Остај ги што зборат на јутјуб. Ако не стават сулфати ќе ти стават нешто друго. Пробај го шампонот. Ако ти одговара, користи го, ако не фрли го. На пример за мене зборам, силиконите ми ја расплеткуваат косата. А, кој и да прашаш е штетно. Се околу нас е штетно.
Имам испробано многу други шампони дури и поскапи но ни еден не ми одговараше. Несакам џабе да ги фрлам парите затоа ако имате некој предлог за добар шампон (косата ми беше преубава но откако го користев неколку миења од шампонот на Garnier ginger нешто така беше косата ми стана ужас, на еден ден ми се масти од коренот па до врвовите и почна да ми опаѓа. Затоа сега би сакала да ја опоравам некако и затоа барам шампони на природна база.
За мрсна коса, за сува коса, за ако имаш многу сув и иритиран скалп. Го нормализира ph балансот. Супер е шампонот.
Ако најдеш кажувај. Секој ден ја мијам. Понекогаш ставам сув шампон ако ептен не можам ама ептен ме чеша после. Имам пробувано порано на распуст по една недела не ја миев ама џабе. Не знам дали има решение за мрсна коса. Би била пресреќна ако ја мијам само два пати неделно.
@gjoker4e @bitchy mood Водата игра најголема улога. Таму каде што престојувам и водата е "мека", косата ја мијам два пати неделно (кога вежбам или многу се потам нормално почесто), а во Скопје без секој ден ништо, ако издржм два дена тоа е чудо инаку не се трпи. Не знам дали има решение и дали шампон може да помогне.
Па не знам баш. Еве со другарка ми сме буквално од исто место на живеење користиме иста вода, она ја мие нејзината еднаш неделно јас секој ден. А секој ден се гледаме и ниеднаш не сум ја видела со мрсна коса или нечиста.... А има баш долга и густа коса, како да има надградба.
Секако дека не е универзално правило, ниту решение. Јас со години живеам на релација Скопје Рим Белград, и во Скопје е најлоша косата, брзо се масти и многу ми се плетка. Затоа пишав дека тоа може да биде дел од проблемот, но и не мора.
Јас од мака вчера пишав на Јутјуб како се мие коса и еден фризер вика дека ако мора да ја миете секој ден мора и тоа е тоа и дека коса најмногу се мрси од недобро измиен шампон и да се мие нанапред па наназад. Вчера ептен убаво ја миев со вода па да видиме сега дали ќе ми издржи два дена барем.
Јас се помирив веќе престанав да барам решение, таква ми е и тоа е тоа..какви не шампони и рутини сменив, џабе. Сега ја мијам на два дена со бекутан бебешкиот шампон
Пробај да ставаш на коренот масла, јас конкретно почнав со Рицинусово, ама многу е густо па загревам 1 лажичка рицинусово со 1 лажичка мед(подобро било дејството ако се загрее маслото) матам јајце и се мешам заедно и нанесувам на корен исто како фарба што се става на поделени секции, и на крај кога ќе нанесам убаво на коренот, тпа што останало го распоредувам по цела должина, ставам капа од горе и држам на коса повеќе од пола саат. Е сигурно ќе се прашаш Нема ли коренот да остане замрсен, на тик ток гледав видео, нанесуваш шампон на косата 15мин пред миење оставаш така и после миеш, значи нема ни М од мрсен корен, добар тик ток трикПриметувам разлика одма и косата е бааги мека
Urtekam од tea tree мене ми помогна. Исто бев без надеж, 27 години мрсно косиче, мислам на форумов го прочитав. Шампонот го има во Белина, скапичок е, ама сега само 2 пати неделно ја мијам косата, и тоа денот кога ја мијам не ми е премрсена како што ми беше претходно ( а секој втор ден ја миев)
И јас исто се помирив. 10г истото, од пубертет ми е таква косата и тоа е тоа. Права коса имам + не ми е густа и ништо не помага. Имам користено и рицинусово, за побрзо да расте, не за овој проблем и не помага ни тоа.
Само што го пофалив, за мрсна коса (плус ми се лупеше скалпот) ми помогна. На почеток не се гледа многу ефект, ама со редовно користење и тоа како. Само косата е малку тегава ако не ставиш маска, тешко се расчешлува.