Зборови и нивната моќ Мене зборчиња кои сакам да ги слушам ми се сите оние нели мили зборчиња : срце, љубов , и сл , но само кажани од некој драг .. И да не му биде тоа онака навика да го кажува како обичен збор на секого , само за мене да бидат наменети секогаш . Сакам кога некој додека ми зборува ми се обраќа со име, некако целиот муабет ми добива повеќе значење Кога некој ќе ми рече дека сум во право исто се осеќам убаво , кога некој ќе ми каже дека ме разбира и дека и тој е ист во нешто ко мене . Не сакам да го слушам зборот -прости ми , бидејки се осеќам принудено да речам дека сум простила. Ако некој веќе ми згрешил доволно е да ми се извини, па јас или ќе простам или не... Како ќе ми каже срцето, тоа што рекол да му простам не ми влијае никако, така да ми е некако без значење. Приметив дека иако не сакав кога стално некој на сите им вика срце ( зборам за пријателски однос) сепак некако тој збор кажан од било кој како да ме омекнува
Моќта на зборовите. Две мали кенгурчиња си играле во шумата и паднале во многу длабока дупка. Се обиделе да скокнат за да излезат од неа, но не можеле да скокнат доволно високо. Во меѓувреме, поголема група кенгури почнале да се собираат околу дупката. Барале начин, кога еден од насобраните им довикнал на двете кенгурчиња дека е невозможно да излезат. Едниот ги слушнал овие зборови и после извесно време се откажал и заспал, додека другиот продолжил да скока и да се обидува уште повеќе. Најпосле, успеал да скокне надвор од дупката. Насобраните биле шокирани и го запрашале: „Кога ти кажавме толку многу пати дека е невозможно да излезеш, која беше причината што пробуваше уште поупорно?“ Кенгурот бил шокиран бидејќи бил делумно наглув. Тој им одговорил: „Гледајќи ве сите вас овде собрани како седите и навивате, ми даде сила да успеам во мојата мисија“.
Многу големо значење имаат зборовите,а осоебно кога некој кога ќе ти каже нешто лошо.Ако те навредат никогаш нема да го заборавиш тоа,ама ако те удрат ќе заборавиш.Затоа што кажаните зборови никогаш не се враќаат и можат да не повредат засекогаш,а шамарот моментално ќе те боли па ќе ти помине...
Искомлесирани,завидливи,љубоморни и прости луѓе секогаш се служат со лоши и погрдни зборови тоа за нив е моќ мислат дека ако некој го навредат направиле толку голем чин тадури се восхитуваат на себе си,не само што неможат да сфатат колку повредиле некого туку тоа е степенот на нивната интелегенција Додека убав збор може да подарат лица кои се внимателни културни умешни со зборовите макар би рекла важни се и делата значи покрај убавиот збор за да се покаже дека е искрен мора да се покаже на дело тогаш може да се каже дека упатениот збор има моќно значење за личноста на која и бил наменет
Моќта на зборовите е најголема моќ со која сум се сретнала очи во очи! :geek: Затоа што и лошите и добрите зборови сеуште ми се врежани в срце.
Eve edna misla koja sekogas si ja povtoruvam vo sebe koga nekoj ke me povredi Licnosta sto ve povredila, ako e poslaba od vas poshtedete ja, a ako e pojaka od vas poshtedete se! [mod-kirilica:3uzv44jf][/mod-kirilica:3uzv44jf]
За мене најголема моќ имаат ~Жалам,извини ~Те молам прости ми ~Ти благодарам ~Те сакам Едноставни а големи. Тие ми се мантра,и секогаш се присутни во мене.
како што гласи една мисла "убавите зборови железни врати отвараат" некои се толку едноставни а можат многу да кажат кога ќе се изговорат
За мене зборовите имаат големо значење и голема моќ. Кои зборови сакате да ги слушате, да ви ги кажуваат и во кои ситуации? Најмногу сакам да ги слушнам зборовите те сакам,извини,благодарам,тука сум,ти верувам. Зборовите те сакам,ти верувам и тука сум сакам да ги слушнам од личности кои навистина мислат така.Зборот извини сакам да го слушнам од некој што погрешил и навистина треба да се извини.А кога некој ке ми се заблагодари,го почитувам тоа и исто така сакам да го слушнам,ама ако барам јас за да ми се заблагодари кога на некому ке му направам нешто добро значи и не сум направила нешто добро. Кои зборови не сакате да ги слушате? Нормално несакам да слушнам навредувачки зборови.Сакам луѓето да бидат искрени спрема мене и го почитувам тоа,ама да не употребуваат грди зборови.
Статијава се погоди таман за во темава, па ја копирав. Мали зборови со големо значење Зборовите понекогаш имаат поголема тежина одошто сме свесни. Тие влијаат на нашите мисли, чувства, дела и на општата состојба на умот. Дури и малите зборови имаат големо значење. Можеби сакате да се покажете на интервјуто за вашата работа од соништата, да го зацврстите вашето пријателство, да си ја спасите врската или бракот или, пак, да ги мотивирате вработените што се хиерархиски под вас. Во секој случај, зборовите можат да направат разлика. Тие имаат моќ да не повредат или да не „излечат“, да не инспирираат или да не обесхрабрат, да ни помогнат или да не уназадат. Еве 18 примери на мали зборови со големо значење, во позитивна смисла: 1. Ти благодарам Секој сака да биде ценет, па два збора кои ќе покажат благодарност, можат да направат нечие срце да запее од среќа. „Ти благодарам“, „те ценам“, „благодарен/на сум ти“… се вистинска храна за душата. 2. Ти простувам Сите знаеме да оплескаме понекогаш. За жал, може да ги повредиме пријателите, колегите, семејството. Помогнете му на оној што згрешил да се ослободи од чувството на вина. Ова ќе го залечи неговото срце, но и вашето. 3. Те сакам Со оваа изјава, ниедна друга не може да се рамни. Овие зборови се чист израз на најприродниот подарок кој човекот може да го даде – љубовта. Единствената работа која може да ги победи овие зборови е самиот акт на покажување љубов. 4. Згрешив Со еден збор можете да добиете прошка, во духот на несебичното, храбро признание за направената грешка. Кога сме повредени, знаеме дека минатото не може да се промени, но ако некој знае дека ни нанел болка и свесно го признае тоа, постојат големи шанси за подобрување на иднината. 5. Прекрасен/прекрасна си Понекогаш се чувствуваме грди, однадвор или однатре. Но, во вакви ситуации, убаво е ако некој сè уште мисли дека сме убави. 6. Во ред е Кога сме загрижени, повредени, нервозни или исплашени, овие зборови не уверуваат дека нема потреба да се чувствуваме така. Ова навистина може да смирува. Веројатно можете да се сетите на ситуации во кои рамето на вашиот пријател или пријателка било фина потпора за вашите проблеми, додека истовремено сте слушале утешителни зборови дека се ќе биде во ред. Знаете колку е добро ова чувство. 7. Те разбирам Во човековата природа е да сочувствуваме со другите, па затоа многу е фрустрирачки кога некој не не разбира или уште полошо, погрешно ни ги толкува зборовите. Во моменти кога се чувствуваме осамено, осудено или изолирано, многу значи разбирањето од страна на некој наш пријател. Не мора другите да се сложуваат со нас, едноставно имаме потреба да чуеме дека не разбираат. 8. Можеш да се чувствуваш сигурно Кога сме осетливи и исплашени, зборовите имаат моќ да ни го вратат чувството на сигурност и заштита што ни е потребно. Стравот може да го „заболи“ умот, но зборовите кои укажуваат на сигурност, делуваат како антибиотик. 9. Ти се восхитувам Убаво е да знаете дека некој се огледува во вас, има високо мислење за вас или се стреми да ги следи вашите стапки. Зборовите кои искажуваат воодушевување не мотивираат, ни даваат сила и не потсетуваат дека на овој свет, сепак, правиме некакво влијание. 10. Те поддржувам Кога треба да донесеме некоја тешка одлука, која може да е добра или лоша, многу ни значи да чуеме од некој дека е на наша страна и не поддржува во секој случај. Зборовите како: „тука сум за тебе“ не охрабруваат да се движиме напред со помалку страв дека ќе бидеме осудувани. 11. Можеш да го направиш тоа Во моментот кога се размислувате да се откажете или за нешто се двоумите, неколку охрабрувачки зборови можат да направат огромна разлика. Има некаков силен ефект во тоа кога знаеме дека некој друг има верба во нас и на тој начин тоа ја оживува вербата која ние треба да ја имаме во себе. 12. Ти си вистинскиот/вистинската Овие зборови имаат едноставно значење. Значат: „те избирам тебе“, „ти си тој/таа“, „ти си посебен/посебна“. Со малку зборови можете некому да му кажете колку е тој/таа посебен/посебна. 13. Ова е само за тебе Повеќето денови во животот ги посветуваме на повеќе луѓе. Од друга страна, има и денови како нашите родендени, годишнини и свадби кои се нашите посебни денови. Добро е ако имате пријатели кои ќе ви дозволат и покажат дека посебните денови се 100% само за вас. 14. Тука сум за тебе Ако некогаш ви требало утеха од пријател, знаете колку значат овие зборови. Не потсетуваат дека не сме сами, дека има некој што може да ни помогне додека сме повредени, изгубени и се бориме со животот. Дури и најцврстите луѓе кои делуваат како да им е животот постојано под контрола, имаат потреба од луѓе на кои понекогаш би можеле да се потпрат. 15. Одлична работа …во комбинација со „Честито!“ Некои признаваат, други не, но на сите им значи да чујат признание за својот вложен труд. Пофалните зборови и признанието за добро завршената работа не инспирираат да правиме повеќе, да се трудиме повеќе и да се чувствуваме горди. 16. Ми недостигаш Не можеме да бидеме присутни 24 часа на ден за луѓето кои ги сакаме. Но, сепак, многу значи доколку знаеме дека некому му недостигаме кога не сме таму. Ова всушност е начин на кратко да се каже „сакам да бидам во твое присуство и едвај чекам да се видиме и да поминеме некое време заедно“. 17. Ти си битен/битна Сите сакаме да се чувствуваме дека сме му битни на некој. Да чуете дека некој ве цени, особено кога се чувствувате бескорисно и неважно, е специјално чувство. 18. Извини Кога срцето е болно, искреното извинување веќе ја поставува основата за простување и лечење. Со зборовите: „жал ми е“, „ќе ми простиш ли“„, ти се извинувам“, покажуваме дека сме свесни за направената штета и дека имаме желба да ја намалиме болката. Ви се допаднаа овие мали зборови со големо значење? Во текот на денов внимавајте кои зборови ќе ги употребите и обидете се да кажувате повеќе зборови кои сакате и самите да ги чуете назад. И најпосле, многу пати очекуваме дека луѓето треба да знаат што сме мислеле и како сме се чувствувале. Но, тоа не е така. Не претпоставувајте. Кажете го она што го мислите. Извор: http://www.kafepauza.mk/zivot/mali-zbor ... znachenje/
Најубаво ми е кога ке ми речат: Те сакам таква каква што си, Ја ценам твојата искреност (кога сум кажала кај некоја личност што ми смета) или кога мм ми ке ми рече НЕЗНАМ КОЕ ДОБРО СУМ ГО НАПРАВИЛ ВО ЖИВОТОТ ЗА ДА ТЕ ДОБИЈАМ ТЕБЕ
. .Моќта на зборовите.. Две мали кенгурчиња си играле во шумата и паднале во многу длабока дупка. Се обиделе да скокнат за да излезат од неа, но не можеле да скокнат доволно високо. Во меѓувреме, поголема група кенгури почнале да се собираат околу дупката. Барале начин, кога еден од насобраните им довикнал на двете кенгурчиња дека е невозможно да излезат. Едниот ги слушнал овие зборови и после извесно време се откажал и заспал, додека другиот продолжил да скока и да се обидува уште повеќе. Најпосле, успеал да скокне надвор од дупката. Насобраните биле шокирани и го запрашале: „Кога ти кажавме толку многу пати дека е невозможно да излезеш, која беше причината што пробуваше уште поупорно?“ Кенгурот бил шокиран бидејќи бил делумно наглув. Тој им одговорил: „Гледајќи ве сите вас овде собрани како седите и навивате, ми даде сила да успеам во мојата мисија“. .. ..алегорично е..ама сепак пораката можи да се свати.... :geek: ..
Ако нешто навистина е моќно, тоа се зборовите... Еден збор има толку голема моќ што може да го разубави цел ден, месец или долг период, но еден збор може да има и уште поголема моќ така што ќе ви го упропасти целиот живот....
"Ако земеш една чинија и ја скршиш, дали откако ќе и се извиниш таа ќе биде исто како и пред да се скрши ??"-значи некој ако ти каже лош збор со кој ќе те повреди толку многу,веќе ништо нема да биде исто,постојат и зборови кој можат да ти го разубават животот )
Моќноста на зборовите...огромна е. На пример, ако сакаш некого да утепаш-направи го тоа кажувајќи му два-три збора, и мртов е.
Живееме во свет во кој е се потешко да кажеш некому,извини,те сакам, ти благодарам....додека постојат многу моќни зборови со кои некој ќе те повреди без око да му трепне,ете тоа е разликата
Моќта на зборовите е огромна. За миг можат да Ве издигнат на пиедестал, но во истиот момент и да Ве треснат од земја. Кога се бориш со некого, бори се со зборови.