во никој случав колку пари и да имам нема да се однесувам како сноб. Би се обидела да помогнам на сите колку што можам. А мојот однос према другите во никој случај не би ми се сменил. Па и да сум најбогата жена на светот
да живеам и тоа како!!! и мн сум среќна а интернетот драга моја си го плаќам со парите што си ги имам за НОРМАЛЕН живот,пари кои ми служат само материјални добра да купам кои ми траат кратко!...толку сте плитки во мозокот...затоа денешницава е ваква каква што е!мизерна!
Без пари не се живее луѓе! Секоја чест на тие што живеат од љубов и насмевки... Не кажале џабе кога сиромаштијата чука на врата, љубовта излегува од прозор !!
јас не сакам да имам многу пари би сакала да имам доволно значи средно.. за да живееш ти требаат и парите и љубовта и се друго во секој случај се потребни пари ама не премногу.. имам случаеви каде што другарки родителите не си ги гледаат имаат пари да ама што им вреди тоа кога родителите не се со нив секогаш се на некои патувања...
никој тука не посочи дека живее од лјубов и насмевки....туку кажав само дека со пари не можеш тие да си ги купиш!!!! а тие се основно нешто во животот!парите можиш да ги заработиш и за 1 мин да ги потрошиш ама духовните вредности никогаш! не знам што се дешава или сте премногу мали па затоа не ги сваќате работите или пак навистина некој е премногу материјалист( не е наменето за тебе) поздрав
парите не се заработуваат толку лесно како што се трошат и како што мислиш....а и наку не сум премногу мала ама не сум ни преголема,ама те сватив а ти колку години имаш?
Моќта на парите Колку убаво и моќно звучи насловов на темава Факт е без пари не се живее. Но парите ги менуваат луѓето особено ако покрај има особа која не е нималку блиска материјално како нив тогаш само таа/тој може да ѓи забележи деструктивните промени и тоа драстични Пари можеш да имаш,но што ќе се случи ако ги даваш по лекари дали вреди луѓето да се рангираат по тоа кој колку има Јас велам не
Не се заработуваат парите така лесно како што велиш Настја за 1 мин и имам пари... хах. Инаку не мислам дека се најважното, но без нив не се живее и ако го цениш материјалното не значи дека си материјалист !
Да,ако непаш пари неможеш ни на лекар да одиш,точно е ама ако имаш пари,а неможеш да се излечиш??? Затоа се потребни и здравјето и парите
тШто ќе ти се тогаш пари освен по лекари не ќе можеш за ништо друго да си приуштиш или се е до парите
До утре поручек можете да си ги залажувате плитките мозоци со тоа дека парите не се важни? ма немој! Којзнае по колку луѓе дневно умираат од срцеви удари, од што е тоа? од Бога? Се живо, скоро сите болести се од стрес, нервоза. А од што е нервозата? најчест проблем е недостатокот на парите па потоа следуваат другите проблеми што ги имаме. Осудувајте ме колку што сакате и правете си бајки во главите дека парите не се важни.
За да си го вратиш здравјето одиш по лекари и даваш пари...Во секој случај за да имаш убав живот односно да живееш убаво ти требаат пари и тоа е факт , џабе се лажете спротивното!
Почитувана meandyouМе изненади ова што го си го напишала"ПЛИТКИ МОЗОЦИ"-значи ова е ФОРУМОТ "ФЕМИНА"заедница на толеранција и почит биди малку учтива значи не напаѓај или НАВРЕДУВАЈ секој има право да си го каже своето слободно мислење.Само без Навреди. Бидејќи не ми доликува да бидам неучтива ќе ти посакам добар ден,но за во иднина придржувај се кон правилата на "ФЕМИНА" ЗАЕДНИЦА НА ПОЧИТ И ТОЛЕРАНЦИЈА. ИМА ПРИЈАТЕН ДЕН.Поздрав
Битни се парите т.е. една од најбитните работи во животот но не најбитна.И зошто мора да има една работа која е најбитна?Се знае дека реално повеќе работи се важни покрај парите,здравјето,љубовта,семејтвото, кариера и сето тоа како целина а не сега да се бира една работа од овие како најбитна.Тоа би било само во екстрмни ситуации а не реално. Всушност животот не е шпанска серија па луѓето да се делат на богати а злобни и сиромашни но добри.Тоа не точно.И меѓу богатите има добри а меѓу сиромашните лоши.Тоа што можеш да ја согледаш моќта на парите според мене е реално гледште на животот. Среќата не се купува со пари,но подобро да плачам во мерцедес отколку во фичо
Сметам дека не би го променила карактерот. Начинот на живот да но карактерот никако. Би си пружила луксуз и нешта кои предходно сум ги немала. Но тоа нема никаква вска со карактерот и со односот кон останатите.
Парите немаат никакво значење во мојот живот тие се обична книшка на која стои некоја цифра со која можеш да купиш нешто ! Што рекле старите Не е се во парите ! Со парите неможеш да купиш љубов, пријателство и се друго...џабе ако си богат а немаш некој покрај тебе што може да те подржи во тешки моменти...би пишувала и 100 страни за ова ама мрза бре..ај толку
Колку и да велиме и без пари можиме срекно да живееме сепак требаат пари, и тие се причина за многу семејни кавги