ти си ми се...итн.
    Кога ќе ги слушнам, а се кажани искрено од срце ми ја исполнуваат душата со милост и позитивна енергија.
     
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    Зборови

    Имаше некој напишано дека било какви да се зборовите , треба да се кажат искрено , и дури тогаш добиваат значење. Инаку збор е само збор.
    Мислам дека ~Извини~Прости ми~Згрешив~ се најтешки за кажување, а тука е ~простено ти е~ како фидбек. Најтешко е човек да признае дека не е во право, дека погрешил и после тоа да побара да му биоде простено.
     
  13. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.610
    Зборови

    Зборовите имаат чудесна моќ да направат да се чувствуваш подобро,секако ако се искрено кажани.Морам да демантирам една изјава дека зборовите од типот извини,те сакам и слично биле тешки да ги кажиш.Напротив,лесно е да кажиш туку тешко е да ги исполниш.Тешко е да ги кажиш искрено,да ти извираат длабоко од срцето...
    Побитни се делата отколку зборовите.Некој може да изрецитира убава песна,прекрасни зборови кои ќе го смекнат срцето.Поважно е дали после некое време тоа што ќе го каже ќе дојде на дело,ќе се исполни вистински.Благодарам,фала-дали тоа се зборови кои искрено ги кажуваме или сепак се од навика? Извини нема да се повтори...
    Зборови кои сакам да ги слушам и кои ме смируваат се: Те сакам,ти верувам,тука сум за тебе...
     
  14. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    253
    Зборови

    Не за џабе викаат - Убавиот збор железни врати отвара.
     
  15. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Лелееее
    значи оригиналното видео, (не е ова) е всушност победничкото видео за "најкраток филм" во 2010та или незнам што.. и беше истата содржина на видеово али многу многу подобро..многу...
    ова е некоја копија направено, и се изнервирав кога видов копија..
    можи ке речете нема везе..али дека ја го знам другото..и сеа ова ми е тапа :)
     
  16. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.377
    Зборови и нивната моќ

    "Тука сум ако ти треба нешто".
    "Штом ке ти биде подобро, јави ми се, да зборуваме".
    "Фала, го ценам тоа."
    "Извини, не сакав... "
    А кога ми е тешко, секогаш сакам да сум сама и не сакам ништо никој да ми зборува.
    Сепак не обрнувам внимание на тоа кој колку и кога ми ги кажува овие зборови, туку ми даваат поддршка и сила за понатаму, и убаво е да се знае дека некој те цени и се грижи за тебе :) . Па затоа, повеке внимание обрнувам на тоа колку јас самата ги користам. :)
     
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.532
    Зборови и нивната моќ

    Зборовите имаат огромна моќ т.е. тие се главниот движечки погон на нашите животи-турбо дизел инџекшн :lol: ,тие го одредуваат нашето интеракциско делување со другите луѓе.
    Зборовите покрај искреност и добра осмисленост,треба да имаа и таканаречена тежина т.е.облигациска настроеност она што ќе го кажам треба да се обврзам да го исполнам ако е дадено ветување,да е поткрепено со рационални факти ако е критика или пофалба,а не само евтин сетилен занес и да не набројувам до недоглед,мислам дека ја доловив поентата.Тежината на зборот е правопропорционална со тежината на човекот(не мислам на килограмите) ;) .
    Зборовите се како свежо испрани алишта на жицата на фантазијата,тие се ткивото на визуелизацијата можам да зборувам и зборувам и пак да не искажам се‘ што би сакала за зборовите.
    За мене зборовите се и голем афродизијак во врска,сакам интелектуално стимулативна конверзација како еден од приоритетите.
    Меѓутоа,да си признаам ја сакам и тишината понекогаш,барем во оние неколку секунди пред да ја пополнат инвазивно зборовите на мислите.Значи нема спас од зборовите и ретки се миговите кога останувам без зборови,дали во позитивна или негативна конотација,но потоа имам пак многу зборови за повторно оживување на доживеаното, :) .
     
  18. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    491
    Зборови и нивната моќ

    Тукуштоо ги слушнаааав најубавитее зборови од личноста која ми значиии многууууу :inlove: се расплакав од среќааааааа........останааа уштее 4 недели за да бидеме заедноооооо :inlove:
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    3.710
    Допаѓања:
    14.335
    Пол:
    Женски
    Зборови и нивната моќ

    За мене зборовите немаат некоја посебна моќ. Сакам кога некој ќе ми покаже што чувствува преку дело. Кога сум тажна сакам кога тој што ми значи ми зборува преку тишината, кога неговиот поглед ме допира во срцето и знам што мисли без да ми каже. Доволна е една воздишка, бакнеж. прегратка....
    Секоја ситуација носи различни реакции, така е и со зборовите. Сакам моќен збор кој ќе ме поддржи во вистинска ситуација, збор кој ќе ме направи да се чувствувам вредно и пред другите кои не ја знаат нашата комуникација со поглед :$
    Погледот ми вреди повеќе од збор, бидејќи погледот е искрен, за зборот не можам да бидам сигурна.

    Ми вреди зборот на хартија, кој би бил наменет за мене а невешто криен од моите очи, па кога би го пронашла да се возбудам повеќе од било кој љубовен роман.

    Некако нејасно се изразив но се надевам дека останав јасна. ;)
     
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    68.211
    Пол:
    Женски
    Зборови и нивната моќ

    Од изборот на зборови на еден човек, со кои тој ја опишува својата емоција, својата размисла.. се откриваат многу работи за неговата личност. И немам предвид единствено и само неговиот IQ и начитаност, а говорам за неговиот карактер, како емоционално живо суштество, со конкретни намери и цели, независно дали во моментот или во животот како целина. Јас сум од луѓето кои уживаат да слушаат. Не дека јас не говорам или дека говорам помалку од другите, но и кога некого запознавам, кого некој ми е мил и драг, претпочитам да му ги чујам зборовите, да го измерам сосе чевлите и облеката, бидејќи и така единствено можам да го засакам човека и да посакам и јас слободно да се восползувам од својата магија од зборови пред него. Никогаш не користам излишни зборови. Секогаш сум конкретна и прецизна, иако за некои, моите зборови се чинат прилично болни, навредливи, пецкави, подмолни, цинични. Таквите зборови се само дел од мојот карактер и се наменети за строго ограничен број на персони, кој што број, впрочем јас милувам да оди во негатива, далеку повеќе одошто сакам тој да наголемува, бидејќи секако ме радува повеќе минглинг-от со пријатни личности, отколку напразното трошење на моето и времето на другите, без да си имаме милозвучни зборчиња за прерасказ. Ваквите ситуации всушност, резолтираат токму поради чудните обиди за мајтапење, манипулација и замајување со шупливи, непромислени, празни зборчиња, фрази, кои многу значат, но не и кога се изговорени од устите на личности, за кои, моиве уши процениле дека им недостига нешто за оној перфектен равновес при нивното вагање „збор:човек“.
    Но, колку што сум и директна, толку често избирам и да бидам индиректна со личности кои сметам дека не би ја издржале вистината на моите збирови. Иако и овие зборови имаат тежина, бидејќи треба да го утешат човека, сепак тие се прилично добро измерени, умерени, дипломатски изречени, само и само за мир у куќа :).
    Кога се емоциите во прашање, кажаното од мене е кажано бидејќи постои во мојата глава, како такво и ниту сантиметар не се изместило и нема да се измести. Премерено е и пресечено е, дека е тоа константа, пак крајно време е дојдено да тие зборови видат бел ден. Ги сакам зборовите, сакам да ги мерам, премерувам, сечам и делам. Сакам да си играм со нив, кога пред мене се личности кои ми дозволуваат да си поиграм :), сакам да ги слушам, макар ме пецнале и поттикнале да пламнам со речник од 300 на саат изречени бисери од зборови.
    И за крај: true words aren't beautiful, beautiful words aren't true.., само вистинска штета е што ваквите убави зборови некако најлесно се изговараат (од некои). Но, за таквите, секој пат кога дури и ќе почувствувам дека сум на работ да поверувам во нивната магија и да се самозаблудам непотребно, си ја пуштам во главата следнава песна :)

    http://www.youtube.com/watch?v=ZaGNAL_u-SU