Денес каде што се парите таму е и љубовта..Ете тоа го овозможи моќта на парите.Но сепак секој што е богат не е среќен!
Вистина е, сакам мало станче, убаво средено во кое ќе живеам сама, ќе имам доволно пари за да имам секој ден пристоен ручек и да можам да тргнам по некој денар настрана за зол час. Го сакам тоа ама мислам дека сепак животот не ми е предводен од пари зошто воглавно, никогаш не ми сметало дали дечко ми има пари или нема. Шо е мое е негово во врска со тоа и често знам јас да платам такси, тој кафе, па јас храна и слично. Не ми смета. Ако се нема пари ќе се седни в парк. Битно ми е друштвото, а не луксузот во тоа дружење. Ајде сега од оргиналниот пост да видам. Со толку пари дефинитивно ќе си обезбедам да можам да студирам биологија во Ск зошто финансиите се причина зошто не студирам тоа шо сакам така да ќе си исполнам некој сон. Јас и при пари мислам дека би останала иста. За моја возраст, од различни места сум имала по некој денар плус шо за мене беше луксуз. Тие пари ги чував и ги користев во ситуации како: одмор, зимска облека, нова година, нешто шо ми треба за в кујна, лично мое, а не секојдневно зошто повеќе од 30-50 ден. не трошам повеќе + ако земам пакетче мастики. Ако имам толку пари како во првиот пост шо е претставено, веројатно ќе земам неколку вида калапи за мафини зошто многу ги сакам и да ги прам и да ги јадам, и работи кои ќе ми се најдат за таму, а само мал ден од тие милиони евра, само 1000 ден би искористила чисто на хартија онака ќефски (тоа веројатно ќе го напрам и со првата плата), со најубај тетратки и да не ме боли душата цело средно и сеуште шо ги гледам и неможам да си ги дозволам сеуште Можеби вака полесно ќе се снајдам во ваква ситуација зошто мене секогаш ситници ме прават среќна. Сеуште се сеќавам кога бев помала и мајка ми ми даде 100 денари да си земам шо сакам (тоа кога бев мала за мене беше луксуз), и јас ојдов си купив бомбончиња по 5 денари за 100ка Веројатно сите останати пари ако не одат на штедна книшка, ќе одат на бомбони. Сепак, и самата сум сведок на луѓе кои се сменале од парите ама и луѓе кои покрај се останале исти. Парите се моќни само ако му се дај таа власт. Вистина е дека се неопходни, не велам тоа, туку велам дека ако некој можи да се спротистави на нив, нема да ја прокоцка голема сума пари туку ќе ја зачува или ќе ја умножи.
Парите и тоа како имаат моќ во денешно време. Ако имаш пари можеш да правиш што сакаш. Да купиш куќа/стан, убава кола, да излегуваш на елитни места, па дури и да купиш девојка/дечко. Има многу кои што би биле со некој заради пари. Ама не значи дека ако имаш пари ќе бидеш среќен. Не е се во парите.
Имаш пари имаш моќ, денес со пари можеш се да имаш: лепота, луксуз, патувања, здравје, едноставно се...парите го олеснуваат и го разубавуваат животот колку и да се противите тоа е вистина. Подобро да плачеш во мерцедес него ли во југо Мала шала, сурова реалност
Се што не се купува со пари,се купува со уште повише..Со исклучок на "чист образ".. Ниедна пара во светов не може да го купи..
Еден мој близок со многу пари, незнаеше што да им прави, па почна да се дрогира и парите го однесоа во гроб. Да можеше некој да ги дава од такви умоболни на луге кои им требаат за лек, светот ке беше убаво место за живеење. Имај ги колку да не просиш, и не биди алчен за повеќе-поука од животот. Секогаш ке има и подобри и побогати, поубави и попаметни ама не ЛУЃЕ.
Сите ќе се согласиме дека здравјето е најважно, но што ако утре, не дај Боже некој се разболи, а нема пари за да се излекува? Тој што има пари ќе оди и ќе се лекува, а тој другиот ќе моли, ќе тропа на секоја врата и ќе биде оставен на милост Божја. Денес парите имаат голема улога во нашите животи, сакале ние тоа да го признаеме или не. Веќе напоменав во друга тема дека има разлика кога некој ќе каже дека парите му се важни за нормален и пристоен живот и за основни потреби и за тие што гледаат на било кој начин да дојдат до пари. Убаво е да имаш сè што може да се купи со пари. Патувања, зимувања, станови, куќи, отварање на бизнис и слично, не мислејќи за утрешниот ден. Познавам луѓе коишто имаат пари и неколку стана, одат на одмори и викенди и имаат убаво уредени станови и ајфони, ама сепак се многу приземни. Воопшто не се ценат или се влезени во некој филм. На почетокот мислев дека се дигнати, ама згрешив. И заклучив дека парите го менуваат човекот онолку колку што тој ќе дозволи парите да влијаат на него.
"Парата праи играта " не е за џабе кажано , јас карактер не менувам , бев скромна личност со малку пари си останав скромна и со повеке пари сега дури и немам некои нервози , на пример оние нервози 'а како сега до наредната пчата' или 'со кои пари да однесам млеко дома за керката како бебе ' значи мислам дека со пари само љубов не може да се купи се друго е на послужовник . Вадиш илјадарче и сегде ке поминеш. Единствено нешто што сменив со повеке пари е начинот на облекуванје и трошенје пари на повеке луксузи. Во душата сум си скромното девојче пораснато во млада самостојна жена
Парите не ми значат ништо, ама баш ништо. И сум имала и сум немала, но никогаш не сум била во ситуација некого да омаловажам или било што. Човекот кој преку ноќ се збогатува, а си лечи комлекси од "посиромашните" денови, веднаш се приметува преку односот со луѓето и предметите. Оној кој чесно заработил и знае да цени ќе го почитува и најевтиното нешто.. А, оној кој не.. Тој би и по златото да плука! Се е до човекот
Парите ја имаат најголемата моќ на светов. Порано старите викаа "Прво здравје..." јас ќе кажам "Прво пари!" Без пари нема ни здравје! Ова го пишувам од лично искуство, за жал... Во овој 21ви век и животот на човекот има цена и зависи од парите дали ќе има шанса да го живее. Кога велам дали ќе има шанса да го живее не мислам на тоа дали ќе има скромен или луксузен живот туку дали воопшто ќе биде жив.. За жал парите во некои дадени моменти го одлучуваат тоа..
Парите и тоа како имаат моќ,секако здравје пред се ама здравјето е тесно поврзано и со парите а за жал во последно време и љубовта со парите,но секако само од љубов не се живее нели имаше еден мајтап ај купи јајца без пари од љубов
Господ е моќ, здρавјето,љубовта,сρеќата, Чистиот обρаз и почита κон луѓето со паρи овие неκолκу ρаботи не се κупуват јес да ни тρебат паρи на сите ама паρите се последни баρ тоа е мое мислење
Парите се најголемо зло на човештвото и најголема движечка сила во светот. Ги сакам парите многу, ама исто толку и ги мразам бидејќи доста лошо имал видено заради нив. За алчноста да не зборам..