Порано да мислев дека парите имат најголема улога во животот,и за да си среќен треба да си богат.Ама не е така!!!Поради ххх причини сватив дека здравјето има најголема улога во животот.Шо ке ти се пари ако не си здрав? Прво најбитно е здравје,па после се по ред.Знам дека звучам ко старите ама ова го кажвам од сопствено искуство.
Секако дека здравјето е најважно, парите ни создаваат само нервози бидејќи поголемиот дел од нашиот народ заработува малку и неможе да си дозволи некои задоволства (одмори, шопинг и сл.), а секогаш излегуваат трошоци од сметки, нешто се расипало, нешто дотрајало и слично.
Мене некако подредени ми се приоритетите потсвесно. Пример кога му честитам на некој роденден, велам здравје, живот, среќа, љубов, пари. Да, парите се на последно место во приоритетите, ама неминовно ги пореметуваат сите горенаведени ако ги немаш! На здравјето влијаат нервозите, секојдневното борење и живеење од денес за утре... Кога некој родител не може да му ги задоволи основните потреби на чедото... Значи со самото отсуство на парите се нарушува во најмала рака психичкото здравје на човекот. Па и на среќата, па и на љубовта влијаат. Секогаш сум ЗА бракови од љубов без разлика на финансиските можности на партнерот и знам дека доколку би одбирала помеѓу љубов и пари дефинитивно би одбрала љубов, ама свесна сум и дека немаштијата носи неслога, монотонија, борба... Ја убива и љубовта. Иако не ми се приоритет, знам како влијаат на целокупното секојдневие. Моето семејство пред да се родам јас биле многу богати, дедо ми прв имал телевизор во улицата итн итн ми раскажуваат. Јас од кога памтам ние врзваме крај со крај, од денес за утре, некогаш било дојдено и да си тргнам на страна по 10, 20 денари за да соберам 2-3 стотки да си купам нешто што ми треба. Затоа сите се трудиме сите се бориме да успееме колку-толку за барем да не се грижиме како до крајот на месецот. Ама во Македонија многу тешко... Уште полошо време иди. Да не прикажвам многу, во главно ова е моето мислење за парите.
Не ги читав другите коментари, дојдов само да коментирам Парите немаат моќ, лугето им даваат моќ на парите. It's simple as that.
Далеку сум од светица, сакам пари да, но не по секоја цена. Убаво е да имаш пари, да си ги заработиш, не и по секоја цена да трчаш по пари или да ги цениш луѓето според имотната состојба и куповната моќ. Немојте само да се лажете дека парите не купуваат здравје, среќа, спокој, љубов и другарство. Ооо и тоа како купуваат. Прашај го сиромавиот како се лечи, а како оној кој има пари, болни има и од двете страни. Несреќни има и од двете страни. Љубов му фали и на сиромавиот и на богатиот, пријатели исто... Со пари е многу полесен животот, така да... Конкретно да одговорам на прашањата... 2/3 милиончиња супер ќе ми дојдат сега. Ќе инвестирам во недвижнини и после цел живот ќе ги рентам. Ќе си дозволам некој луксуз, некое аптување, фин автомобил и некое реновирање не дека не, но поголемиот дел ќе ги инвестирам и ќе ги умножам. Колку ќе ме смени тоа... па штознам. Дека пријателите нема да ги заборавам тоа нема сигурно, дека нема здраво да викам на улица и да одам со крената глава па уште помалку, не е мој стил. Се ќе си остане исто само што ќе бидам многу побогата, ќе мора повеќе да внимавам со одлуките и да останам трезвена во размислувањата. Како и да е, не би трошела на бесни искачања и лудувања, пак не сум тоа јас. Ќе патувам многу сигурна сум и мирна ќе ми биде главата, сите што ги сакам ќе бидат обезбедени.
Мене никаква парична добивка не би ме сменила. Во животот су доживеала, искусила, видела доста работи, а парите никогаш не ми биле приоритет. На нив гледам како нешто со кое мора да се платат сметките и толку. Многу ми рекле дека сум неодговорна и дека трошам ? ! Па нели се за трошење? А кога тоа треба се троши кога само еден живот имаме
Нема врска. Доволно е да се отвори учебник по историја, или пак да помислиме на некои луѓе од нашата околина за да сфатиме дека меѓу најбогатите и најмоќните имало и има многу, многу несреќни. Плус тоа, парите кога ги имаш премногу се преголема обврска, колку повеќе ги има човек, толку повеќе се превртува во кревет ноќе. Вистинското богатство е да успееш да бидеш задоволен со што помалку материјални добра и да си свесен колку всушност имаш и истото да го вреднуваш.
Е ајде де. И ја мислев дека е таа темата. Барем вака, често ќе се најдеш во ситуации кадешто од нула може да се добие само повеќе, не можеш да изгубиш од нулата. Не за џабе дури и за да земеш кредит треба да исполнуваш одредени услови, постојана работа, ова, она... Но, секој со своја перцепција. Мислењето повеќе ми се однесуваше на погорниот став дека на богаташине све им е рамно па ги тешат сиромасите со фрази од типот на „ти си богатиот“, покажувајќи кон жената и децата пример додека у себе си викаат „мф што ми е убаво со паричињава“. Не ми беше поентата дека сиромашните се по дифолт среќни, но барем се наоѓаат во ситуации кога почесто можат да добијат нешто отколку да изгубат (пак мислам на материјални средства да си потенцирам чисто за секој случај). Не треба да се генерализира.
Според мене парите се главен двигател и цел живот се бориме со нив. Голема моќ имаат а и големо влијание врз нашите животи. Но, во животот сум научила само едно во врска со парите - колку повеке ке се прилагодиш да живееш со помалку, толку посреќен ке бидеш. Убаво е да се има купче на страна за она што старите го викаат ,,за зорт за аман,,....ама да печалам и да правам купови а ваму да мизерувам, немам намера.
Во врска со темава само морам да признаам дека татко ми има право. Пред него никако не признавам, ама вака кога ќе подразмислам, па има право. Кога ќе ми светнат некои знам да му спомнам да ми купи детектор да барам злато а тој сериозен само ќе ми рече-тоа не ни треба, сакам мирно да спијам а не со страв, го сакам само тоа што е мое. И има право, не дека мислеше само на проклетијата на така најдено злато за кое луѓе проколнувале, туку и ако имаш многу, никогаш нема да можеш мирно да заспиеш. Секогаш ќе бидеш мета но не на оние кои немаат па сакаат бргу да се збогатат, туку на оние кои тоа им е во крвта, да крадат од другите а обично имаат доволно. Да имаш доволно за себе и за твоето семејство, да живееш и да прошеташ, да оставиш нешто и за децата но не и да им натрупаш и да ги направиш паразити-е тоа е убавината на "парите". Сето она кое ја прелева чашата на "доволно за живот" и се трупа по странските и домашни банки е алчност. Во животот постојат такви ситуации за кои сите банки споени заедно немаат доволно моќ да помогнат. Тука моќта на парите е занемарливо мала.
Се е тоа во ред, но би сакала да прашам дали ако утре „ви паднат од небо„ сто илјади евра нема да ги прифатите по цена на мирниот сон? Озбилно не го сфаќам ова со превртувањето ноќе? Што треба да значи? Дека богативе не спијат мирно од страв да не им ги дигне некој парите од сметката? Пак ќе кажам, и од двете страни и богатиот и сиромавиот може да не спијат мирно, едниот од страв што ги има, другиот од страв што ги нема. Премногу генерализирате дека сите богати имаат неубав живот и се вредно што имаат се само парите и материјалните работи, а пак сиромавиот се му е топ во нематријална смисла арно ама нема матријални добра... Без врска... @Abrakadabra темава е за моќта на парите, значи слободно може да се збори за пари во секоја смисла, што ако ги имаш и што ако ги немаш, јас така ја разбирам темава. Се истрча да кажеш, а истото го зборите и вие од двата агли на гледање на работите.
^ Не дека се превртуваат во сон затоа што ги имаат туку се си има своја цена, све си бара своја жртва и тие што имаат многу пари имаат и многу обврски, ако ги заработуваат со свој бизнис цел живот iм е посветен на кариерата, динамично со состаноци, колеги, семинари едно друго а се што е динамично е стресно и не ти дава мирен сон, тие што ги добиле на лотарија и слично брзо ги потрошиле easy come easy go, додека оние што немаат толку од една страна имаат помирен живот и не се замараат со кариера посветени се на семејството и опуштено дружење но затоа пак опаднат им е квалитетот на животот. Се си бара своја жртва на никому не му е све рамно, еве знам од лично искуство, за една "работа" што сакав да ја завршам се ваѓав со тоа дека немам доволно пари, кога моите ми обезбедија доволно добра сум на пари за истата работа, јас пак не ја завршив, што значи треба да знаеш како да раководиш со парите, побитни се карактерните особини кај еден човек отколку парите, ако не си одговорен пак ќе ти пропадне бизнисот и пак ќе бараш пари и се така во круг, некој ги добил на лотарија и сега е бездомник а некој од малку направил многу, некој има пари ама пак не е задоволен, некој нема толку али е оптимист, и кој победува тука? Нели крајната цел е да бидеме среќни а тоа зависи од тоа колку ги цениме "малите нештa" за кои што не се потребни пари.
Тагата, болката, загубата на блиска личност, губењето на здравје или проблеми со партнерот има насекаде. Не бираат богат или без пари, може да се појават во било која категорија бидејќи сите сме луѓе. Во надминувањето на истите или барем нивно олеснување парите ја покажуваат својата моќ. Да не набројувам најразлични сфери за квалитет на живот кога не мора да му ја мислиш дали имаш, колку имаш кога се пофаќаш за нешто.
Малите нешта, малите нешта... Не го разбирам ова... Кои се тие мали нешта? Еве сега на пример, ако ми се јаде некоја сочна слатка (ако е ова мало нешто, нели?), чисто за ќеиф на душата да си каснам, ми требаат 50тина денари денари да си купам. Ама, оваа сума знаете ли колку е многу за некој кој ги нема? Тоа се 2 леба со кои ќе јаде денеска целото семејство! Ама знаете, ќе ви препукне од лебот и маргаринот! Пуста душа посакува и друго, пусти очи загледуваат и тешко е кога останува само на загледување години и години. Животот е еден и тури му пепел на таков во кој што ќе го стискаш денарот за утре, за задутре, за лебче оти за повеќе нема! Ако зборуваме отворено на оваа тема дека да, парите се важни, тоа не не прави материјалисти! Зашто, lets face it, ама јас колку што знам во гротото од фамилии во мое потесно и пошироко опкружување кавгите се ЗА ПАРИТЕ, а не ОД ПАРИТЕ! Следствено на константните кавги и нервози , што и како понатаму без пари, доаѓа стресот кој во вакви ситуации ретко и не напушта всушност. Стресот носи болест. Болеста бара лечење. Лечењето бара пари! Да, ПАРИ! Тоа е тој зачаран круг, во чиј центар се парите. Светот го вртат парите, можеби е излитена фраза, ама е и те како вистинита! И не, не зборам за купишта пари, зборам за пари во доволни количини за да се задоволат потребите на секој член од семејството. А задоволен човек е и среќен човек! За мене ова е реалност, нема мали и големи нешта!
^ Па тоа е финтата, некој ги препознава тие "мали" нешта некој не, тие што ги препознаваат и со малку се задоволни а тие што не ги препознаваат џабе им си сите пари на светот пак ќе бидат празни во себе. Ако не го цениш она што го имаш верувај никогаш нема да имаш повеќе..
Ајде ќе те замолам кажи ми едно-две од тие мали нешта, ама кои што се бесплатни секаде во светот и те прават среќен? Јас знам оти гладен не можеш да бидеш среќен , да даруваш насмевки наоколу и да шириш позитивна енергија. За друго не знам...
Некои од вас зборуваат за богатство и сиромаштија и тоа во крајностите на двата поими. Јас зборував за доволно и вишок (алчност). А тоа за мирниот сон не го кажав во контекст на кој некои од овде се повикуваат на истото и се чудат како некој од марс да е паднат Мислев на нешто што не е твое и што ќе го пронајдеш така лесно, а некој крв пролеал за тоа (зборував конкретно да најдеш злато како најбрзо збогатување или да украдеш) Секако дека на секој му се потребни пари и треба сите да ги имаат доволно и подеднакво. Парите се потреба, на пример за да купиш едно слатко, тоа значи ако работиш ќе можеш да си купиш и леб и слатко. А моќ е поширок поим, да имаш вишок пари и да владееш со нешто. Ако имаш вишок-нема да работиш, ќе инвестираш во недвижности, ќе живееш од кирии, ќе си го прчиш на јахта. Ти имаш вишок а друг нема ниту за пристоен летен одмор за своето семејство, иако си има пари за леб бидејќи чесно си заработува. Па не би рекла дека е тоа моќ. Парите се себичност и потреба за луксуз. Не дај Боже кога навистина парите би имале моќ на пример во врска со здравјето, тука моќта ја гледам само во обезбедување на луксузна летална болка.
Тоа што неможе да се купи со пари, може да се купи со многу пари - за жал така е и кој колку да се прави паметен нема човек кој што парата не би го изменила.