Природно ли имаш мрсен скалп?Барај решение соодветно со проблемот,јас имам мака со мрсна кожа заради полицистични јајници.Маски за коса,миење со шампони со лесна текстура,ампули ,користење на регенератор поретко бидејќи тоа ја мрси дополнително косата.Помалку мрсна храна,помалку стрес и нервоза.
Пред неколку години имав полицистични јајници. Сега не,меѓутоа проблемот со косата ми стои најверојатно природно ми е проблемот,исто така и кожата ми е мрсна поготово на лицето. Нервозна сум по природа....
Како тоа си имала пред неколку години, а сега веќе не Тоа не се лекува, може само да се ублажат симптомите што ги дава со терапија.
Пред околу 10 години двата јајници ми беа со цисти,одреден период примав терапија после тоа ми се изгубија, еве веќе има скоро 3 години од пораѓајот немам ништо фала богу...
Лекарите велат оти лек нема може само да ставиш под контрола ситуација.Што си нервозна ќе гледаш да се смириш за кожа и коса ако е природно користи производи на база на растителни состојки ,и соодветно за тој тип кожа има препарати со органско потекло малку се поскапи но поефикасни сигурно .Жешка вода за миење никако само ладна вода помага против лачење себум .Живеј здрав начин на живот и ќе видиш резултати
Сега се сетив, не знам зашто досега не ми текнало а истиот проблем го имам, за намалување на себумот помагало масло од чајно дрво. А и тука низ форумов имам читано една членка имаше пишано дека маслото од чајно дрво за повеќе намени го користи од кои и за скалпот.
Девојки ништо не помага, од дете ми се мрси на 2 дена, во основно еден ден одев до пуштена, вториот ден косата во реп. 23 години ми е исто. Исхрана знам дека малку помага ама ајде не јадете мрсно.. Јас дигнав раце и секој ден ја мијам. Lush не ми помогна.
Откако ја сменив исхраната, приметив дека не само што косата помалку ми се мрси, туку и лицето не ми е толку мрсно и ми се исчисти од акни. Косата почнав да ја мијам на 4 дена, па на 7. Ми требаше добри 3-4 месеца додека ми се навикне косата на таа рутина и навистина кај мене има подобрување. Користам бебешки шампон Бекутан, маска не користам, секако и генетиката игра голема улога, но ова е мене што ми помогна.
Не знам дали е за тука прашањето ама не знам шо да правам. Во коренот ми е како мрсна косата и тоа веднсш ш после капење изгледам како да не сум ја измила многу долго време. Се мијам со лореал елсве мрсен корен суви краеви, не знам дали е до шампонот или до тоа дека најголем дел од времето си легнувам со водена недоисушена коса некогаш со штипче фатена горе. Не знам како да ја оправам дали некоја од вас имала ваков проблем?
И јас користам шампон Бекутан, само тој ми одговара. Во него ставам ампули Б витамини и пола шишенце коприва некако косата ми е посредена.
Тоа ти е најголема грешка што легнуваш со полумокра коса А може и шампонот не ти одговара, тие мене на Лореал како тесто ми ја правеа, земи си шампон од Lush Jumping juniper или Seanik,кога имав мн мрсна коса порано овие два мн ми помагаат, особено тој вториот дава мн волумен
Јас кога се миев со Лореал косата ми беше за никаде. Исто така користев за мрсна меѓутоа спас не најдов продолжи да ми се мрси... До сега имам повеќе шампони пробано ниту еден не ми помогна.
И јас легнувам некогаш со мокра коса ама немам таков проблем. Мислам дека шампонот не ти одговара, пробај со природен, мене тоа ме спаси. Прво користев на Уртекрам од рузмарин, сега на rossen ептен ми се погоди и не го мењам.
Јас имам пробано секакви шампони, Лаш, Уртекрам, Керастас, Олаплекс…, досега нема некој шампон што стварно ми помогнал. Си се навикнав да ми е мрсна косата после половина ден откако ќе ја измијам. Ако има лек - кажувајте.
Се зезнав еднаш со тој шампон и не знам колку недели ми требаше да ја опоравам. Земи најобичен, од камилица/бреза шампонот или палмолив (машкиот што е или синиот/зелениот). На врвовите ставај кокосово масло ама држи го барем час, два пред миење. Со полумокра коса никако.
Косата знае некогаш претерано да се мрси ако влакното претрпува overload на протеини од продуктите за коса. Внимавајте и на тоа ете, тие што се мачите со тој проблем. Не користете дузина кератински и останати протеински продукти на секое миење, туку поделете ги и употребувајте ги наизменично. Нешто го hair cycling ќе му дојде. И е истото што правиме со продуктите за лице - во зависност од потребата на лицето, одговараме со продукт за таа намена. Овде е ист принципот, само со продукти за коса прилагодени според ваши потреби. Ако сите други извори се исцрпени и не може да се одгатне од што е толку мрсна косата, ете истражете малку за ова, анализирајте што вообичаено користите најчесто и пробајте да видите што би можело да е киксот во вашиот случај.
Мене косава ми се мрси многу, денес ако ја измијам утре ми е веќе мрсна, какви не шампони пробав против мастење на коса џабе, фризерките ми препорачуваа да не ја мијам толку често, ја миев 3x во неделата, некогаш и 4, сега почнав по 2x, ама неможам така да одам со мрсна коса, кога ја шатирам првиот месец не ми се мрси толку, потоа почнува. Сите шампони се само реклама, барем за мојава коса не најдов соодветен, од оние поефтинине косата ми е поубава, значи џабе скапи шампони, се изнадавав пари и нема ефект.
Да и јас сега се шатирав и можам да истерам 2 дена инаку преку еден ден едвај, некогаш и секој ден. Ама штом ќе ми подрасне коренот ќе почне пак по старо. Според мене до хормони и генетика е, имаме премногу жлезди или многу себум лачат, така да шампон не помага.
За генетика да, имам гени на мајка ми и баба по мајка, по татко баба барем за тоа да имав ген на неа, толку густа и убава коса не сум видела на баба, ја миеше со брезов шампон, ако немаше и давав мој никако не сакаше. А можно е и од хормоните, и плус имам масна кожа, можеби затоа ми се мрси косава, за чудо па лицево не ми е исфрлано, имаше еден период малце сега пак чисто ми е. Едвај чекам Понеделник да се шатирам, барем нема толку да ми се мрси. Приметувам и пред фарбање на корен повеќе ми се мрси. А каков шампон употребуваш? Фризерката ме советуваше никако да легнувам со мокра коса, дека летно време така си легнував, и многу ми се плеткаше, ми кажа и летно време да ја сушам со фен убаво во коренот, и велев дека ќе ја изгорам така, ама немало врска, цело лето лани не ја сушев со фен поизгорена ми беше, сега малце со фен во корен косава помазна, е сега летно време и онака е топло, не па уште фен, ама морав така. Каде ги има овие шампони?