1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моќта на парите?

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 24 април 2012.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Битни се и тоа како, а за моќта не треба да се зборува, се знае дека го вртат светот. Тоа е реалноста, за жал или за среќа. Џабе се спротивните тврдења, ај да те видам пробај да живееш без пари? Неопходни се, без нив ни здравје ни среќа неможе да се види, баш како што спомна една Феминка погоре-сиромаштијата предизвикува стресови, нервози, а оттаму доаѓаат и болестите.
     
    На mackica-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Blondydevil

    Blondydevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
    Дефинивно се согласувам !
    Ќе кажам, парите се најголем двигател во светот, ПАРИТЕ НЕ СЕ СЕ, ТИЕ СЕ ВО СЕ :!:
    Да ми дадат мене милиони и милиони, секако дека ќе се променам, и не само јас, сите, иако неѓирате!
    Не сум материјалист, само гледам реално.
     
    На Justinna, biggirlsdontcry, joana18 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    . :!: ..голема е моќта на парите......без нив нема ништо.....но,сепак сум била со многу ама и со малку пари во животот,и останав иста...не ме променија ич......е сега реално гледано ако имам безброј милиони,не вервам и дека тогаш ќе се променам можи само малку,ќе станам трошаџика поголема.....хахаха.... :$
     
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Mene pari mi trebaat kolku da preziveam,ne gi sakam ama ko za inat pa mi doagjaat sami.
     
    На Miamigirl и Serafima им се допаѓа ова.
  5. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Kога ги имаш парите мислиш дека не се битни ама кога ќе почниш да ги снемуваш ќе сватиш дека и те како биле битни......се е поврзано меѓу себе парите со среќата,парите со здравјето па на крај и парите со љубовта жално ама реално.....колку и ти да се сакаш кога ќе немаш пари ќе почниш и да се мразиш (во блага смисла на зборот) ;) :^)
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Како што имам пишано на неколку други теми, признавам дека парите се потребни, но не и пресудни за убав живот. Шо ќе ми се мене милиони и кариера ако немам време да уживам во плодот на сопствената работа со најмилите, оние кои ми биле најголемата поддршка во самото искачување до подобра кариера и повеќе пари.

    На пример, никогаш не би се согласила на работно време подолго од 8 часа во денот. Абе милиони нека ми дадат, не ми се толку вредни како она опуштено кафенце и заеднички ручек/вечера после работа со личноста која ми била поддршка во се` останато, вклучувајќи ја и самата работа.

    Сакам да заработувам, доволно за да одржувам здрав начин на живот што подолго и секако да имам право на пензија и достоинствена старост. Доколку добијам милиони, не дека ќе ги вратам, нема лошо да ми дојдат :$ но самата никогаш не би трчала по повеќе од она што ми е навистина потребно.
     
    На Serafima, julie77 и vitomir им се допаѓа ова.
  7. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас сум студент, не работам, уште се гребам од мама и тато. И нормално како што си одат работите, мене се повеќе ми требаат, а они имаат се помалку да ми дадат. Ама не се жалам, имам компјутер, ми плаќаат за студирање, имам да излезам 2-3 пати во месецот, на 2-3 месеци ќе си купам по нешто. Арно ама, после роденден, матура, дипломска како што растат паричките во џебот така се шири и насмевката на лицето.
    Да можам било кога да излезам без да се туфкам дали да потрошам 300 денари за искачање или да платам сметка за телефон, да се мислам дали да јадам во град или да се стрпам до дома, да чекам некоја блуза 3 месеци да биде на попуст, да не ми течат лиги кога друштвото ми се договара за викенд негде, да имам кола и пари за бензин, да немаат моите 100 кредити за отплаќање, да не морам да штедам цела година за одмор, да не морам да седам дома за време на распуст за да соберам пари за патики, па како да ви кажам... ДА, многу посреќна би била! Не знам зашто, ваљда онака без причина!
     
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    И повеќе од потребни се и навистина понекогаш имаат голема моќ. Особено најжалосно е што дел од младината, тоа го гледаат како пресуден фактор во животот. Го ризикуваат својот живот за да бидат што подоминантни во општеството, но нажалост тоа размислување трае само неколку години, а тоа време веќе поминало и не се враќа.
    Имам доста жалосен пример на прилично финансиски ситуиран човек кој има околу 50 години, а неодамна се ожени со девојка од 20 години. На која реално гледано може да и биде не само татко, туку и дедо.
    Навистина соочувствувам со тие личности и навистина од срце им посакувам да го сфатат малку подобро животот и чекорат достоинствено по него.


    Им се восхитувам од срце на оние личности, кои навистина знаат да управуваат со своите пари. Не гледаат толку за нив, колку за доброто на другите. Можеби тоа допридонесол нивниот претходно тежок и сиромашен живот, но има доста и такви кои тоа им е во душата.
    Но најстрашното е кога сиромавиот стане прилично богат, па заборава на сиромашните.
    Тука ја гледам онаа вистинска моќ на парите.
    Или ќе те направат од добар во уште подобар и поблагороден човек или пак ќе те направат најголем и најнечувствителен човек.

    Конкретно за мене.
    Фала му на Господ, имаме доволно за живот. Не се премногу, но се доволни за еден скромен живот. Никогаш не го гледам човек, колку финансии има. Едноставно не ми е важно, па не ми ни тоа некоја важна карактеристика за нечиј карактер.
    Најважна е моќта на душата, да знае да те затопли со секој свој збор :) .
     
    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Само Господ да не даде здравјето да ни зависи од пари, без се друго се може.
    Запрепастена сум како некои луѓе мислат дека со пари се може се, Бог да им е на помош на таквите.
     
  10. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.214
    Пол:
    Женски
    Факт е дека парите го движат светот. И се се врти околу нив. Буквално се. И секој што ќе рече дека не сака пари ќе излаже. Знаеме колку се потребни за да опстанеме и да живееме како што велиме еден пристоен живот. Но окото на човек е ненаситно кога станува збор за пари. Сите сме сведоци на некоја случка каде многу работи се жртвуваат за пари. Бракот, децата, родителите, домот...Дури и честа понекогаш. Но прашање е дали парите се толку вредни за целиот живот да им го посветиш само нив?
    Една мала и обична настинка и сите велиме дај Боже побрзо да оздравам. Зошто тогаш никој не мисли на парите?
    Факт е дека ако имаш пари ќе имаш убава и скапа облека, луксузен автомобил, подобри услови и за лекување, и за школување и да не набројувам уште за илјада работи.
    Заработуваме за да живееме, или цел живот го живееме за да заработиме??
    Како и да е, и во двата случаи сме робови на парите. [​IMG]
     
  11. mackica-1

    mackica-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    значи кога би размислиле подобро навистина со пари неможат да се купат најбитните нешта што го прават човекот среќен, тоа е факт но во краен случај парите исто така играат голема улога и се од голема важност во животот на секој еден човек затоа што, едноставно, помалку се мачиш се ти е на дофат (зборам за материјални работи)и со самото тоа ти си позадоволен се рабира не целосно но сепак носат некоја си сатисфакција... а дали би ме смениле не верувам дека би ме смениле, идам со искинати фармерки и искинати патики а и кога ќе бидам богата ќе идам со искинати зашто така ми се свиѓа и таков ми е стилот а некои ми рекле еј немаш до толку едни патики да купиш хахаха :P( шала на страна ) навистина не би ме смениле кога се работи за односот со луѓето би имала исти односи како и претходно тие што ми се пријатели ми остануваат тие што не ми се (би сакале да ми бидат ама ку*от се заебале..прошол возот :D ) се уфилмав малку дека више ги најдов ама нема веза тоа е тоа :D славна никогаш не сум сакала да бидам ама богатааа ее нз дали некој не сака позз :) :)
     
  12. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    Сакам да имам пари, но не многу... Не сум љубител на коли, скапи мобилни телефони, облека или пак луксуз... Најмногу од се сакам мир, среќа и љубов. Добра работа, доволно пари за пристоен живот и среќа би ми биле доволни
     
  13. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Не е се во парите и среќата со пари не се купува.Лошиот пријател нема да ти стане вистински добар поради парите.Сите ние копнееме по вистинска среќа. Но да не се лажеме: кога ќе влезам во продавница да купам леб, ми бараат пари, не можам да ги убедувам дека не е се во парите.Аристотел рекол: Златна средина во се. Парите треба да ги имаме толку , колку што е потребно за нормален, пристоен живот. И премалку и премногу -нечини.
     
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Ѕие што имааат пари ен се срекни.Моката на парите е да ти ги отвара сите вративо шивото освен вратаа на здрвје,среќа и љубов.И да немам пари би останала иста само кажувам и дасе има многу пари не е убаво.
     
  15. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека во животот има многу поубави и повредни работи од парите.Некои луѓе се дружат со тебе заради пари,заради корист и уште за што ли не...Јас од моето одделение имам една другарка која е многу богата.Јас со неа се имам ама повеќе се дружиме во училиште,а надвор од училиштето воопшто не се среќаваме.Пола одделение се дружи со неа заради корист.Преку ден одат кај неа дома,излегуваат заедно,и за се ја исористуваат.Кога ќе излезат со неа било каде се таа ѓи чести и тие летаат над облаците.Се кога таа ќе ѓи праша дали можат да излезат да се прошетат малку тие веднаш прифаќаат ама таа секогаш ѓи чести нешто било што да е...Јас кога ќе прашам некоја другарка дали има време да се прошетаме малку таа ќе ми рече дека е досадно така да се шетаме .Воопшто не е досадно според мене така да се шетаме ем ќе попешачиш ќе видиш народ,чист воздух,природа.Сигурно може и еден пат да излеземе така без да трошиме пари,па не мора секогаш да трошиме пари...А не тие се со неа одат по кафичи,пицерии,сендвичари и слткарници.И јас одам во кафичи,слаткарници,сендвичари ама поретко бидејки обожавам да се шетам во природа.Неможам да ѓи разберам како можат да бидат луѓето такви...
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. viva.la.vida

    viva.la.vida Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    За парите ќе кажам само дека со себе носат проклетство, колку повеќе ги имаш толку поголеми несреќи те снаоѓаат што и да ги дадеш сите пари не можеш да ги одбегнеш...
     
  17. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    парите би влијаеле на мене во односот со некои луге кои ме нервираат а оние кои ги сакам немозе ништо да ме нетера да го променам карактерот спрема нив и би влијаеле на моето облекуванје

    иако можеми немам 2-3 милони евра али се сметаме за едни од најбогатите луге во населбата во која живеам и уште од мали нозе се навикнав да бидам нарекувана газдарицата на ас маркет, газдарицата на алфа, газдарицата на ас барот (мои се газди на поисе објекти) али мене ме нарвира кага така ме зикаат викам не сум јас газдарица туку мама и тато
    мислам јас сум дете!!!!
    и не сум дигната а би мозела да шетам со носот во облаци али би ми сметало сонцето :D
     
  18. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Имам многу примери пред мене па така да несакам повеќе од ова што го имам.
     
  19. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Парите не не прават срекни ако немаме со кого да ги поделиме.
    убаво е да ги имаш и на пример со саканиот да одиш на многу убаво место на одмор.
    Но ако си сам не вредат ништо.
    и мислам дека доволно е да се има за да опстане човек.. друго не
    човекот станува само себичен горделив и алчен...
     
  20. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    За жал,парите во денешно време се преценети и многу луѓе ги ставаат на прво место во својот живот,се менуваат заради нив,всушност ги заслепува блесокот на богатството.На нив гледаат како да се најважно нешто..за жал.