Парите и те како имаат моќ врз здравјето. Ќе си заминеш од светот кога ќе куцне часот точно, тоа никој не го знае кога ќе биде и не е битно што и колку ќе имаш кога ќе заминеш НО, секогаш има но. Кога си болен ќе направиш се што е во твоја моќ (финансиска) за да оздравеш или евентуално да си го продолжиш животот за уште некое време. Со пара е тоа лесно, нека потврдат луѓето кои чекаат на донации за да можат да отидат на лекување колку и да е тоа безнадежно сакаат да пробаат. Не знаеме, може да успее да се излечи, а може и да даде купишта пари за лечење, а сепак да не успее. Што мислиш во овој случај, сеуште мислиш дека парите немаат моќ врз здравјето? Имаат, тој што има не чека веднаш си оди на операции, третмани и незнам што, оној сиромавиот (усвари ајде да не одиме во крајност на сиромав, ќе кажам просечен, средна класа) ќе се умре од чекање додека добие средства со кои ќе може да си плати операција (и тоа е прашање дали ќе собере). Да речеме дека се работи за иста болест за која е потребна скапа операција да се преживее. Парите купуваат здравје, купуваат лекови, најдобри болници, третмани, специјална исхрана и мал милион работи кои влијаат на здравјето и кои можат да се купат. Пак ќе биде колку ти е од Бога дадено, но полесно ќе му биде на оној кој се обидел да се спаси, а не на оној кој немал ни шанса да се обиде. Тажно е навистина но тоа е реалноста.
Се слагам со ова. Дури и би додала, ако имаш пари и здравје ке имаш. Морам да бидам прецизна и да образложам. Имам блиски на кои бебето им се разболе од тешка болест и им рекоа-единствено во Германија има спас. Но, без 750 000 евра не сакаа да разговараат германските доктори. Луѓето се моќни, пуштија на сметка и после многу тешки третмани детето се излечи. Во исто време на еден брачен пар керкичата иста дијагноза како бебево од погоре.Арно ама тие имаат дуќан маалски за прехрана.Немаа пари и по два месеци го погребаа девојчето. Ај сеа речи дека парите немаат влијание врз нашите животи ПАРА БУШИ ГДЕ БУРГИЈА НЕМОЖЕ !
@mims-89 За жал парите не купуваат здравје, купуваат лекови но излекување не можат секогаш. Парите ги даваме од надеж, иако сме свесни дека и до Јапонија да се отиде исходот ќе бид ист.
Ете пример погоре дека сепак купуваат. Затоа напишав секој ќе живее колку што му е дадено, но секој сака да се обиде, никој несака да се пушти на судбината и да рече „не бе не давам пари ќе живеам колку што ми е пишано, што ќе се трудам за џабе„.
Штом цел живот ни се врти околу оследното тоа значи дека парите ни се и те како битен фактор: - Колку бодови имам и колкава плата ке земам -Во Тинекс гравот е 60 а во Веро 80 -Перам и пеглам и готвам само после 21 часот навечер .... и да не редам вакви слични работи. Парите го прават животот посодржаен. КОј како сака нека врти, ама со нив може СЕ да се купи.
Не мора да значи дека исходот ќе биде ист. Може да биде ама не мора да значи. Тој што има пари може да проба милион нешта, а кога можеш да испробаш се' на овој свет, има прилично поголема веројатност нешто од тоа и да успее. А тој што нема, што да проба? Знам луѓе кои и со најтешки болести оздравеа благодарение на тоа што имаат пари. Можат да отидат и на крајот на светот за лек. Не секогаш е тоа доволно ама барем тие имаат можност. Сурово ама реално. Никогаш не би ги ставила парите пред љубовта, семејството, почитта, разбирањето, да морам да бирам секогаш љубовта би ја избрала пред се' па макар и во колиба на планина да живеам. Ама тоа не значи дека животот ќе ми биде лесен и дека парите нема да ми бидат потребни.
Да имаше и Тамара да оди на лекување денес ке беше жива.Девојчето умре чекајки. Зар со пари неможеш да платиш подобар третман,трансплатација,скапи лекови,да обезбедиш поквалитетна храна за болниот,чаеви,и што ти уште не? Секако дека можеш Сега да ви даде некој пари нели би отишле за мај некаде надвор од државава?Да пиете кафе во Париз,да шопинговате,да шетате безгрижно со пријателите ,децата или би одбиле за да јадете шопска салата во двор? Демек нели среката со пари не се купува. Зар не ве боли кога сите деца ке одат на ексурзија а вашето не?Кога мора да му кажеш дека тоа нема да оди,па му ги гледаш натажените очиња. Кога Не ти е денот дома со сопруг,сопруга...признајте нервозата побргу поминува кога имаш пари да излезеш и да седнеш во кафуле да се издуваш,или да си купиш нешто ново. Примери колку ти душа сака.Имај кредити,вересии,долгови,болно дете(недај боже) да те видам дали сон ке те фати навечер.Умерено е во ред да се има,ама на работ на егзистенција не се живее верувајте. Го вртат парите и светот и лугето.Ке речеш парче хартија е ама има голема мок.
Мене ми е малку смешно кога сите се фаќаат за сонот на богатите,за несреќите, кога такви работи искрено се присутни меѓу сите луѓе.Сигурна сум дека сиромавиот што мисли со што утре ќе купи храна за фамилијата а нема скршен денар и ништо во фрижидер, не спие мирно туку се превртува во кревет. Не мора толку екстремен пример, еве сметки да се платат, какви плати имаат луѓето во Македонија, само струја и основни сметки не можат да отплатат. Нормално ако некој е богат и е вклучен во некакви си измами може потешко ке спие,ама сигурно оној што треба кредити да отплаќа или има куќа под хипотека, нема мирно да спие. И не знам зошто секогаш немањето време од работа за посветување на фамилијата се поврзува со богатите, па јас лично познавам фамилија каде што луѓето се утепуваат од работа за мали плати од утро до мрак и едвај си ги гледаат децата.A да не зборам за децата чии родители им се отидени во странство на печалба зошто овде крај со крај не сврзувале. Па сега подобро да си газдата што не се прибира дома, отколку работникот што работи од утро до мрак за мали пари. Едноставно денеска парите имаат голема вредност и не може да се негира тоа и да се залажуваме дека љубовта, здравјето и не знам што не се купувало со пари, па и со пари и без пари исто ти се фаќа за тие работи чим не се купуваат, ама сигурно ќе бидам посреќна се да ми е средено по тоа прашање и плус да можам да си дозволам да си купувам што сакам, да патувам многу, да живеам во убава куќа, отколку сето тоа да ми се случува во полоши услови. Јас не гледам на тоа како на нешто од стилот сите богати што ги знам имаат шваљерки, децата им се распуштени и не можат да спијат, па џабе им се парите, едноставно си гледам од мој аспект како ми е мене поубаво, нема што да се споредувам со било кој , секој си е приказна за себе
Така е..или поточно им придаваат важност на парите. Таквите обично се и нивни заложници..според мене.
Како сте се распишале, ко богатите да не умираат. Ко да се вечни, никогаш стари и грди. Никогаш со лош секс, брак, кавга во семејството... Мајка ми викаше, секогаш ќе ти фали нешто во животот. Најдобро е да ти фалат пари, се друго да имаш. 100% е во право. Што ке ми се пари ако иам сида, што ке ми се пари ако немам кој да ме сака и гали пред спиење, што ке ми се пари ако почине близок. Среќата е во нас, самите, а парите се нешто кое треба, ама малку.
Парите се само само средство потребно за живот и ништо повеќе. Све различно од пари го прави човекот многу посреќен со исклучок на оние кои мислат дека за среќа се потребни пари.
Во контекст на муабетот http://plusinfo.mk/vest/24082/shesta-transplantacija-na-srce-na-rokfeler-na-99-godini Некои деца немаат ни една шанса, токму од материјални причини. Жално но вистинито. Светот се врти околу парите.
Пред некој саат и јас ја читав статијава за Рокфелер. Истото си го помислив и веднаш ми текна на темава. Има луѓе кои со години, да не речам децении чекаат за трансплантација на срце, а овој ги менува како чорапи. Се прашувам зошто... Не верувам дека парите имаат некоја врска, сигурно многу им е симпатичен на докториве.
Незнам дали ја знаете онаа светски позната мудрост на Dalai Lama ...сигурно ја знаете, ама да мало потсетување нема да биде лошо
Мене прво што ми текна кога го прочитав насловот на темава беше Роман Абрамович и неговите новогодишни забави кои вредат и по 8 милиони долари, а на кои он си поминува... онака На Кариби, јахти, еден куп познати ѕвезди околу него, може да си викне кој сака да му пее, ама пред некоја година кога го прашале како си поминал, рекол дека не било лошо... Уште ја памтам сликата од него што ја видов во весник, изгледаше како Чарли од The Perks of Being a Wallflower на средношколската забава. Зборот ми беше, парите не се гаранција за многу работи, па ни за здравјето. Да беше така, сите богати луѓе ќе беа долговечни. И Стив Џобс беше милијардер, ама тоа не го спаси од ракот. Еден куп случаи има вакви, сега прво тој ми дојде на памет. Има луѓе кои можат светот да го купат, ама не и здравјето. Против некои работи сме немоќни.
Луѓенца мои, во моите скромни 23 години едно сфатив, моќта на парите ја негираат само оние кои на своја кожа немаат почувствувано сиромаштија и кои ги имаат скоро сите благодети на лежерниот живот па немаат почувствувано како кога си сиромашен не можеш да бидеш потполно среќен. И богатиот и сиромавиот може да се разболат, и едните и другите на крајот сите ќе завршиме на исто место, тука нема дилема, животецов носи убави и лоши моменти сам по себе без разлика дали си сиромашен или богат. Но, има едно големо НО, моќта на парите за да ни го направат животот поубав и поисполнет е огромна. Моќта на парите да се излечиме од тешка болест е исто така огромна. Моќта утре моето дете да има да јаде што му се посака и притоа да е добро облечено да не оди голо и босо е тоа е моќта! Не одам во екстреми на пример да си дозволувам одмори на Хаваи или да имам не знам какви фирми и милијарди, зборам за некој нормален живот кој што покрај моето здравје и благосостојбата на останатите околу мене даа токму парите се тие што ќе ме направат посреќна. Денеска читав за некое детенце, починало затоа што не се собрале пари да се лечи во странство. Има милион вакви примери каде што секојдневно нечии чеда умираат затоа што родителите едноставно немаат пари да си го пратат детето на лечење. Не можам и не сакам да се ставам на нивно место и да гледаш како детето полека ти умира а ти не си моќен да го спречиш тоа. Тука се гледа моќта на парите а немоќта и фрустрацијата кога ги немаш. Велите парите не купуваат здравје, купуваат и тоа како! Купуваат и живот, имам близок пример каде што девојче болно од леукемија наводно без надеж се излечи благодарение на чичко и што има фирми по цела Македонија па се погрижи да ги добие најдобрите услови во Германија и навистина се излечи, како ќе се случеше тоа без пари ? Апсурдно е да се негира дека парите го вртат светот и до која мерка. Се се врти околу тоа проклето парче хартија. Конкретно мене парите секогаш ми биле пречка за да се почувствувам вистински среќна. Што ако имам љубов и вистински другари кога ќе си дојдам дома си ги гледам родителите како едвај сврзуваат крај со крај и не знаат од кај да се снајдеме за да го преживееме месецот. Имало времиња кога сме имале доволно, но исто така имало периоди во кои сме немале ниту денар. И како да бидам среќна во една таква ситуација, што да ме исполнува, тоа што мајка ми секој ден качува притисок заради недостаток на финансии ? Што е битно важно дечко ми и другарка ми ме сакаат, не е се у парите нели Малку детско размислување ми е тоа искрено, или пак некој што нема почувствувано вистинско немање може да го каже тоа. Живеам за денот кога ќе бидам финансиски моќна. Не се срамам да кажам дека парите ми се една од побитните работи и цел ми е еден ден да станам богата жена, да им помогнам на моите и конечно да видам опуштеност на нивните лица и да не си легнуваат со помисла дали утре ќе имаат што да ми пружат за јадење. Заради нив дојдов сама во туѓина, изгубена овде далеку од се што сакам. И анксиозност победив и стиснав заби дојдов овде за да заработам. До таму оди амбицијата, до таму оди желбата да се успее и да имаш. Имаш пари, имаш се...просто е.
Koга ќе умре оној кој ти е се во животот, и мајбах да дадат да плачеш во него, душата ќе боли. Пре би да неам за леб, отколку да имам повторно такви болки во животот. @manja666 веруј, сум јадела преку еден ден, оти сум немала за секој ден да јадам. И пак ќе речам, најдобро е пари да немаш. Оти има поголени несреќи во животот од немање пари. Ама ако не си доживеал такво нешто, нема да знаеш колку се набитни парите во животот. Не е точно дека тие што викаат дека парите се небитни, цел живот имале. Сум немала и сум имала, и никогаш не ми значело. Посреќна сум кога сите се живи и здрави, а делиме бајат леб и го печеме на рингла за да е повкусен, оти и за сол се нема.
^^ This. Сè, па дури и парите сме ги создале баш ние, луѓето, меѓу другото и за да бидеме поуспешни и да создадеме и споделиме повеќе за и со нашите сакани. Јас разбирам дека сопственото бреме секогаш е најтешко, тоа е дел од нашата природа, но од каде знаете дека на форумов не пишуваат дека парите немаат толкава моќ и такви кои, барем на кратко, се нашле во таква тешка состојба? Тоа што не се дескриптивни во оваа тема или не осеќаат потреба да се правдаат, не значи дека не поминале низ таква голгота. Парите се материја, хартија и за да биде истата од корист кон неа треба да се пристапи со вистинската енергија. Зошто поговорката гласи „Сложни браќа куќа градат“, а не „Богати браќа куќа градат“? Имало едни богати браќа, па кога дошло време богатството да го делат се испокарале, се испотепале, секој својот дел со измами го земал и на крајот и на двајцата парите на лоши работи им отишле, исто како никогаш да ги немале. Имаше една ситуација во којашто една личност ми се чудеше колку успевам да бидам задоволна и надежна и да постигнам толку иако имам помалку од неа, а таа не можела да постигне такво задоволство и спокојство иако со повеќе... така што 300 луѓе - 300 чуда. Има богаташи коишто преферираат да пешачат 3+ км затоа што не им се ситни за автобус што се вели, а има и сиромашни коишто умеат да изгледаат срдечно, среќно и задоволно иако имаат многу малку. Моќта на парите им ја даваме ние, арно некој погоре си рече. Примерот за Рокфелер држи вода, но што со Стив Џобс, кој исто беше спомнат? А кога ќе помислиме колку, посиромашни од него, обични луѓе без некакво влијание се спасиле од лоша болест... а кога ќе помислиме колку луѓе биле измамени на различни начини за да им се одземат париве шо ги праат магично моќни ... парите не се оние коишто главно ја одредуваат моќта, иако понекогаш имаме среќа многу да нѝ ја олеснат работата. За да станеш моќен и влијателен човек ти треба акал, среќа и други работи за да парите бидат од корист. Инаку, колку и милиони да се, во првата коцкарница ќе летнат. Никој никаде не напиша дека парите те прават по дифолт несреќен, а сиромаштијата по дифолт среќен и никако поинаку, не мора да се оди во крајности колку да се нападне оној со поинакво мислење. Но, не е точно ниту обратното. Баш понекогаш хедонизмот, којшто мошне често го потпомагаат и парите може да те прави сè понесреќен. Затоа што, не верувам дека ние луѓето сме создадени да имаме cè со обично пукање со прстите и фрлање на куп книшки. Работата, упорноста, истрајноста и чезнеењето по нешто коешто не можеме веднаш да го добиеме е всушност тоа коешто нѝ потпомогнало еволутивно да се издигнеме до ова ниво. Така што, златна средина. Умираат и од глад и од прејадување, парите како такви немаат улога во формулата за среќа.