1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моќта на парите?

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 24 април 2012.

  1. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Ќе се обидам да одговарам од моја гледна точка иако јас немам милиони (ни илјадници). Кај мене во семејството никогаш не сме имале многу, секогаш сме биле златна средина. Ама се што имале и имаат моите го чуваа за мене и сестра ми. По 25 години штедење успеаа да купат трособен стан, покрај куќата која ја направил дедо ми и му ја дал на татко ми. Според мене ние како семејство сме среќни и исполнети. Секако дека има(вме) проблеми, кои признавам јас највеќе ги правам, ама барем секогаш сме си тука еден за друг. Парите мене не ми менуваат многу. Јас и со ова сега што го имам знам како да се задоволам. Не се малку или многу пари ама најважно се знае како правилно да се распоредат. Ако нешто научив е тоа дека јас сега вака сум среќна, со овие луѓе кои ги имам. Малку смотано се чувствувам дека само тие работат, а ете јас сеуште немам најдено и дека постојано сите ги слушам како имаш ли пари, да ти дадеме, бла бла. Лошо се осеќам во таквите моменти. Ама активно барам работа.
    Е сега, кога ќе видам пак сиромаштијата како влијае врз луѓето станувам тажна. На пример тоа се што се случува во Бугарија е доказ дека државата направила лоша проценка со тоа што влегоа во ЕУ. Затоа сега основниот продукт за исхрана - лебот им е ненормално скап. И затоа сега ќе се случуваат морбидни нешта таму. Моќта на парите, посебно и кога станува збор за ситни пари наменети за прехрана е огромна.

    ... Или кога ќе видам како младите девојчиња по секоја цена се трудат да избегаат од сиромаштијата! Бегаат од дечковците кои ги љубат, само да најдат некој финансиски подобар, а не им текнува дека финансиите треба пред се тие самите да се потрудат да ги направат. Ама се тоа е испреплетено од една поголма сила, од раководењето и идеите на нашата држава и начинот на водење на нашето општество. Кога ќе прерасне државата и ќе се определи повеќе да се цени уметноста, изворната убавина на Македонија и (М)акедонците како народ мислам дека сите ќе бидат позадоволни. Бидејќи ти да имаш една ука како занаетчија може да направиш пари. А дали тие ќе те сменат, секако, ама ти само одлучуваш колку.

    Да кажеш дека нов лаптоп - кој ќе го купиш ако имаш ПАРИ - те прави самиот по себе среќен е глупости. Тебе може да те прави среќен онa што лаптопот го носи како предмет, пример: има подобри програми за извршување на одредени работи иl дека со него ти поефикасно ги завршуваш работите и се надоградuваш.

    НА крај ништо не може да ги замени вистинските луѓе кои ти се потребни за да живееш во овој свет. Едино тоа може да е здравјето, а парите никако не. АМа видете што се случи со Steve Jobs, кој беше пребогат ама ете неможеше да се спаси. ЗНачи не секогаш парите се доказ дека здравјето ќе ти цвета .
     
  3. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Според мене парите само го подобруваат начинот на живеење и немаат никакво влијание за ја да донесувам одлуки од типот еј овој има пари,кола и ја сакам да се омажам за него.НЕ! Тоа за мене е апсурдно.Би избрала љубов наместо пари.Нормално дека човек не може да живи само од љубов,меѓутоа кога двајца се сакаат,подржуваат можат заедно да постигнат се во животот.
    Имаме само една шанса да го живееме нашиот живот најдобро што умееме,па затоа не треба да ја прокоцкаме. Парите не можат да го направат човекот среќен,ако тој не умее да ужива во оние мали секојдневни работи,кои ни ја исполнуваат душата и внесуваат љубов и среќа во нашите срца.Животот е постојана борба за подобро утре,но убавината на животот не се состои во евентуалната среќна иднина, туку во убавината на живеењето во реалната сегашност, во која треба да научите да бидете задоволни од себе и од она што го имате. Потсетете се на сите оние секојдневни ситници кои успеваат да украдат барем мала насмевка на вашето лице.

    1. Моментот кога ќе ти заѕвони будилникот и ќе се сетиш дека тој ден немаш никакви обврски.

    2. Кога брат ти или сестра ти ќе те потсети на случка од детството на која со сласт се смеете до денес.

    3. Свежината на раното утро.

    4. Насмеаните колеги на работа.

    5. Кога ќе изгубиш осет за време во разговор со мајка ти.

    6. Чиста постелнина после напорен ден.

    7. Малата, но слатка победа.

    8. Чувството на осознавање на вистинската љубов.

    9. Првиот бакнеж – чувството на полудени пеперутки во стомакот кога ќе бакнеш некој посебен...

    10. Спокоен сон.

    11. Почетнички грешки – после нив се е искуство е невозможно да ги гледаш работите на наивен начин како првиот пат.

    12. Изненадувачка средба со стари пријатели кои не си ги видел со години. Одеднаш уживаш во нивното присуство.

    13. Чувството на самоостварување – кога ќе ги оствариш поставените цели. Ова е момент за славје.

    14. Насмевката на бебето.

    15. Звукот на капките дожд кој ги слушаш лежејќи на каучот со книга покрај себе.

    16. Среќата на лицето на некој кому сте дале подарок.

    17. Реченицата „Здрав/а си!“ од устата на вашиот доктор.

    18. Кога ќе видиш заљубени баба и дедо.

    19. Кога некој ќе те почешка по грбот токму онаму каде што треба.

    20.Ситуација кога некој се сомневал во вас и на крајот испаднало дека сте биле во право.

    21.Моментот кога доживувате мини срцев удар, бидејќи не можете да го најдете мобилниот во џебот, но потоа сфаќате дека е во другиот.

    22.Кога спонтано водите љубов со вашиот партнер, без никој од вас да го планира актот.

    23.Оние среќни утра кога се будите и ги чувствувате оние „позитивни вибрации“ и се чувствувате фантастично.

    24.Чувството кога пеете и играте на гласна музика додека сте сами дома и потоа сфаќате дека вашата сестра или брат веќе 5 минути ве гледа и ви се смее.

    И најважно од се:
    1.Со пари можеш да купиш часовник,но не и време.
    2.Со пари можеш да купиш кревет,но не и сон.
    3.Со пари можеш да купиш книга,но не и знаење.
    4.Со пари можеш да купиш куќа,но не и дом.
    5.Со пари можеш да купиш секс, но не и ЉУБОВ.
    6.Со пари можеш да купиш лекови,но не и ЗДРАВЈЕ.
    Најважните работи во животот не можат да се купат со пари.
    Не се среќни оние кои имаат многу,туку оние кои можат да се задоволат со малку. Не е среќа да трагаме по невозможното,туку да знаеме да го цениме она што го имаме, знаејќи дека некој го нема ни тоа. Затоа ценете го она што го имате, парите доаѓаат и си одат,вистинските вредности остануваат засекогаш.
     
    На glosipgirl, sweet-star, ancebanance и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Некако сите во врска со парите споредуват дали треба да се мажиш од љубов или со некој што има пари..:) мислам дека прашањето е "моќта на парите?" значи колкава моќ имат парите..а мажачката е само еден сегмент од моќта на парите...а кога се мажиш најдобро е од љубов со некој кој веќе си го решил финансиски животот а згора на тоа и да е едноставен, добар :)
     
  5. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Ние живееме во општество во кое лебот се купува со пари. Погледнете ги оние што собираат по контејнерите за да преживеат. Но сепак. според мене најважно е здравјето. Многу ваќна е и љубовта, мирот во дучата итн. Се сваќаш колку е важно , кога го немаш, кога копнееш по тоа, за жал.
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    „Не можете да им служите на Бога и на мамона.“
    Taка вели Библијата, но какво време дојде, духовното почна да слабее пред материјалното.
    Ги сожалувам оние кои моќта на парите ги надвладеала. Очигледно, доволни се само неколку банкноти за да бидат купени.

    Според мене со парите може да си купите господарство и ропство. Изборот е ваш.

    Ги сметам за важни додека ми ги задоволуваат основните потреби и по некој инцидентен мал луксуз.
    Ги ценам колку што треба, во однос на тоа што претставуваат. Нечија сопственост.
    За жал, повеќето, иако не сакаат да признаат, се` повеќе стануваат нивни слуги отколку стопани.

    Ти си стопан на парите кои си ги заштедил да уживате со семејството во убав годишен одмор, но дали си стопан на големата куќа на твојот/твојата сопруг/сопруга, ако за да седиш во неа трпиш малтретирање, неверство, студенило, недостаток од љубов, презир, секојдневно префрлање за тоа колку лесно и ефтино си се продал? На луѓето им се фалиш „што си постигнал од животот“ како од Пепелашка си станала кралица, како од питач си станал принц. Но твојата шуплива и празна внатрешност е реалноста во коja живееш и која со текот на годините почнува се` посилно да смрди и да станува неподнослива.

    Јас не сакам таков живот. Сакам да се испотам, но да бидам задоволна газдарица на сопствениот денар, а не парата мене да ме управува. Затоа не ми било срам дипломирана да трчам за минимална месечна плата. Затоа што со неа, лебот сум го јадела со мерак, без наведната глава дека некој ќе ми го пререче или да ми пререче некој дека ми ја нашол работата па да ја чувствувам платата повеќе негова отколку моја. Има такви, пред другите се удираат во гради „еј јас работам“, а сами со себе се незадоволни и си велат „што има тој што јас немам па да не можам сам да си најдам работа, туку мора тој да фаќа врски за мене.“

    Мој совет: изберете пари во комплет со слобода. И стомакот и духот ќе ви бидат исполнети...можеби ниту едно од двете нема да биде до врвот, но ќе бидат рамномернo застапени. ;)
     
    На vinozito1, reddevill и miss.ella им се допаѓа ова.
  7. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    Парите немаат никаква моќ.
    Моќта е во разумот, во луѓето кои размислуваат разумно. Моќта ја имаат само оние кои знаат што навистина вреди во животот, што треба да се има и на што треба да се внимава. Сите ние веќе знаеме што е највредно и скоро сите го напишавте тоа, но има и луѓе кои мислат дека тоа можат да го заменат со пари. Но на празно. Парите неможат да не направат среќни, ако ние самите не вложиме труд во тоа.
    Што значи дека моќта е кај човекот.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.998
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Сето тоа зависи од самиот човек.Какви му се гледиштата,карактерот,..
    Некои луѓе поседуваат пари,моќ и престиж,но сепак тие се осамени..
    Доволни се мали моменти кои ќе бидат дел од животот на еден човек за да го направат барем малку среќен,да се наврати во детството...Зарем има нешто поубаво од тоа? :)
     
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    парите не се битни...
    добро ќе ти решат станбено прашање и ке се дотераш ,ќе шеташ низ цел свет, ќе станеш себичен?
    Дали ќе ти се важни кога ќе изгубиш некој близок,сакан,некој без кого нема да можеш? НЕ..
    Изгубеното време ниту со пари не се враќа...
    но, денес со парите ако треба се ќе поткупиш освен емоциите....

    не е се во парите и во разумот има,можете да имате пари а да се правите како скршен денар да немате,да бидете скржави,себични или пак иако ги имате нема да ви се толку битни како семејството,љубовта,она нешто што ве исполнува
     
  10. sparklegirl

    sparklegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    29
    Пред неколку години шетавме со мама, тато и сестра ми во Струга и застануваме до еден Џип ама Џипот беше страшен и плус одпозади имаше приколка и во приколката имаше уште пострашен глисер и доаѓа сопственикот и тато нешто прокоментира во смисла колку е добар и сопственикот само покажа накај нас и вика дека тато бил тој кој бил навистина богат а колата не му значела ништо
     
    На tessie и adrijanka им се допаѓа ова.
  11. safija35

    safija35 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Ма тоа злато мое е само изговор со кој се тешат сиромашните или фраза која ја изговараат богатите за да ги утешат. ако се децата и семејството богатство, зошто тогаш трчаме сите што повеќе да имаме? Зошто не правиме деца туку гледаме да натрупаме што повеке богатство? За да човек биде срекен потребни се и пари и семејство, оние што го имаат едното патат по другото. Џабе ти е семејство ако ти неможеш да им овозможиш пристоен живот, е да преживеат туку истински да жиеат а не да се стегаат нешто да си купат или да немаат сопствена соба ....
     
    На glosipgirl, Captain-Omni и Girl.in.love777 им се допаѓа ова.
  12. safija35

    safija35 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Ма тоа злато мое е само изговор со кој се тешат сиромашните или фраза која ја изговараат богатите за да ги утешат. ако се децата и семејството богатство, зошто тогаш трчаме сите што повеќе да имаме? Зошто не правиме деца туку гледаме да натрупаме што повеке богатство? За да човек биде срекен потребни се и пари и семејство, оние што го имаат едното патат по другото. Џабе ти е семејство ако ти неможеш да им овозможиш пристоен живот, не да преживеат туку вистински да жиеат а не да се стегаат нешто да си купат или да немаат сопствена соба ....
     
  13. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    За мене парите се само егзистенцијален извор за подобро секојдневие,но во никој случај не би ми ја купиле среќата.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Дали се е во парите? - Жално е што денес се е во парите!
    Често знаеме да кажеме нека има здравје парите не се битни. Е битни се! Па ако немаш пари ни здравје ќе немаш, затоа што еден лек за главоболка кошта пари...
    Се е денес во парите... Без пари не сме ни за на ливада...
     
  15. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Да, битни се парите. Парите владеат со светот. Колку иронично. Неколку ливчиња "специјална" хартија можат девојка да ти купат за во кревет. :?:

    Треба да ги цениме парите што ги имаме, да работиме за да имаме пари, но не и да ги сакаме повеќе од се на светов. Парите не се најбитни, но со нив многу полесно би било.
     
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    олеснуваат ја егзистенцијата...самото тоа кажува колкава е нивната моќ
     
  17. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    се разбира дека се битни и доволно се познавам и знам дека парите можат да ја купат среќата (не ме сваќајте погрешно не сум материјалиста) едноставно можеш да си пружиш се што ќе посакаш :)
     
  18. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Парите немаат толкава вредност доколку сме сами на овој свет или немаме блиски за да ги поделиме со нив.
    Да, потребни се пари во животот за се, жално но вистинито. Но сепак сметам дека е доволно да се има за убав живот, онака просечно, ни многу ни малку. Лошо е да имаш малку пари, но лошо е и многу. :?:
     
  19. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Ајде да бидеме реални. На сите ни се потребни пари за подобар живот. Кој ја сака сиромаштијата. А тоа дали со парите ќе правиш глупости, ќе се коцкаш, ќе ги даваш по швалерки, дрога е веќе друго прашање. За мене прво е здравјето, а потоа по ред многу други работи, се разбира и парите. Луѓето кога ќе останат без работа, а со таа плата хранеле фамилија, е нив убедувајте ги дека не е се во парите.
    АЈДЕ ДА ЗАВРШАМ СО ЕДНА МУДРА МИСЛА ОД ФИЛОЗОФОТ АРИСТОТЕЛ: ЗЛАТНА СРЕДИНА ВО СЕ!
     
    На a.c.k.a му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Парите имаат толкава моќ колку што ние ќе им ја дадеме.
     
    На Gordana10, imelda, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.