Со пари се купува можеби добра забава и лусуз ама не и среќа, во дадени случани не се купува и здравје. Парите се за да ни го олеснат преживувањето , да ни дадат егзистенција, не да не потчинат,не за да бидиме нивни роб
Vidno bev ispirirana od razgovor so mnogu licnosti okolu parite...neznam dali vie poznavate l luge koi ne pushat nishto osven Davidoff, ako zapalat Rodeo ili York ke se otrujat, Koi ne pijat nishto osven Coca Cola, ako se napijat sok na rastvaranje moze ke dobijat diarea, Koi pijat samo Wisky, zatoa shto od zolta mozze da se onesvestat, ..... - pa ushte ako se zeni -, Ako ne pojdat kaj svojot stilist, ne izleguvaat od doma, zatoa shto auuuuf, kako toa?!...; Koi nikako nishto drugo nemaat vo plakar osven italijanski brend (koi neznam dali voopshto go ima kaj nas ), zatoa shto od se drugo moze da dobijat sipanici, Koi nosat iskluchivo brebdirani naochari, zatoa shto ostanatite ne se dostojni za nivniot lik.....itn, itn, itn Dolga e listata dragi prijateli. Jas so sigurnost znam edno, rastev vo uslovi vo koi mnogu ednostavno mozev da stanam ligav snob, no GORDA sum shto ne sum!.. I gorda sum shto bev daleku od doma i od moite ... ama toa me napravi ushte posilna ... [mod-kirilica:1pyv90id][/mod-kirilica:1pyv90id]
ДЕФИНИТИВНО парите ја имаат клучната улога во нашите животи.Нема да одам во екстремност да се нема ич или да се има премногу но кога гледам најчесто на тв луѓе без грам среќа во животот што се одразува лошо на секој можен начин на нивниот живот си помислувам дека парите се ОНА што ни е највеќе потребно,.Звучи лакомо но искрено.Парите неможат да ни го вратат здравјето или најмилите но можат на поинаков начин да придонесат мн позивитивно во СЕ`.Човек во животот треба да е малце лаком но доволно колку да се мотиивра а не да се претвори во фанатик по пари.Најчеста изреа е кај нас (парите нема да ги носи во гроб ) итн но како што кажав претходно ,гледајки ги мизериите на одредени луѓе се прашувам дали некој толку нема среќа или не се труди вистински . http://www.youtube.com/watch?v=Q-V9W_1R-ds
За пристоен живот ДА, ти треба пристојна сума на пари. Еве еден пример од мои блиски роднини. Значи нашите семејства беа многу блиски меѓусебе. Ние бевме подобро ситуирано семејство затоа што татко ми се трудеше. Сакаше да успее и да ја загарантира иднината на целото семејство (сеуште е така). Другото семејство беа цело време лошо расположени, песимистички настроени кон животот и затоа го живееја од денес за утре! Колку заработиш денес, дупло повеќе потроши утре! Заглавуваа, заглавуваа се повеќе и повеќе во долгови и не знам како, божја сила ли е или прашање на среќа, отворија мал бизнис кој се прошири на интернационално ниво. Денес, возат секакви автомобили и децата и родителите, имаат 2 куќи, викендица, цела фирма!! Откако се издигнаа во облаци, заборавија на старите пријатели и на оние кои им помагале за време на тешките денови. Сега се дружат само со џет-сетери, бизнисмени, познати фаци, политичари, газди на ланци продавници и што ли уште не и само се обидуваат да се вклопат, да изгледаат како отсекогаш да се на врвот. Од толку пари не знаат веќе ни што да прават. Се растураат како целина, како семејство. А тоа е најлошо! И како што вели татко ми: Богатите луѓе се како пепељари, колку пополни, толку погадни!
Парите ќе завладеат со нас онолку колку што ние ќе им дозволиме. Најголем порок на денешницата, причина за развој на сите други пороци. За жал за многу кои паднале под моќта на ова ништожност, враќање назад нема. За секогаш својата душа му ја предале на ѓаволот.
Знаете ли колку сеа ќе бидам среќна да отидам на Хаваите?Многу, ама оп нема се парииииии.. За наша голема жалост во денешно време, за скоро се ти требаат пари, т.е за подобар живот тоа е факт, тоа е суровата ВИСТИНА..соочете се со неа... Точно е дека за многу убави работи и не се потребни парите,не викам не...Али не е тоа тоа.. И вистина е дека тие што највеќе имаат се најстиснати, ама тие се само што дозволиле парите да раководат со нив, јас би избрала јас да раководам со парите , зашто да не..Парите во деношно време се моќ..Луѓе за пари убиваат, се курваат..сигурно не го прават тоа пошо им е досадно(да се разбеме не ги оправдувам, никако!!), него затоа што им се потребни пари за да преживеат.. Има и такви што се многу сиромашни, НЕМААТ НИШТО, ОСВЕН ПАРИ.. Значи парите е добро да ѓи имаш за подобар живот на пр:да можеш да отидеш на одмор, да се облечеш без да ја гледаш цената(не во сите случаеви)да се нахраниш ко шо треба, и да не мислиш како ке ги платиш сметките, или како ке се преживее до следната плата.. П.С..Во Мак парите не се проблем, пари Нема
Па и да имаш пари, доколку ги немаш правилните луѓе покрај себе, се ќе ти е за џабе. Знаете колку познанички летово се испофатија со богати дечковци само за да тие ги однесат на одмор некаде далеку од Македонија - цел куп. И откако си го поминаа тој платен одмор си дојдоа дома и им раскинаа на дечковците. Јебига може најдоа богаташи ама не им е убаво со нив, не се вљубени во нив. Всушност богаташите ги вараа нив на секој чекор со некоја друга.
Така е! Имаш: 1.другарство за пари; 2.врски за пари; 3.брак за пари.... итн ...итн... Испровоцирана сум многу во последниов период од личност која И ТЕ КАКО е МАТЕРИЈАЛИСТА, ама тешко го прикрива тоа и глуми ДЕВА МАРИЈА.... Ах како би сакала да и го кажам следново: „Имотот на сопругот, имотот на неговите родители не е твој и тој никогаш нема да биде твој. Ти не си газдарица на нивниот имот, газди се неговите родители, твојот сопруг и идните ваши деца“. Ех некои луѓе треба многу многу мед да сркаат....... Значи немам ништо против (чесните и вредни) богаташи-нека им се со среќа парите и нека си ги трошат, ама гледам дека и тие не се среќни...замислете со какви мршојадци се опкружени.
Никогаш не сум целела кон материјалното и не ни сум мислела дека парите можат да ја купат среќата, но како што растев и созревав така почнав да сфаќам дека реалноста не била онаква каква што ја гледале моите детски очи. Кога си дете не размислуваш за парите, не размислуваш за ништо.. Секогаш мислев дека доволно е да се има љубов а другото само ќе си дојде но не е така, за жал парите навистина се пресудни за среќата и оној кој го измислил тоа дека среќата, здравјето и љубовта не се купуваат со пари многу гадно се излажал а и го излажал цело човештво наведувајќи на скроз погрешно размислување. Да бидеме реални СЕ ДОАЃА ОД ПАРИТЕ И СЕ ЗАМИНУВА СО НИВ. Ако имаш пари имаш и здравје, можиш да си приуштиш здрав живот, исхрана, одмор и релаксација на умот и на телото.. фактички еднакво на здравје, ако немаш пари си постојано под стрес а од него се предизвикани сите болести. Резултат: Имаш пари = имаш здравје. И не знам зошто сите мислите дека богатите луѓе најчесто добиваат љубов со пари, најголемата невистина. Ако имаш пари имаш можност да си постојано во кругови со луѓе, да шеташ, да запознаваш да се социларизираш што дополнително ти го зголемува кругот на пријатели, а и зошто некој би се дружел со тебе поради парите? Се зависи до личноста и карактерот, ти сигурно нема да му бидеш нечиј спонзор па да ги расфрлаш парите за нивни задоволства.. Да сумираме, имаш пари -> имаш влез во секакви социјални кругови = широк круг на пријатели. Е сега на крај доаѓа љубовта а тоа дефинитивно е дискутабилно прашање и повторно ќе речам зависи од личноста. Ако човек не е изграден духовно, нема никакви погледи, познавања, размислувања т.е. со еден збор нема што да понуди на друг освен парите тогаш нормално дека ќе добие „ купена љубов“ т.е. некој кој ќе се согласи да го помини животот покрај него во замена за пари, но кога човек вложува во себеси во изградбата на својата личност а пред се не црпи его од моќта на парите тогаш зошто да не би можел да пронајде вистинска љубов? Значи се е до тоа како човек гледа на парите, дали се главна или споредба карактеристика во неговата личност и живот. Што значи стигнавме до главното, ако се има пари се има се и тоа е за жал е суровата реалност. Парите навистина го вртат светот а без ниб си само пропадната личност која ќе изгние несреќно. That's all folks.
Парите се важни, и тоа многу. Не можеш со нив да купиш љубов, семејство, време... Но, важни се. Добро стоиме со финансиската состојба, златна средина, како што неколку пати е напоменато во темава. Но, понекогаш навистина посакувам да имам многу пари. Нема ли да ве направат парите среќни кога ќе можете да си дозволите да одите на одмор, еднаш во годината, без да мора претходно да скратувате од неопходни работи, секој месец да ставате пари настрана, само за да еден одмор? Нема ли да ве направи среќни некое патување надвор од државава? Онака, без да размислувате колку пари ви останале во џеб, да се прошетате и да си купите нешто, без да ја гледате цената. Нема ли да ве направи среќни шопингот, кога ќе се подновите со некое парче облека, едно или повеќе, за кое нема да има потреба да штедите, безразлика дали подолго или пократко време? Некои луѓе сметаат дека ако имаш многу пари, автоматски си несреќен. Или пак некому попусто има пари кога нема семејство. Парите ли се криви поради неговиот недостаток наречен семејство? Или, што ќе ти се пари, кога си болен? Потребни се, особено кога ќе треба да си купиш лекови, и сите средства кои ќе ти помогнат побрзо да оздравиш. Исклучок се неизлечливите болести. Ќе бидете ли среќни кога нема да имате пари за да купите леб да го прехраните семејството? Ќе бидете ли среќни кога размислувате како да сврзете крај со крај? Подобро е да плакаш во Мерцедес, отколку на велосипед.
Мене не ми се толку важни парите. Можда и затоа си најдов 1000 на пат, неодамна. Најважно ми е среќа, а среќата што јас ја сакам, не можам да ја најдам во парите. Фактички, јас ја имам среќата цело време, среќата е во нас, но на некои луѓе им треба поттик за да ја разбудат среќата во нив, како на пример парите. Мене не ми треба тоа, кога сакам да сум среќна, среќна сум, скоро секогаш гледам оптимистично.
Реално гледано, колку и да е точно дека најважните вредности во животот немаат цена... сепак, сакале ние да прифатиме или не, парите се неопходни за егзистенција и нормално функционирање, па и по некое задоволство, иако минливо и моментално. Зарем постои некој којшто нема да се израдува на нешто со кое се подновил? Некој кому никогаш не му се случило барем накратко да заборави на некоја стресна ситуација преку мал шопинг, некој кому не му се случил момент кога му треба да избега од сeкојдневието на опуштено патување? И не, среќата не се купува со пари, но поседувањето на сума од истите доволна за да си обезбедиш пристојни услови за живот тебе и на твоите блиски, те прави спокоен и задоволен. Она најважното е во нашите очи парите да останат само средство, кое ќе се обидуваме да го обезбедиме колку што навистина ни e потребно за да ги задоволиме потребите за пристојно удобен живот. Наше е да не дозволиме да ни го променат карактерот во зависност од тоа колку ги имаме. Уште помалку пак, да дозволиме финанската состојба да ни стане критериум кој ќе ни влијае на проценување на луѓето. Како што никој не заслужува ниту потсмев и омаловажување поради недостатокот на пари, облеката, немањето модерен телефон... така никој не заслужува ниту по дифолт да биде оквалификуван како сноб без никакви човечки вредности поради побогатото потекло. Да не им ја дадеме моќта да ни станат приоритет во животот и да не ја ставиме трката по пари пред посветеноста на саканите, запоставувајќи ги чувствата кон нив поради истата. Затоа што луѓето се создадени да се сакаат, а материјалното да се користи.
Парите се ЗЛО без кое се Не може... како и да е..здравје, љубов, среќа, фамилија, радост....не се купува со пари... но некогаш се потребни..за да си пружиш некое задоволство..но задоволството е кратко..и завршува.. фамилијата, здравјето, љубовта итн..се вечни..и без нив..колку и пари да имаш..све је узалуд...
Парите имаат голема улога во животот. Сите аспекти за нормално функционирање се поврзани со финансиите. Нивната моќ доаѓа до енормен израз кога приоритетите се трансформираат во броеви со кои се прават секакви калкулации за лични потреби. Таму каде што се создава простор за пресметки нема место за човечност.
Имаше едно што го велеше мојот професор,а тоа е.Нормален и здрав човек не дозволува да остане без пари. Ако е болен и неможе тоа е во ред.Но здрав човек и да му фали леб,ондак веројатно не е во ред нешто човекот,.или што би рекол професорот(покоен веќе) нормален поединец не се остава без леб Ова поединец ми е многу интересно Јас не би сакал да имам Милиони(одма ќе ме затвори владата) Сериозно не би сакал да бидам олигархија.Сакам убави автомобили и конечно да си купам нешто поасално од пежово 307 кое секој втор ден ми е на сервис Но да давам за врвци 70 евра како што даде еден другар мој богами тоа никогаш не би го направил,колку и пари да имам. Куќа никогаш не сум сакал да биде на спратови.Доволно ми е еден,но да е среден. Кога би бил богат веројатно би бил истиот човек како и денес.Повторно ќе донирам како и сега,би си го купил најубавиот велосипед и едно добро Ауди,бидејќи со пежово веќе не се може Прво што би го направил е би отворил една фондација за згрижување на животни и луѓе.Така ќе се смирам сигурно,бидејќи реално имам немир во душата кога ќе видам колку сиромаштија има околу нас и како животни талкаат по улица барајќи храна за да опстанат.Можеби и заради тоа несакам да бидам толку многу богат,бидејќи многу често помислувам и на оние што немаат Друго што би направил.Патувањата сигурно би ги зголемил,иако доста сум шетан јас,но повторно би патувал.
"Нема пари" , "зошто нема пари" , "ех уште пари да имав и се ќе биде во ред"... Се се врти околу тоа , но дали имате приметено дека и кога имаме пари ние се жалиме за нешто друго , за партнер , за здравје итн. Тогаш пак велиме "само мир или здравје (или и двете) да имам, друго не ми треба"..... Ние стално нешто бараме, се нешто ни фали ... тука зборуваме за пари , и како немањето пари не успорува во многу работи ..... но утре или на друго место ( во друга тема) ќе се жалиме па од друго нешто .... Мислам дека не е проблемот во парите , туку во нас самите... Во главата ни се врти постојано едно исто , како ако имаме повеќе пари, поубава кола, добра работа.. ќе бидеме посреќни. Ај видете дали во животот сте добиле нешто што го сакате( што сте го посакувале)? Сигурно има доста такви работи такви, и вас тогаш па нешто друго ве мачело, копкало... друго сте барале.... Живееме некако со тоа "што да направиме за да бидеме посреќни", инаместо да живееме во сегашноста и да бидеме среќни , така тапкаме у место .Сонуваме за некое друго посреќно време . Нема такво , ова е наше. Кога ќе бидеме задоволни со тоа што го имаме, од сите страни ќе добиваме...А вака нема потреба да добиеме нешто што сакаме, оти универзумот знае, и да ни го пушти ние пак ќе бараме уште и уште.
Единствената најголема моќ на парите е да го направат човекот роб, работејќи напорно за да ги добие и за основни работи да ги потроши за да опстане зборувам за оние просечнине семејства. Додека пак богаташите трошат пари на безвезални скапи работи за да ги импресионираат другите околу себе и да добиат некое внимание, а скоро никој не се дрзнува да помогне на оние кои гладуваат па нормално тоа не се смета за сериозен проблем се додека они не настрадаат од истото.