Со години користам шампони од маркава и немам проблем. Тоа дали се агресивни е индивидуално. И од маркава постојат варијанти за чувствителен скалп. Инаку, најдобро е секој/а со континуиран проблем со мрсна коса или првут да си се консултира со дерматолог. Ако треба да се испита нешто.
сето тоа е поминато, и консултација и од скапи до поефтини марки. Имам проблем ако користам поагресивен шампон го оштетувам скалпот и лачи повеќе себум од што треба, ако користам понежен се појавува перут. Буквално ако најдам некој брзо се заситува косата и кожата, тоа е проблематичен скалп..
Нема лек за мрсна коса, помирете си се. Од секогаш ми е мрсна, уште од дете, втор ден веќе се осеќа дека е за миење, си ја мијам на секој втор ден и тоа е тоа. Се навикнав, мислам ќе пукнам ако постои таква уше ден, два А и со оглед на надворешните влијанија, загаденост ова она, ни под разно не можам да помислам како се миете само еднаш неделно.. Посебно вака поладно коа е, умирисува бе, се прља, а од ветрот дополнително се мрси.
Ми се мрси на вториот ден но не ја мијам често. Сув шампон ако сакам да ја носам пуштена, ако ептен не бива ставам некоја шнола или венче. Следните денови до миење репче/пунџа. Не се примеќа дека е мрсна.
Потврдувам за шампонов, ќерка ми во пубертет косата и се мрси од хормоните лом,ама со овој не толку,исто и со тој на lush цврстиот шампон за мрсна коса,само што е поскап.
Како не. Олаплексот се многу тешки линии на шампони. Џабе ти е ако го земеш шампонот, а не ја користиш цела линија. Башка ако ставиш малку повеќе мрсна ти е веќе кога ја сушиш. Нема лек за мрсна коса, миј ја на 2/3 ден и толку. Капа симнувам на оние кои имаат сува коса и немаат потреба од често миење на неа. Јас цел живот сум со таква коса и веќе навикната сум.
Не се сите тешки шампоните на Олаплекс. 4C е баш супер за мрсна коса, јас го имам користено и не ми ја слепуваше , баш и волумен ми даваше. Цела линија за мрсна коса не ја препорачувам. Ја слепува 100%
Не постои такво нешто. Тие кои тврдат дека им помагаат продуктите, не ни имале мрсна у права смисла, периодично може било, па се средило. Сите кои сме со мрсна од секад, најдобро си знаеме. Од дете ми е таква. Ниту пак за волумен верувам дека постои магија, не постои.. Шо сакаш прај, против генетика не моеш да идеш. Само ќе се прифатиш, и тоа е, ќе ја одржуваш таква каква што е.
Мене најмногу ми помага кога после миење и сушење ја правам со преса (оние што прават цик цак ). Со вака направена коса можам да издржам и до една недела. Понекогаш целата ја правам, а некогаш само во корените и надолу или ја извиткам или ја испеглам. Многу помага и на волумен кој инаку воопшто го немам