И јас го имам истиот проблем косата морам да ја мијам на секои 2 дена бидејќи ми е многу мрсна,а имам слушнато дека почестото миење на коса доведува до повеќе мрсна коса но што да правам кога не можам да поднесам кога имам мрсна коса И имам испробано и head&sgolders,shauma,nivea па дури и со бебешки шампон бидејќи слушнав дека од бебешкиот шампон косата не се мрси но ништо од тоа.И сега ми препорачаа да земам шапмон Wash&Go и почнав со него да се мијам а ако е добар веднаш ке ве известам.
Јас мојата коса ја мијам на 3 дена. Некогаш на 2, некогаш на 4, но главно 3. За оние со мрсна коса, пробајте да не ја миете многу често...знам дека има такви што си сакаат да ја мијат секој ден косата, нормално со благ шампон..Но и да ви се мрси брзо, мијте ја на 3-4 дена, јас знам колку почесто се мие толку помрсна е. Друг совет, не ставајте регенератор на врвот од косата, тоа ја спласнува и мрси..од половина надоле ставајте, или смао на врвовите..
Си го најдов решението за мојата мрсна коса.Користам шампон од Кам маркетите што е за мрсна коса 50-60 денари е негде не знам,и не ми текнува како се вика ама германски е и е многу убав.Косата порано е миев секој втор ден,а сега ја мијам секој четврт-пети ден.Три дена ич не ми е мрсна и веќе четвртиот кога ке почни да се мрси ставам пудра бекутан и решен проблем
Ако косата ви е мрсна и немате на дофат на рака бебешка пудра, искористете брашно. Напрскајте малку брашно на корените, почекајте 10-15 секунди за да впие што повеќе маснотии, а потоа со четка за пудра или руменило отстранете го брашното од косата. незнам дали помага ама сега го прочитав овде на фемина
мене ми се мрси коренот, останатиот дел од косата не, пробав со секакви шампони- нема решение, неможам да ја оставам неколку дена премногу мрсна ќе биде, морам секој два дена да ја мијам, веќе вториот ден е премногу мрсна но се снаоѓам некако... ај некој совет и дали мрсната коса е поврзана со пубертетот?? имам слушнато дека во пубертет повеќе се мрси...
Да да тој е,јас се извинувам али сега видов дека си ме прашала.Иначе шампонот е преубав,за тие пари се исплаќа многу
да да и тоа како е поврзанo,нормално е да се мрси во пубертет повеќе, инаку правилото е колку повеќе ја миеш толку повеќе ќе се мрси, ама искрено ако треба 2 пати на ден ќе ја мијам ама со мрсна не шетам! јас ја мијам на 2 или 3 дена, најчесто на 2 Инаку девојки, најверојатно само јас го имам ова мислење,читам повеќето пишувате морам да ја мијам на 2 дена ама за мене мрсна коса е онаа која мораш секој ден да ја миеш, според мене миење на 2-3, ајде нека се 3, 2 дена можеби е сепак често, е нормално, или пак ако некој е навикнат еднаш неделно...
да коса која се мие на 3 дена за мене не е мрсна коса.. ќе бев пресреќна ако јас ја миев косата на 3 дена.. како што ви кажав веќе вториот ден ми е ужас ама издржувам некако со цел да не ја мијам секој ден... ама повеќе од 2 дена да ја оставам мрсна- нема шанси колку повеќе ја миеш толку помрсна- но неможам, непријатно е да излегуваш со мрсна коса
Јас почнав да ја мијам косата еднаш неделно али сеуште нема резултати некои огромни освен што сега веќе на 3 ден ми е мрсна али издржувам. Првиот ден пуштена , вториот ги собирам шишките , третиот правам плетенка , четвртиот во репче и така натака. Понекогаш се послужувам и со бебешка пудра
А која е целта на миењето коса еднаш неделно? Мислам колку и да ја собираш пак се гледа дека е мрсна, а пред се е нечиста... Ок е да не се мие премногу често, ама искрено еднаш неделно е премалку! Мене на фризер секогаш ми препорачувале миење на 3-4 дена што значи два пати неделно, ама јас ја мијам на 2-3 затоа што за мене лично е срамота да шетам со мрсна коса. И уште еднаш ќе се повторам мрсна коса е онаа која треба да ја миеш секој ден, а не на 3 дена.
Јас косата ја мијам обично на 4 дена,толку време и ми останува убава,и воопшто не ми е мрсна. Проблем ми е сега кога ќе одам на одмор и ќе ја мијам секој ден.Се плашам дека така ќе ми се навикне и ќе почне да ми се мрси многу по често.
Купи си бебешки шампон, ако можеш да се миеш со таков. Јас пред некое време купив Bubchen со камилица, мислев демек германски па нешто WOW ќе ми бидне косата како бебешка, ама НЕ. Мислам нежен е се осеќа тоа да, али неверојатно мн ја плетка косата и се троши ептен брзо затоа што нели намената му е за 3 влакна не за коњски реп Е сега на пр ако одиш на езеро јас имам другарки, верувале или не, не ја мијат косата секој ден и покрај тоа што се бањаат во енѕеро А на море секако мораш. Мене во Грција косата ми се препородува, не користам ни регенератор ништо, а толку ми е мека тоа е чудо(водата им е помека или потврда не се разбирам ), ама затоа кога ќе дојдам не можам со прсти да пројдам низ неа. Ок, да не должам моја препорака ти е бебешко шампонче кое било, бекутанче можеш и регенератор за колку толку да ја спасиш и ќе немаш гајле. Плус тоа лето се потиш секако ќе мораш почесто да ја миеш и да не одиш на одмор... Барем јас така правам, ама еве гледам некои немаат такви проблеми
Прекрасен шампон, за долга коса која брзо се мрси. Ја мијам секој трети ден, но отсекогаш сум користела шампони за мрсна коса. Не ги разбирам тие што се трудат да ја мијат косата еднаш неделно. Косата привлекува прав, дим, мириси од кујната... И да не е мрсна - нечиста е.
Jojoba,не можам да ја мијам косата со бебешки шампон.Пред два-три месеца си купив од бекутан,ја миев неколку пати,но ми ја прави премногу сува.Значи,уште на самото плавење на косата ја осеќам сува,до толку што се чудев како ќе ја расчешлам.Инаку,ќе бидам на море,да,се надевам ќе ми влијае добро и на косата,а потоа окако ќе се вратам,ако почне да ми се мрси на пример на 2-3 дена еден ден ќе ја држам така (нема никаде да излегувам) за пак по старо да ми се навикне.Незнам,можеби и нема ни да почне да ми се мрси брзо,јас само така си претпоставувам.Ќе видам потоа.