И јас да се пожалам, мислам го иам ругано претходно, жива катастрофа, смрди на алкохол, неколку пати стаив и го баталив. Уште ми стои шишето полно, не сум го фрлила, нз за што да се искористи.. За коса не е никако.
Јас имам подобрување од спрејот на балеа со морска сол и спрејот за волумен. Го суши малце коренот се осеќа сува коса но не се мрси првиот ден
Ја имам пробано и делува, го држи коренот сув и чист до следно миење, искрено никогаш не прескокнувам ден да измијам коса ја капам секој ден пробав да прескокнам еден ден да ја оставам да видам дали ќе издржи до другиот ден и вистина изгледаше свежо само проблемот е што не смеј да се користи секој ден, многу го иритира скалпот создава чешање, еднаш неделно е во ред како за ресет.
Морам да го пофалам Rossen сетот со Бабасу и пискавица. Посебно спрејот и шампонот. Ги користам веќе подолго време и од ништо не сум била позадоволна, а имам премногу видови шампони пробано. Од некој што повеќе од 2 дена не можеше да замисли да не измие коса, сега ја мијам на 5 дена
Дојдов баш за нивните производи да прашам. Овој сет го имаш пробано? Пишува дека е наменет за масна коса. Најмногу за шампонот ме интересира каков е, дали е ефикасен? Сакам да си нарачам.
овој го немам пробано, ама и од други нивни производи сум доста задоволна, така да би требало да е добар. Доколку го пробаш баш пиши искуство
Баш вчера го земав и го пробав ама не ми се допаѓа баш, иако го очекував тоа потајно кога видов дека формулата му е бела и не е прозирен. Коренот го чисти добро, дава волумен и изгледа свежо, исто и мирисот ми се допадна мириса нежно цветно и останува долго по капењето, ама целата коса надолу ми ја заплетка и пресуши.. имам многу долга права коса, ставив и маска и спреј како што користам вообичаено и едвај ја исчешлав и ми ја остави леплива отежнета. Ова ми се случува со сите шампони кои не се прозирни во составот што значи имаат додатни кондиционери иако се рекламирани за масна коса не се баш најдобри поради тоа што создаваат buildup. Претходно го користев Orzene Barley + Rosemary, од него сум многу позадоволна.