Моќта на зборовите

Дискусија во 'Психологија' започната од Lux, 4 јули 2010.

  1. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
  2. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Голема е моќта на зборовите.Само еден единствен збор може да го смени мислењето за некого или тоа може да биде и менување на самиот живот.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.649
    Допаѓања:
    31.393
    Пол:
    Женски
    Моќта на зборовите има големо значење во секој период од нашиот живот и на секој план.
    Како и да ни започнал денот доволно е да слушнеме еден збор кој ќе ни ги промени мислите и чувствата за некој или за нешто.За жал,убавите и помалку убавите зборови се дел од животот без оглед што не сме секогаш подготвени да ги слушнеме,но треба да научиме да се носиме со нив.Животот е составен од различни моменти кои ги примаме и доживуваме преку зборовите.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    19.262
    Допаѓања:
    122.587
    Пол:
    Женски
    Моќта на зборовите мислам дека имаат големо влијание врз човековиот живот. Од една страна е тоа што очекуваме да ни го кажат, а од друга страна е тоа што не сме го очекувале. Ние самите треба да сме свесни за нивното значење,нивната моќ и не би требало да се земе тоа при срце. Колку полесно се изградиш врз нив, толку подобро. Само ќе ги одминуваш и нема да те погодува.
     
  5. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    223
    Убав збоρ железна вρата отвоρа. Убав збоρ, планина ρуши...се ρед таκви поучни мисли κои индиρеκтно ни κажуваат κаκва моќ имаат убавите збоρови! Да! Убавите збоρови се тие што имаат најголема моќ маκаρ и да ги употρебите за неκому да му го "спуштите". Наместо да изнајдувате 1000 неубави збоρови за да се одбρаните или доκажете неκому, доволни се само два убави збоρови. Тогаш најубаво ќе ја почувствувате моќта на збоρовите!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vrapce.b

    vrapce.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Сите велиме дека сакаме да бидат искрени луѓето со нас, а кога ќе ни ја кажат вистината, тоа боли. Е боли. Сите сакаме да слушнеме убав збор од некој што го сакаме, но тој збор или таа мисла треба да бидaт кажани од срце. Знаеме некои луѓе кажуваат зборови кои не ги чувствуваат, со цел да добијат нешто. Ние им веруваме и после нашите чувства се повредени. ’’И да го имам цел свет, џабе ми е ако те немам тебе.’’ Е баш ова сакам да го слушнам сега. :D Не сакам навреди. Кој сака да ми ја каже вистината, нека ми ја каже, нека ме боли, само да не ме навредува. Еј, никој не е совршен, па за да користиме навреди.
     
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.518
    Повеќе ми значат делата од зборовите, но има зборови кои може да ме повредат или подигнат. Имам колега кој секогаш успева да ме подигне кога сум доле. Секогаш знае да каже „ќе биде подобро’’ и да ми даде пример.
    Многу многу го почитувам.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikitta

    kikitta Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    зборовите???? хммм... имаат големо влијание врз мене.... длабоко размислувам после разговор со некој кој ми кажал нешто за да ми помогне или да ме охрабри за нешто.. кога ќе ми каже животот продолжува понатаму.. продолжи не враќај се назад. не погледнувај кон тоа што поминало, се се случува со причина... можеби чудно но во мисла ме оставаат многу да ги речам цитати од филмови, ме оставаат да се замислам за многу работи околу мене, за многу личности и делата од нивна страна, но сепак, ГОЛЕМО значење и голема моќ.
     
  9. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Зборовите можат да повредат и тоа премногу, болат повеќе и од физичка болка.
    Изусти го, назад не се враќа. А, тешко е да се поправи.

    Зборовите можат да ти го растреперат срцето, да ти ги навлажнат очите, да ти ја исполнат душата со милина, можат да предизвикат морници, страв, паника, но исто така предизвикувааат и радост, среќа, исполнетост, мотивација.
     
    На SwanMay и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    9.263
    Допаѓања:
    119.698
    Влијанието на зборовите не е само во содржината на кажаното и онаа добро позната - збор повеќе боли од шамар, туку и воопшто врз целокупното живеење. Навистина не е важно што ќе ви кажат, туку што вие ќе разберете и при тоа не подразбира логика во разбирањето.
    И при тоа не е само зборови кои ги упатуваме на другите, туку и на себе си.
    Сосема друга морфологија се зборовите во психологијата.
    Секптично се гледа, ама чуда се прават. Е тешка вештина која бара вежбање за да се постигне виртуозност.
    Полесно ви е потоа и да зборувате со другите, особено во професионална смисла, знаете што има во позадина секогаш, па потоа ви станува многу интересно да муабетите,а се обидуваат да ве возат, а по некое време дури и некој да ви се развика и се обиде да ве навреди, нема да му успее, туку дури и ќе го разберете, иако можеби нема да биде во право... фан тинг ту ду.
     
  11. lili.g

    lili.g Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Site znaeme da kazeme deka Ni povazni Delata Od zborovite,no Mnogu poveke obrakame vnimanie na zborovite.niv gi percepirame direktno,ona sto ke go slusneme nemozeme da go izbriseme Od nasite umovi.Kolku pati se slucilo zbor sto Ni e upaten Od nekogo vo afektna sostojba ,da Ni go Skrsi srceto I da ne povredi iako znaeme deka toa iskreno ne go misli. Delata se nesto drugo ... Efektite Od Delata se po trajni,no ne Sekogas imaat direktno vlijanie vrs nasata emocionalna sostojba. ZBOROT STO GO SLUSAME IMA DIREKNO VLIJANIE VRZ NAS I TOA MOMENTALNO.
    barem jas taka go dozivuvam seto toa...
     
  12. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.253
    Допаѓања:
    106.020
    Пол:
    Женски
    Ubav zbor zelezni vrati otvoral.
    Vistina.
    Ama ne site vrati.
    Vo odredeni segmenti od zivotot ako zborot ne e potkrepan so delo nisto ne se otvara.
    Preteruvanjeto so upotreba na ubavi zborovi moze da bide so kontra efekt odosto treba.

    Pravilno kombiniranje na zborot i deloto e navistina Mok.Zatoa pazete sto zboruvate a kako istovremeno deluvate.
     
  13. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Зборовите не само што имаат директна значајност во буквална смисла кои можат да предизвикаат среќа или тага, туку и енергетска, околу секој збор кружи одредена енергија, во зависност дали тој збор е убав или не толку убав па и навредлив.

    Таа енергија се создава во зависност колку тој збор предизвикува непријатни чувства кај луѓето или пријатни, доколку е убав збор кој што направил среќни многу личности околу тој збор кружи само таква енергија и ако често го употребувате тој збор околу вас самите ќе кружи истата таа енергија а вие привлекувате само позитивни настани, луѓе и повратни убави зборови.

    Моќта на зборовите во смисла на енергија е многу слична т.е скоро иста теорија со моќта на потсвеста и мислите, за многу звучи неверојатно но всушност ова е докажано како од успешни филантропи, позитивни личности и воопшто личности кои успеале во животот така и од научни докази дека мислата има фреквенција, а со тоа се подразбира и за зборовите и актите кои секојдневно ги извршуваме.

    Може да почнете од самите себе, пробајте да влезете во тој позитвен круг на убави зборови одреден период и сами ќе ја почуствувате разликата. :)
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.646
    Допаѓања:
    53.493
    Пол:
    Женски
    Точно дека има такви зборови кои многу значат, но мислам дека се зависи од тоа кој ги кажува тие зборови. Сигурно дека ТЕ САКАМ од личноста што ја сакаме и од онаа што не ја сакаме не ни значат исто. Или пак она БЛАГОДАРАМ што го слушаме секој ден не е исто со она што е поретко но искрено. Она ИЗВИНИ откако непознат ќе те подгази на улица или откако близок ќе те навреди па ќе го рече истото не е исто.
    Има луѓе од кои ги слушам тие зборови и можам да кажам дека не се ретки. Јас исто така ги користам, освен зборовите на искажување чувства, како ТЕ САКАМ, МИ НЕДОСТИГАШ и слично, едноставно таков човек сум што не искажува такви чувства, не воопшто но навистина ретко, ама затоа кога ќе го кажам тоа секогаш е од срце и навистина го чувствувам и мислам. А оние тешките зборови ги избегнувам колку што можам.
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ermil

    Ermil Нов член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Sakam na ova stohotvorba da dobija uste dve recenici ve molam dami pomognete
     
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    5.856
    Пол:
    Женски
    Во глобала ретко кој пази. Нема место кај што нема да излезе некој и да те "забоде" во душа. Секое сабајле мислам само кој одбранбен механизам да го применам од што сè е станато шлајм.
     
  17. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    4.762
    Допаѓања:
    58.066
    Зборовите можат да болат, можат и да го разубават денот.
    Искажаниот збор не се враќа, и затоа треба да внимаваме што кажуваме, но и како го правиме тоа. Зборот како збор има и свој контекст. ,,Правилен'' збор кажан во несоодветна ситуација може да доведе до огромни последици. На своја кожа сум го почувствувала тоа.
    Од друга страна, неискажаните зборови можат потсвесно да влијаат врз нас, да не' измачуваат додека не си го најдат патот надвор од нас.
    Човек треба да внимава на тоа кога треба да зборува, а кога е сепак подобро да замолчи...
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    2.313
    Допаѓања:
    7.481
    Пол:
    Женски
    Имаат големо влијание зборовите.
    Некои зборови го кршат срцето.
    Некои го гушкаат срцето.
    До нас е шо ќе употребуваме.
     
    На cresa-jagoda, Ajronmen и Limpan им се допаѓа ова.
  19. Bella*

    Bella* Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    11.124
    Пол:
    Женски
    Тука сум е другото те сакам
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Мислам дека зборовите се повеќе се користат како оружје, за човекот да добие нешто што сака...
    Луѓе кои се манипулативни по природа мнг се свесни каква моќ имаат зборовите и се вешти во нивното користење... Искуството мое ме научи да не се залетувам на секој добар збор како и на секој лош...
    Тешко ми беше да ја мерам важноста на зборовите од *едни луѓе* (најблиските) vs други луѓе (познајници, пријатели)

    Ама затоа каков лек за душа може да биде само една реченица, кажана/пишана со сета искреност и добронамерност тука немам..зборови :):smirk:
     
    На cresa-jagoda, Frosin4e, Dashing:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.