1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моќ, моќта кај луѓето

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 10 септември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.971
    Пол:
    Женски
    Што е моќ?
    Кои се моќни луѓе?Што всушност можат тие, што поседуваат,како успеваат?
    Дали моќта е богатство, или е потребно нешто друго?
    Дали можеби стоите на ставот дека знаењето е моќ?
    Дали вие се сметате моќни во нешто, и пто е тоа?
     
  2. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.270
    Моќ е способноста да го држиш управувачот во раце, а покрај другото и да го имаш совладано тешко разбирливото упатство за употреба.
    Моќ е способноста да направиш некој да ти се потчини, да биде зависен од тебе.
    На пример привлечната жена е моќна од проста причина што еден маж би направил се за да ја добие. Нејзината физичка привлечност може да покори речиси било кој од машкиот род и доколку жената е свесна за таа способност поседува моќ.
    Френсис Бекон бил до некаде во право кога рекол дека знаењето е моќ, слоган кој можеби бил и точен за неговото време.
    Знаењето и моќта имаат некои допирни точки, но како поими не ми се поклопуваат.
    Во денешно време за мене знаењето е токму спротивното, или немоќ.
    Ти може да знаеш многу, а да не можеш да го примениш бидејќи играш во претстава каде други ги влечат конците.
    Можеби го немаат твоето знаење, но го имаат средството и секако, упатството за употреба. :)
     
  3. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    687
    Знаењето е моќ затоа што дури и ако твојата моќ ја демонстрираш преку играње со други,треба да ЗНАЕШ како да играш.
    А дефиниција за моќта,прашајте ги Илуминатите.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.795
    Допаѓања:
    7.103
    Знаењето е моќ, ама во нашево општество ретки се тие што со знаење ќе се изборат. И моќ се парите, тој што има пари има се. Дури и ако не вреди тој човек се замислува дека е посебен и дека се му е дозволено.
     
    На srcekrsacka и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Моќен е оној кој не се плаши да сонува, можен е оној кој стои на своите ставови и за крај моќен е оној кој се труди да стекне нова моќ! Моќен е човекот со став! :muscle:
     
    На Gordana10 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Моќ е да живееш сам и да се бориш за себе.Моќ е да учиш и да знаеш се.Моќ е да не се плашиш да сонуваш.Моќ е секогаш да се бориш против непријателите...
     
    На sweet-star и Jule.Sk им се допаѓа ова.
  7. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Јас моќта ја сваќам на поинаков начин. До негде со сложвам со honorthyself НО,
    за моќни луѓе ги сметам богатите луѓе, луѓе кои имаат врски, влијанија... За мене моќта и парите некако секогаш одат заедно

    Не рекле напразно “И да ги изгубиш сите пари, моќта и влијанието никогаш не ги губиш“
     
    На elimkd и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. 1slavjanka

    1slavjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    503
    Пол:
    Женски
    Моќ има човекот кој знае да се истакне со тоа што го има.
    Може да има пари но да ги изгуби поради незнаењето или немоќта да управува со нив.
    Моќта е на некој начин интелегенција.
    Значи моќен за мене е оној кој знае да ги прикрие своите недостатоци а да ги истакне своите квалитети.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.772
    Допаѓања:
    32.857
    Пол:
    Женски
    Моќта може да се дефинира и препознае на различни начини.
    Човекот кој има изградени принципи и ставови има моќ на индивидуалец.
    Моќта е сила на духот.
    Моќен е оној кој умее да се справи во низа ситуации што му ги носи моментот.
    Харизматичната физиономија е моќно средство за секој што е свесен дека ја поседува.
    Моќта е природен дар за подобар живот.
     
  10. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.408
    Пол:
    Женски
    За некој моќ е знаењето.
    За некој моќ се парите.
    Јас за моќен го сметам човекот што е паметен, што има знаење и што има душа, поточно што е чесен и што е човек и што има моќ да влијае врз другите луѓе, што може да влијае врз психата на другите, да им помогне во тешка ситуација и да им подаде рака, да има моќ да ги издигне над дното :)
     
    На foreverMATH му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.111
    Допаѓања:
    56.716
    Пол:
    Женски
    Луѓето имаат моќ да го променат светот, штета што таа моќ ја користат за лошо наместо за добро.
    Луѓето се моќни кога сакаат. Можат се да сторат за таа личност.
    Луѓето се моќни кога се сакани. Тоа им дава сила со полна пареа да одат низ животот.
    Луѓето се моќни кога се смејат. Им го разубавуваат животот не само на себе туку и на оние околу нив.
    Луѓето се моќни кога имаат пари. Со тие пари можат да создадат многу нешта а можат и да ги споделат со оние кои ги немаат а им требаат.
    Луѓето се моќни кога имаат големо и чисто срце и знаат да помогнат или спасат нечиј живот.
    Луѓето се моќни кога се вредни, можат да создадат секакви чуда.
    Луѓето се моќни кога го користат својот ум, колку нешта се измислени.
    Луѓето се моќни кога имаат знаење и образование.
    Луѓето се моќни кога ќе им се даде власт.
    И уште многу многу други врсти на моќ кои човекот ги поседува.
     
  12. Allure

    Allure Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Препорачувам да ја прочитате книгата "Тајната" од Ронда Бирн или да го гледате филмот.
    Многу интересни работи за нашата психа, односно за тоа каквa "моќ" поседуваме сите ние што не сме ни свесни дека ја имаме или не знаеме да ја искористиме. Има и многу психолошки книги на оваа тема, така да доколку некој друг читал нешто слично, нека сподели.
     
  13. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    745
    Пол:
    Машки
    Луѓето бараат слобода додека уште немаат моќ.Кога ќе стекнат моќ,тогаш се стремат кон надмоќност,,ако не дојдат до неа(ако се уште преслаби за неа),тогаш бараат "правда",односно еднаквост во моќта.

    Секој жив организам околу себе зафаќа онолку простор колку што му дозволува неговата сила и покорува се што е послабо од него : на тој начин,тој ужива во сопствениот живот.Се поголемото "хуманизирање" на оваа тенденција се гледа во тоа што се подлабоко чувствуваме колку е тешко да го асимилираме другиот-колкава штета му нанесува нашата моќ над него,но исто така,чувствуваме дека неговата волја се повеќе го отуѓува од нас-па според ова,ја намалува можноста да го потчиниме.

    Кога ќе се отфрли моралноста на формулата:"Не смееш да лажеш","смислата на вистината" мора да се легитимира пред некој друг форум:како средство за самоодржување на човекот,како волја за моќ.

    Секој од нас би сакал доколку тоа е можно,да биде господар над сите луѓе,а најмногу-да биде Бог.

    Секаде каде што сретнав живо суштество,сретнав и волја за моќ,дури и во војата на слугата,видов волја да биде господар.
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.