1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моќта на парите?

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 24 април 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Што доколку ненадејно неочекувано,добиете 2/3 милиони евра?Со тоа си решавата стамбено прашање,купувате кола,запишуватефакултет,започнувате работа...едноставно речено ги остварувате своите сништа.
    Колку тоа би ве сменило,би дозволиле ли парите да владеат со вас,првенствено се прашувам за оние личности со изграден карактер,зрелостi.Колкав е тој ѕид,каде е границта да пукне,да се сруши...или сепак сметате дека би останале исти?
    Можеби имате пример некој од вашите блиски,познаници...
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Колку и да имам пари, нема да се променам во карактерот, а нити можат истите да ме променат, бидејки не чувствувам апсолутно никаква љубов спрема истите, бидејки знам дека материјалното е минливо, само ние луѓето се залажуваме со истите.Дали би дозволила парите да владеат со мене? Не ни можат, па макар би имала милиони.Можеби ќе помисли некој, дека така мислам, не, едноставно така чувствувам.Човек и да има се, џабе ќе биде ако тој празно се чувствува во душата или можеби огорчено, несреќно, тогаш нема никакво фајде од материјалното.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и Serafima им се допаѓа ова.
  3. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Да ги добиеш нема така да размислуваш :)
     
    На ku4ence, Valerin, Celebrity3 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Би ги потрошила и пак би останала без нив :) знам да живеам со малку,но ете незнам да живеам со многу бидејќи никогаш не сум ги имала,не би се променила во никој случај !
    да,познавам личности кои многу ги промениле парите,бидејќи си мислеле дека ќе ги имаат цел живот,но ете немале разумно решение за нив и пак го потрошиле,што значи никогаш до сега не сум дозволила да влијаат на мене а знам и дека нема
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Mammina, Читател, Bruinete и 15 други им се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    прво да ги имам, па би размислила во што би ги инвестирала, секако мислејки за доброто на сите во семејството, не само на мене :)

    парите како пари не би ме смениле, бидејки денес ги имаш утре ги немаш
    а познавам неколку примери каде парите им го поматиле разумот на лугето и не знаат веке што прават со нив, и дека се можеш да купиш со нив-денес ги имаш, утре можеби не :)
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Според доживеаното, верувам дека не би ме сменило. Доблеста на човека е да успее да владее со парите, не тие да владеат со него. Тоа е стабилност.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Mhhm, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  8. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Реално парите немаат моќ,моќта се наоѓа кај поединецот во зависност дали ке дозволи тие него да го контролираат него или тој нив.
    Има една ситуација,која што вели парите се моќ,кога имаш многу пари можеш да правиш многу работи кој што не си ги ни сонувал кога си ги немал истите.
    Но ситуацијава е следна парите се моќ,да имаш многу пари не значи по дифолт и да имаш моќ, парите без моќ не вредат многу.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Да, ама денеска толку се испревртени работите да парите преставуваат мерило за моќ. Кога имаш пари сите врати ти се отворени.
    Сум почувствувала и да имам и да немам и пак останав таа јас истата. Не отидов на Месечина и не влегов во политика :lol: . Ако не знаеш како да ги владееш за брзо време ќе те уништат.
     
    На anabel-a и Annath им се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    И да ги добијам, така ќе размислувам, како што кажав, не отстапувам од тоа што го реков.Знам дека не е за верување тоа што го реков, но јас така размислувам и мене тоа ми е доволно.Материјалното нема вредност и не само што знам, сигурна сум.Дали ова што го кажав е смешно или не,незнам, но кога човек ќе се доведе до ситуација да не може да дише, телото да му биде еден тон тешко, ладно, всушност со други зборови како жив мртовец, ситуација во која случајно се доведов јас, од онака без никаква причина, тогаш ќе знае колку вреди животот, а колкава е вредноста на материјалното.Животот е многу повеќе од парите, толку многу е значаен што не вреди истиот да биде уништен поради материјалното или било што.Затоа знам, не затоа што така мислам.
     
    На Miamigirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Не свати што сакав да кажам,некогаш можеш да имаш многу пари,а моќ да немаш не секогаш имањето на пари значи и моќ.
    Не секогаш и не секаде играат улога, и не ги отвараат баш сите врати некој врати секогаш остануваат затворени без разлика колку и да имаш пари.
    Еден пример : Личност која што својте пари ги стекнало со одгледување на добиток, никогаш нема да биде на исто рамниште или во исто друштво со лице кое што ги стекнало парите со Адвокатура,иако ова првото можеби има далеку повеќе пари од второто никогаш нема да ја има моќта, на еден Адвокат, Лекар, Академски Професор,Новинар.
    Јас лично познавам личност која што имала и има пари,но моќта ја изгуби со заминување од работната позиција. А со тоа ја изгуби и моќта која што ја имаше,сега парите му останаа но моќта ја нема а парите без моќ се ништо :)
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Е сватив де затоа кажав ,,ДА,, на почеток на постот ;)
     
  13. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Не - парите лично мене не би можеле да ме проментат како личност ниту пак да го променат она што сум ЈАС. Веројатно само би ми помогнале да си ги исполнам желбите или да стекнам некои материјални работи кои моментално ги немам но со пари никогаш не би можело да се купи пријателство или љубов (зборувам за вистински). Лажни љубови и пријатели имам доволно и без многу пари... :rofl:
    Личности кои имаат па мислат дека се нешто повеќе од другите отсекогаш ми биле одбивни.
    И да, со пари не се купува среќа но полесно се поднесува несреќа ;)
     
  14. White-Lady

    White-Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    Парите неможат ова, неможат она според мене е излитена фраза со која се лажеме самите...како прво со самото тоа што ќе имате толку пари нормално е дека ќе сакате да се облекувате подобро,да излегувате на ручеци,вечери, да одите на патувања и сл. со оглед на тоа дека ќе бидете да речам богати вашите дотогашни просечни пријатели нема да можат да го пратат вашето темпо на живот и постепено ќе почнат да се одалечуваат па така сакале вие или не ќе се промените ;)
     
  15. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Парите се клуч за отварање на сите врати си пари можеш се да оствариш и да си купиш се што ке посакаш.
     
  16. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Да се правам некоја, ма ми требаат пари само колку да преживеам, не бе брате! Сакам пари, и тоа многу многу многу :) :) :) ! Многу пати сум се нашла во ситуација да дискутирам на оваа тема, и како и секогаш некојаси рандом ала дева марија особа ќе оди во екстрема : па знаеш среќата со пари не се купува! :devil: ЗНачи колку ја мразам оваа најчесто употребувана излитена фраза!
    Јас мислам дека се купува! Ќе си платиш одмор, ќе си купиш облека, купуваш здрава храна, и џинџири минџири, кола, станче и што ти душа сака!Можеш и во хуманитарни цели да дадеш, да го направиш животот на другите полесен а со тоа да се осеќаш среќен! Многу работи можиш да си приуштиш кога имаш пари! Кога немаш пари, трпиш за леб, едвај сврзуваш крај за крај, за тебе ништо не останува, све отишло за сметки....И што цел живот? Се жртвуваш, друго одиш во туѓина работаш како вол за 500 евра....и на крај кога ќе се видеш во огледало 30 години си, а личиш за 50!
    И јас знам да попувам и да се држам до моралните и етичните начела, ама реалноста е друга, и да со пари можеш скоро се да купиш и да си среќен ( и така, ќе се јави сега некоја дева марија, да проповеда како љубовта не може со пари да се купи - вич ис труе, ама одењето во екстреми не ја доловува суштината на мојот текст)
     
    На ku4ence, EminemsGirl, Miss.M5 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    АПСОЛУТНО не точно!!! како може со пари да се купи се????...да може се што е материјално...но основните работи....човечноста, среќата, љубовта, добрината, насмевката од саканите....ма се што е најважно на светот не може со пари да се купи!!!!
    Воопшто не се согласувам со овие луѓе што казуваат дека со пари можеш да си дозволиш се...ако вас ве прави среќни еден одмор на Хаваи, ако вас ве прави среќни гардероба, кола, станче и 300 др. глупости што прочитав овде...ве жалам луѓе!!!Тие работи може само задоволство да ми направат едно кратко време...ама за мене МОЌТА е во насмевката од најмилите, во човечноста, во љубовта....хм...се разочарувам кога ве читам понекогаш...кооолку само далеку оди мозокот на еден човек за пари!!!....Подобро ќе немам ништо ама барем да го имам се ова горенаведеново бидејќи тоа ќе ме прави среќна засекогаш а не само одреден временски период!
     
    На Miamigirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. White-Lady

    White-Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    Ти сигурно живееш од насмевките на твоите најмили.Баш ме интересира како си го плаќаш интернетот и со што си купила компјутер :D 21 век сме.
     
  19. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    вие мешате две различни работи............точно е дека најважното не се купува со пари,ама за да се биде срекен треба да се има и пари и (човечноста, среќата, љубовта, добрината, насмевката од саканите и се што наброи а е најважно)....но неможе да се живее само со едно,треба да ги имаш и двете за да можеш добро да живееш :)
    во право сум нели??
    ако не сум во право исправете ме и кажете што е точно :)
     
  20. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    757
    Пол:
    Женски
    Дискутабилна тема и секој со свое мислење и различно протолкување на поимот пари, па затоа и нема потреба од несогласности.
    Немам премногу, но исто така немам ни премалку. Имаме доволно финансиски услови за да ги задоволиме нашите потреби. Живеам скромно и не трошам пари на маркирани работи, не излегувам по реторани/дискотеки/кафичи и сл. од причина што не ми е толкав џебот за да се луксузирам, но секогаш го имам тоа што ми најпотребно. Знам како е да се има малку, зошто секој месец сама ги распоредувам парите за да ми стигне сиот џепарлак (срам ми е да кажам колкав ми е џепарлакот), затоа само ќе си преќутам. Голем штедач на пари сум, сакам да имам тргнато пари на страна за да си го купам тоа за кое мислам дека моите нема да ми дадат пари. Не знам што да кажам за тоа дали нешто ќе се промени во иднина доколку имам пари и дали тие ќе ме надвладеат. Верувам дека доколку би имала поголема сум на пари во иднина нема да ме сменат карактерно, туку само ќе ми го сменат начинот на живот по поглед на шетање/одмори/материјални работи итн.
    smiley22 Во право си дека среќата и парите не се засебни работи, двете си се надополнуваат на свој начин. За да бидеш комплетен потребни ти се и двете.
    Во мојот случај, а верувам дека сигурно ќе има некој кој ќе се пронајде во постов - не можам да се пожалам, живеам скромно за разлика од некои мои другарки.. сум се навикнала на ваков начин на живот и не знам како е кога имаш изобилство на пари. Така да се надевам на подобра иднина :)