Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мрсна коса

Дискусија во 'Коса' започната од Melodi, 20 ноември 2009.

  1. chocolate-girl2

    chocolate-girl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    14
    Кај го има шампонот, и колку е? Инаку јас првиот ден ја носам пуштена, вториот ден под туш..:)
     
  2. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Ау леле и мене мн ми се мрси косата, ама стварно испробав повеќе шампони Head and Shoulders, Garnier fructis, и други, ама не дека помагаа нешто којзнае колку, и само си се нервирав, и сега си се мијам само со Бекутан4е, оти сепак тој за бебиња е нема мислам толку да ја оштетува косата, а овие другите се многу јаки, а јас сакам да си ја растам косата, а не да си ја уништувам со секакви шампони.. и btw исто ми се мрси косата сега, како и порано со други шампони кога миев коса...
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976

    Еве јас ќе ти одговорам, шампонот го има во космо, барем јас таму го видов пред неколку дена. Е, сега, мене лично ми смета што е некаде 150-60 денари - не се сеќавам баш,тука некаде е - а шишето е многу мало. Јас трошев по едно шишенце на недела, недела и пол.

    Не сум ја удрила математиката, дали ќе ми биде поефтино ако си купувам хегел и ја мијам на 3-4 дена, или друг шампон и ја мијам на 2 дена... Хм.. се замислив сега :lol:
     
  4. MadameButterfly

    MadameButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    јас го порачвам од дистрибутери на хемел, а во слободна пордажба го немам видено до сега... инаку шампонот е 180 денари, а шишенцето е мало, 100мл., меѓутоа се исплаќа затоа што тоа е концентрат и се става многу малку и трае подолго време, околу 2 месеци :)
     
  5. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    18.458
    Пол:
    Женски
    Миме87,прочитав поназад дека си купила Бекутан од камилица,кажи ми има некаков резултат,барем за еден ден да се одложи миењето?Мене стварно ми е проблем,имам долга коса и многу ми е мачно нон стоп да ја мијам,мислам и да не ми се мрси многу не би дозволила не знам колку денови да не ја измијам,сепак си поприма мирис и од готвење дома и од се,ама барем еден ден плус да можам пуштена да ја носам ќе бидам пресреќна,па ќе оќелавам од толку стегање во репче :D
     
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    душо да мене ми помогна 2 дена ја носев пуштена што е чудо за мене :) потоа пробав со друг но дефинитивно се враќам на бекутан најпоќе се покажа сега за сега и јас имам долга коса и стварно ми е малтретирање да ја мијам постојано а и од толку миење гледам косата изретчена ми е :sweat: барем со бебешко шампонче се знае колку толку на посигурно сме и јас се враќам на бекутанот пробајго вреди ;)
     
  7. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Не знам дали постои некој со мрсна коса како мојава значи едно време од wash`n go не ми се мрсеше само тој ми ја правеше убава косата барем за 1 или 2 дена сега и од него почна да ми се мрси и тоа одма кога ќе ја измијам одма мрсна ми е многу чудна коса имам значи :devil: :devil: :devil: :devil: живци искинав а не ставам ништо друго освен шампон за коса. ;) Ни балсам ни ништо оти од тоа уште повеќе ми се мрси.
    хелп ме ;( ;( ;( ;(
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.045
    Допаѓања:
    81.428
    Пол:
    Женски
    Веројатно ти се презаситила косата од него, пробај со Бекутанче од камилица - еве јас на пример го користам веќе околу 2 месеци и да ти кажам презадоволна сум, косата слободно можам да ја носам пуштена до 3 дена :)
     
  9. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Каде има таков шампон и колку пари чини ???
     
  10. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    18.458
    Пол:
    Женски
    Во сите маркети,околу 80и нешто е,не знам точно ама не е повеќе од 90 денари
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    И мене ми се мрси многу,и морам секој ден да ја мијам...почнав и со бекутан,но џабе пак е исто прв ден пуштена ,втор соберена-и тоа е максимум.........
    Другарка ме советуваше откако ќе се измијам да нанесам бекутан бебешка пудра на темето-на сува коса,демек траело,ќе пробам баш како ќе биде
     
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Мене ич не ми помогна бебешката пудра :devil: :devil: :devil: ;)
    Пробај да не ја миеш секој ден остави ја да ти се мрси знам дека е тешко но така само ја влошувааш уште повеќе косата.
    Пробај со Wash `n go мене едно време само тој ми помагаше но сега и од него почна да ми се мрси но пробај види можеби кај тебе ќе делува . ;)
     
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Најмногу мразам да менувам шампони од тоа уште повеќе се мрси косата ама ај ќе видам ќе го земам овај па ќе пишам пофалби и критки. ;)
     
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Еве неколку совети, за третирање на мрсната коса, кои се на пиродна база.Само да напоменам, не очекувајте резултати веднаш, значи малку трпение и проблемот со мрсна коса ако не исчезне засекогаш, барем драстично ќе се намали ;)
    На почеток ќе имате чувство дека состојбата наместо да се подобри се влошува, но не се откажувајте. Резултатите ќе се појават, само треба време.

    Сте ја знаеме финтата со талк пудра, но таа дава моментален ефект.
    За секојдневно миење...

    Измешајте една супена лажица алое вера гел со едно кафено лажиче цеден лимон. Ваквиот состав ставете го во шампонот и нормално употребувајте го.

    Сварете една рака ливчиња од ментол во една и половина чаша вода. Варете 20 минути за листовите убаво да пуштат сок. Исцедете го сокот и додајте го во 300 милилитри шампон. Регуларно мијте ја косата.

    Во неделата...

    Масирањето на скалпот има ефект како пилингот на лицето. Ќе се ослободите од слојот мртви клетки и вишокот мрснотии. Измешајте една лажичка пивски квасец во чаша вода и додајте многу малку сол. Ставете две супени лажици на скалпот и нежно масирајте со прстите. Оставете смесата да делува барем еден час. Масажата практикувајте ја два пати неделно.

    Освен во борбата со ракот и подобрување на апетитот, поточарката нашла примена и во проблемот со мрсната коса. Сето тоа се должи на големиот број здрави состојки меѓу кои железото, цинкот и витаминот А. Во блендер ставете една рака листови од поточарка и една чаша вода, ако имате долга коса ќе ви треба дупло количество. Таквата смеса варете ја десетина минути. Процедете ја и оставете убаво да се олади. Течноста истурете ја долж целата коса и оставете да делува 20 минути, потоа исплакнете.

    К'ната е едно од подолготрајните решенија за мрсната коса. Единствениот недостаток е тоа што може да влијае на промена на бојата на косата, ако не на цела тогаш не неколку прамени. Рецептот е многу едноставен, една кесичка к'на измешајте ја со две супени лажици јогурт и додајте неколку зрна шеќер. Ставете ја на косата да делува 20 минути. Потоа убаво измијте ја. Ваквиот рецепт проверено делува, но мора да ве предупредиме дека к'ната може да остави флеки на косата.
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојки вшера тргнав по бекутан шампонче ама купив павлодерм од камилица и тоа е бебешко шампончето е убаво и има ефект косата денес 2 ден ја носев пуштена баш ми се допадна и мн.убаво мириса :)
     
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Мене само шишките многу ми се мрсат, па затоа многу често само нив си ги измијам со бекутанче :)
     
  17. LaRissA

    LaRissA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    ја иам мрсна на трет ден ја фаќам,инаку ја измив косата со шампон за сува коса во саботата (еден за малку пари,бидејки на мама и одговара и затоа го купуе) инаку стаив после маска субрина и едно друго нешто и косата ми беше ептен добра,сеа пак ја измив ,не беше нешто мрсна али знаете утре на школо ..па кје бидиме :)
     
  18. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Мене многу ми помага бекутан пудрата,кога сум на брзање и немам време да ја мијам си ставам пудра на коренот и ми изгледа како да ми е тазе миена.Е сега утредента нормално....бањ бањ :D
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојки
    мојата најдобра другарка ми препорача еден шампон кој и го кажал фризерката се купува само од аптеки и е за секаков провлем со скалпот шампонот се вика Реконазол некаде до 150денари бил пак ќе го побарам понатаму ќе го купам мн.сменвање шампони и кај мене допринесва првут и плус проблем си напраив
     
  20. anita.lipsy

    anita.lipsy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Девојки јас најдов решение
    Како прво многу ми помогна оваа маска:Изматете една белка од јајце, додајте една чајна лажичка сол и сок од еден лимон. Повторно изматете. Маската разнесете ја на кожата на главата и оставете ја да дејствува 30 минути. Измијте ја косата со шампон и млака вода.
    Потоа почнав да користам head & shoulders Citrus Breeze Dandruff Shampoo, за масна коса.. многу внимавајте да го купете тој шамопон со таа намена за масна коса и од ЦИТРОН.Многу ми помогна.. Исто така ке ви препорачам да ја оставите косата да ви одмори 4 дена па потоа измијте ја ке има ефект,јас така направив еднаш и имаше ефект. Исто така ќе ви препорачам кога ќе си ја измиете косата не практикувајте со фен колку можете толку одбегнувајте го,чешлајте ја косата само кога ќе ви е мокра-после миење. Исто така од кога ќе си ја измиете косата и исушите не допирајте ја не чепкајте ја ... одбегнувајте допир со раце на вашата коса.. и да ве срби ќе издржате барем 5 минути..Кога ја миете косата не триејте ја со ноктите,него со помекиот дел на прстите и правејте само по 2 сками ,мислам само двапати ја измијте со шампон.. исто така користам и маска за коса Gliss и многу помага и таа, и нека последниот млаз на косата ви биде ладен па и кога излевате од кадата наведнете се и полијте ја косата со студена вода потоа малку ја истријте со крпата многу малку.. ... Драги феминки се надевам дека ви помогнав на мене навистина ми помогна,еве четврти ден ми е одкако ја миев и како да беше вчера .. :* :inlove: :hai: :)