1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моќта на зборовите

Дискусија во 'Психологија' започната од Lux, 4 јули 2010.

  1. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Тие што користат убави зборови, на крај убаво ќе те зезнат. Затоа треба да се биде внимателен и никакви зборови не треба да допираат до вас.
     
  2. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Зборовите имаат голема моќ во секојдневниот живот, во комуникацијата помеѓу луѓето, нивните чувства и емоции, размислувања и слично. Убавите зборови кажани од страна на некоја наша блиска и сакана личност можат да не направат среќни во моменти на тага, но и обратно. Па затоа треба да пазиме кои зборови да ги употребуваме во дадени ситуации, затоа што доколку ги употребиме погрешните зборови без разлика дали тоа ќе го направиме свесно или несвесно можат да ја повредат личноста кон која се упатени, па така ние во тој момент можеме да почувствуваме вина иако не сме сакале да ја повредиме таа личност.

    Зборовите можат да не направат среќни, можат да не направат тажни, можат да не возбудат, можат да не смират исто така тие можат и да предизвикаат омраза, насилство, страв, немир во нас или пак во луѓето околу нас, но исто така тие можат да предизвикаат и љубов, задоволство, храброст, мир... Зборовите се магични и треба да знаеме како да ги употребуваме секојдневно.

    Па како што рекол Сун Цу: „Внимавајте на вашите мисли тие стануваат зборови, внимавајте на вашите зборови тие стануваат акции, внимавајте на вашите акции тие стануваат навики, внимавајте на вашите навики тие стануваат карактер, внимавајте на вашиот карактер тој станува судбина.“