Не чини така остави ја да ти се мрси или стави бебешка пудра ама колку повеќе ја миеш толку повеќе се мрси јас ја мијам преку два дена иако за еден ден ми се мрси ја трпам некако одвај , фати си ја со репче нешто но не ја мијај секој ден оти само си правиш полошо така. И мене ми е како зејтин ама ја трпам некако очај ми еееееееееее Иначе ја пеглам ја фарбам и скроз ми е оштетена и мрсна, кога не се фарбам ме чеша коренот и ужасно ми се мрси така да немам избор морам да се фрабам, а пак кога ќе ја испеглам одма другата ден ми е мрсна понекогаш и да не ја испеглам пак ми се мрси, и некако ми губи живост ах си ја МРАЗАМ КОСАВА . Никаков шампон не помага што се немам пробано за МРСНА КОСА НЕМА СПАС
вчера ја миев косата денес во коренот мрсна ми е али јбг живци искинав бе ќе излегвам ама ќе си ја фатам не мислам секој ден да ја мијам без коса да останам со е то е
И јас го имам истиот проблем Сношти ја миев и станувам сабајлето цела е како замазнета, без форма, неможам никако да ја наместам и по некој час ми се направи лом, мрсна, катастрофа значи. Ова е секој втор ден. Кога ќе ја измијам изгледа прекрасно, но само по неколку часа неможам да ја поднесам. Сум пробувала и различни шампони, пудри, се консултирам со мојата фризерка ама ништо не помага. Велат дека и од фарбањето или правење ладна (од киселината) можно е помалку да се мрсни, но не сакам да ја исфарбам или да ја горам со киселини за да не ми се мрси, потоа можеби ќе ја оштетам и уште полошо ќе направам. Нема друго чаре освен секој втор ден да се мие за да изгледа убаво, тоа е
И јас имам ист проблем почнав и мн ретко да ја мијам демек ке се среди али џабе не ми помогна ни тоа што еднаш во неделата ја миев али вчера пробав со сапун за себореја од докторс и има резултати. Ќе продолжам да го користам па ке видам дали има ефект или мене ми се причинува...
И јас го имав истиот проблем, но повеке не откога почнав поретко да ја мијам косата, па сега не ми се мрси и по 4-5 дена за разлика од порано кога уште другиот ден откако ке ја измијам ми беше мрсна :geek: Исто така имам приметено дека од регенератор ми се мрси многу побрзо.
Шампоните на рецепт се прубави, а не се скапи воопшто... има еден и специјално за мрсна коса, па што да ви кажам пробајте
Да шампоните на рецепт се добри само зависи на кого како ке му се погодат , подолг временски период ми опаѓаше косата многу , и кога ми беше мрсна и кога ја миев нон стоп , и со рецепт против опаѓање фала богу ми се среди , ама почнав да имам многу првут па го користев шампонот против првут исто од рецепт па почна да ми се мрси на 2 дена косата , па после месец дена го земав и тој шампон бидејки не е убаво на брзо време да се менува шампонот , ама и тоа не ми успеа значи масна ми е косата катастрофа само ја трпам на 3 дена некако со машнички, стегачиња и тие такви работи значи само против опаѓање ми помогна рецепт околу 200 денари е големо флашиче и да си го користите кој сака многу е добар а за овие другите за кого како
Една колешка ми кажа финта-става лак за коса на темето горе одоздола значи на секое праменче,кога ќе се исуши косата,ама немојте многу да шприцате и бидејќи и мене таму само ми се мрси пробав и успеа сега бар 2 дена сум раат
Еден ден да не се искапам ми се мрси ова моја катастрофална коса секакви шампони имам пробано, највече внимавам на неа, и пак ништо
Забележувам дека од фарбањето помалку ми се мрси косата. Откако се офарбав на секои 4-5 дена ја мијам и немам никакви проблеми не ми е воопшто мрсна. Мислите дека фарбањето има некаква врска или?
Има, има, само почекај уште малку и пак ќе си се врати на старо Инаку и јас го имам истиот проблем али не се ни трудам веќе да барам шампони (ги испробав сите), косата ми е таква-тенко влакно, не многу густа, што и да користам само првиот ден ми е супер, другиот со мали камуфлажи (реп, шноли, тапирање, пудра во прав) може да пројде...третиот под туш...
Ех јас со тоа фарабање самата си се зезнав, си ја зае*ав убата коса што си ја имав уште во 3-та средно и тоа прво со шатирање, а после видов дека пак косава моја моја си продолжи по старата песна, но за жал немаше враќање назад, па после си продолжив со фарбање. До пред 1 месец користев еден тоник за мрсна коса од линијата на субрина професионалните производи, зелени се. Се става на мокра коса во коренот и се остава да се исуши, пак ми се мрсеше, но и даваше на косата некаков поинаков изглед, посебно кога е испеглана, не изгледаше како да е одма мрсна За овој лосион имаше пишувано една феминка неколку страни наназад и како сто видов истите впечатоци ги имаме за тоникот Вака изгледа Спојлер http://www.subrinaprofessional.com/f/pics/Balance_2/balance_tonic_b.jpg И еден совет плус Кога се брзате или не сакате да ја миете целата коса издвојте ги само шишките и малку од предниот дел на косата, измијте го со шампон, исушете го па потоа косата во реп. Барем јас го практикував ова додека бев на факултет
И мојата брзо се мрси,првиот ден ја носам пуштена, вториот во репче или фатена било како и за третиот ден мора да е чиста.Како што гледам и се помалку избор има за шампони за мрсна коса, скоро сите се за лесно расчешлување,за мека и сјајна коса... а мене баш ми треба нешто што ќе ми ја направи погруба и цврста,од што ми е мека ми се мрси се имам колсунтирано и си фризер и ми има кажано дека нема лек за мрсната коса, ќе ја миеш почесто и тоа е,сите други начини можат само привремено да го решат проблемот
И јас исто го имав истиот проблем со косата, значи по еден ден одма ми се мрсеше, но најдов решение, шампонот од ХЕМЕЛ за мрсна коса, ми ги реши сите проблеми и сега дури после 4-от ден косата почнува да се мрси, што е и многу нормално Поззич девојкии
И јас така си правам со шишките.Ја одвојам косата позади вржам во реп или пунѓа,измијам испеглам и косата ми изгледа како миена.но не знам еве приметив дека помалку ми се мрси така 3 ден малку ми е мрсна а 2 супер е,заразлика од порано 2 е мас.Не знам до што е,дали дека ја миев скоро 2 месеца така по 1 неделно.......не знам
Девојки а да пробате нешто што ќе ве советувам..Можеби тука во темава некој истиов предлог го дал,незнам ,не ги прочитав другите мислења,али како и да е мене од кога почна почесто да ми се мрси косата некој ми кажа да ставам Павловичева маст (детска крема) само на кожата на главата.Може ви изгледа лудо али стварно има ефект. Имам пробано на мене и имам приметено дека поретко се мрси.Значи вака пред да ја миете косата (таква мрсна целата кога ви е) ќе земете од помадата и ќе си ја масирате кожата на главата со прстите.Ќе ја оставите така да ви постои,јас на пример по пола саат си седам,и после најнормално си ја плакнете.Така правите колку можете (недела,месец итн) али за некоја недела мислам дека би осетиле разлика. Пробајте стварно ништо не губите.Се надевам дека на некого ќе помогнам. Позз
дебојкии и јас го имам истиот проблем незнам што се немам пробано сега фо користам NIVEA ШАМПОНОТ ПРОТИВ МРСНА КОСА И ДА ВИ кажам колку толку помага имам густа коса и ја мија скоро третиот или четвртиот ден зависи
пробајте со бреза да го регулирате мрсењето на косата. Има многу шампони со природни екстракти од бреза, јас моментално го користам на илирија и сум презадоволна, а исто пред некој ден во веро видов масло од бреза на докторс, околу 120 денари беше, и пишува дека помага при мастење на косата, е сеа незнам ме збунва тоа дека масло е логично би било косата уште повеќе да се мрси од масло, но којзнае....
Јас да кажам за резултати од шампонов супер е дефинитивно,го одложува замрсувањето на косата за 1-2 и сум задоволна,ке го користам овој се додека не најдам боље поззче