Зборови и нивната моќ Зборовите имаат значење и моќ само ако се кажани искрено, од срце. Кажаниот збор не се враќа и затоа не треба да се избрзува. Сум имала неколку лоши искуства со ова, само затоа што не сум размислила пред да кажам нешто. Болката предизвикана од кажаниот збор може да биде поголема од било која физичка болка. Од друга страна, сите знаеме колку годи кога ќе слушнеш убави зборови од саканата личност, од некој кој ни значи многу... Еден убав збор може да ми го разубави цел ден, да ме наполни со позитивна енергија и да донесе насмевка на моето лице, но само ако е кажан од срце. Зборовите треба да бидат искрени и да ги отсликуваат нашите емоции, иако некои се многу тешки за кажување. Зборовите не значат ништо ако не се искрени. Некогаш е доволен само поглед, гест, израз на лицето, а не збор.
Зборови и нивната моќ Јазикот коски нема ,но коски крши.Јас верувам во моќта на зборовите.Многу пати сум згрешила но секојпат сум се покајувала и сум знаела да кажам извини.Многу ме нервираат луѓе кои тоа не го прават.На пирмер денсека се скарав со моите бфф поточно се започна со едно девојче и и велам дека и се лутам и дека додека нема да ми се извнини не и простувам бидејки вцера се испонаша многу гужано а таа пак си ја крева цената еднаш и згрешив и тоа не намерно и одма и пишав порака и на школо ја молев да ми прости бидејки стварно беше лошто од моја страна а сегаа таа па и се правта и на фб напишала статус - Ништо не е погрешно ако тоа те прави среќен - и тоа ме направи многу тажна и со нај голема причина дека денес ке го славам роденденот
Нема да го коментирам видеото, гледам другите веќе доволно кажале, плус мене и не ми го отвара. Ќе се осврнам на прашањето Дали често ги бирате соодветните зборови кои баш допираат до срцата на другите или гледате само да кажете нешто,без да размислите дали баш тоа ќе допре до соговорникот ? Секогаш, ама баш секогаш тоа што сум го кажала има умисла позади себе. Размислени се опциите на тоа што може да ми вратат и што ќе кажам во тој момент повратно. Кога сакам да сум злобна и остра напаѓам со зборови, и ми иде добро во играта со нив.
Кога се расправам со некого ако веќе ми нагазил на живците кажувам се што ќе ми текне.Инаку кога разговарам за било каква тема бирам зборови кои ќе допрат до срцето.Затоа обожавам да читам книги да имам добар фонт на зборови.
Убавиот збор железни порти отвара.Секој од нас е убаво да има што поголем фонт на зборови,да има ораторски вештини,и да прави добра проценка кога што треба да рече,а понекогаш и да преќути.
Зборови и нивната моќ Лошиот збор боли многу повеќе од шлаканица! Моќта на зборовите е преголема. Со само еден изговорен лош збор, или пак негова конотација, мене денот ми е официјално уништен. Премногу работите (зборовите) ги сфаќам при душа, така да.. Тука се' е веќе јасно. Несакам да слушам лоши зборови, ми смета.
Зборови и нивната моќ Не обрнувам толку внимание на зборовите, многу повеќе ми значат делата! Посебно во денешно време кога се повеќе и повеќе сме опкружени со дволични, негативни, лицемерни и користољубиви луѓе. Можеби ќе ви е чидно, ама мене зборот ИЗВИНИ ништо не ми значи. Го прифаќам тој збор само кога ќе се удрам со некого на улица, кога случајно ќе ме згазне или во такви слични ситуации. А ако некој мене ме скрши со некој збор или дело, што ми вреди извинувањето после тоа. Зарем еден збор се ќе поправи?! Затоа мислам дека е подобро кога некој нешто сака да направи или да каже, двапати да размисли за тоа, да изброи до 10 прво...и исто така и јас се трудам да го правам истото. Многу ги ценам луѓето кои знаат да кажат БЛАГОДАРАМ. Или па ЌЕ ВЕ ЗАМОЛАМ... Пример се возам во автобус и некој да ме замоли да му ги дадам парите на шоферот. Па и немора да е замолување, може да биде ЌЕ САКАТЕ ЛИ... А ако некоја си таму непозната личност ми каже ДАЈ МУ ГИ...мене повеќе ќе ми личи на наредба! Мислам дека е културно вака... Единствено нешто што често сакам да го слушам и покрај сите докажувања е ТЕ САКАМ!!! Убаво ми е кога го слушам тоа, и немора да е дечко ми, може и од мајка ми, од сестра ми. Јас сум таква личност, често им го кажувам тоа, или едноставно дојдам до нив и ги гушнам... А кога веќе морам да слушам зборови, тогаш и лоши да се- сакам да се искрени. Вистината можеби боли, ама па лагата го убива човекот!
Зборови и нивната моќ Немам некој определени зборови кои можат да ме расположат или нерасположат. Тоа најчесто зависи од особата и самиот нејзин пристап кон мене, и како тие неколку збора ќе бидат споени. Имам многу особи кои само со нивната појава и погледот можат да ми го потикнат расположението. Во секој случај еден збор многу вреди и те крева во облаци, но исто така еден збор може да те тресне силно од земја.
Зборови и нивната моќ Кога сум тажна или нервозна, убаво ми е да чујам некој утешителен муабет, неколку зборови кои ќе ме смират и просветлат. Ми значат. Нека бидат реални - така ми е подобро да увидам што треба наредно да превземам за одредена ситуација. Исто така ми значи да биде со мене и да ме ислуша. Најчесто тоа е цимерката или пак мама и сестра ми. Кога гласно размислувам и самата си доаѓам до некои заклучоци и така ми е полесно. Некои зборови ме промениле на уште подобро. Како да ме освестиле. Затоа се трудам и јас некому да му помогнам барем со зборови. Онаму каде што можам и ми е место - зборувам. Фала/благодарам, те молам, извини - се зборови кои ги употребувам бидејќи така навистина наложува ситуацијата (плус и јас подобро се чувствувам така). Па така, и јас сакам да ги чујам овие зборови. На ваков начин се обликува и културата и свесноста кај еден поединец. Не сакам да слушам пцофки, банални трачеви, исмејувања..
Зборови и нивната моќ Не сакам да слушам песимистични зборови и не сакам да слушам навреди. Интересно е колку еден збор може да влијае на човекот. Сакам зборови што обележуваат, што влеваат надеж и даваат утеха. Сакам и искрени зборови што враќаат од занес и заблуди. Често знам да западнам во еден вид на депресија... периоди кога имам многу ниско мислење самата за себеси и во тие моменти ми се потребни зборови кои ќе ми го покажат спротивното. Можеби има врска и тоа што сум дупла вага, општо познато е дека сакаме комплименти ама да, потребни ми се тие зборови. А најголем впечаток ми остава кога некој ќе ми каже дека сум му оставила убав впечаток со тоа каква личност сум .
Зборови и нивната моќ Секој од нас сака да слушне по некоја пофалба и убав збор.Но сето тоа треба да биде искјено и од срце за да не изгледа вештачки.Да зборовите имаат преголема моќ.Можат да променат многу нешта..
Зборови и нивната моќ Секој збор има значење ако е кажан искрено, од срце. Зборови кои сакам да ги слушам се: Прости ми, Ти верувам, Те љубам.. Моќта на овие зборови е огромна. И како велат убавиот збор железни врати отвара.
Зборови и нивната моќ Еве многу убаво видео за моќта на зборовите. препорачувам да го погледнете http://www.youtube.com/watch?v=Hzgzim5m ... r_embedded
Зборови и нивната моќ сите саакт зборови со кои некој ке им пренесе дека им знациме несто..но зборовите ако не се вистински тие со тек на време исцезнуват...исцезнуват со тоа сто иако тие го казуват тоа(те сакам..ми требас..немозам без тебе итн....)веке се цуствува тоа цуство дека е само казан збор а не и цуство ипотреба... за зал...тоа го има цесто... и навистина е потреба таа лјубов која на секоја лицнос ти фали... затоа не бегајте од лјубовта од васите блиски и сакани,,еден ден мозе да ја немате... mene mi fali seto toa...
Зборови и нивната моќ Сакам да слушнам некој убав збор а и не верувам дека има некој кој не сака,меѓутоа моќта на зборовите не ја многу применувам поради тоа што повеќе верувам на дела она што ќе се докаже веќе не може да се излаже,а зборовите многу често лажат,така да и не верувам во нивна моќност.А зборови кои ќе ги издвојам од сите други кои секогаш кога ќе ги слушма, и давам посебно значење се ТИ ВЕРУВАМ.
Зборови и нивната моќ Сметам дека, бар во денешно врме е така, моќта на зборовите се злоупотребува во негативна смисла.Ако порано човечки било некому да му кажеш добар збор, сега си човек ако го уништиш со погрден.Его, его.. мора некој да си крева акции додека невидливата публика дава громогласни аплаузи.Луѓето се чудна работа, а зборовите уште почудна.Знаат во ист момент и да ти влеат таква самодоверба што мислиш светот ќе го покориш , но и да те уништат толку многу што посакуваш да заспиеш во фетална положба и никогаш да не се разбудиш.