Па добро види покрај морето не заборавај на сонце, тоа ќе ти ја направи малце посува од вообичаено, можеби ќе се мрси повеќе поради секојдневното миење ама и лето е нормално е, се потиш едноставно колку толку, сакала или нејќела Ама секако за брзо време може да се врати во нормала така да не се секирај. Само мој совет грижи се максимално таму за неа, моја грешка е што ми се чини таму дека ми е ок и користам само шампон, а кога ќе дојдам за 2-3 дена се шокирам. И секоја година исто ама оваа си ветувам повеќе ќе се грижам за неа на одмор
Девојки и јас гоимам истиот проблем.Најдобро е да не ја допирате многу често косата а посебно оние кои имаат направено шишки.
Мојата коса премногу се мрси..го користам шампонот од Recept против првут и мрсна коса и можам да кажам дека уште повеќе се мрси убаво е што немам веќе првут
И јас го користев едно време овој шампон но ми ја уништи кожата на главата,ми правеше премногу првут,и покрај тоа што не го користам повеке сеуште неможам да го исчистам првутот така да не би го препорачала...
се откажувам во борбата против мрсната коса и онака летово планирам фатена да ја носам неможам да замислам пегла на мојата коса божееееееееееее
кога ќе ти се измрси стависи венче убаво стои на косата и не се познав толку дека е мрсна или стависи напред на крквите штипче соберија косата однапред
освен со споменатата бебешка пудра, за мрсна коса може да помогне и брашното, а исто и пред некој ден читав во списание дека за мрсна коса помага и сода бикарбона
Епа и вие го претеравте...Сакате една недела да ви биде косата чиста и сјајна..Епа тоа нигде го нема.Мене ми се мрси одма по миење па што да праам,редовно си ја мијам на 2 дена и тоа е.Нема поарно и никакви шампони не ми помагаат. Рацете подалеку од косата ако сакате да остане чиста подолго време!
Маки живи од сабајле миена, вечерта мрсна. Затоа си ставам шноличе за да не ја префаќам со рацеве оти одма ми се мрси.
Не паметам дека некогаш сум имала проблем со мрсна коса. Дури пред 4 години 2 недели се немав измиено ама затоа што локните ми беа совршени. Не се мрднаа, ниту имав некакви проблеми. Сестра ми како што ја гледам кога немала време да отиде на фризер (а иде 1-2 пати неделно) става пудра што ме нервира бидејќи белото сепак се познава колку и да пробуваш да се направи невидливо.
На 2ипол дена ми се мрси. Некогаш и порано ако ставам некој нискобуџетен регенератор. Иако не ми е фарбана косата, морам да користам регенератор затоа што ми е доолга и потешко се чешла. Инаку највеќе ми одговара washngo ама против првут. А немам првут.
Не можам да ја поднесам повеќе косава од претерана употреба на ист шампон ми се мрси а ако сменам со друг шампон пак ми се мрси више пукнав више не знам кај да се обратам.
пробајте во шампонот пред да го ставите на коса кога се миете да ставите неколку капки сок од лимон, не во шишето туку кога ке ставите самопн на дланката додајте сок од лимон мене барем ми помага па пробајте
Искрено јас порано имав мрсна коса, ама открив дека проблемот бил во шампонот. Пробајте да користите шампони кои се за секојдневна употреба, тие се поблаги шампони. И издржете да ја мието косата на три дена да речеме, така самата ќе се навикне. Или прво на два дена. Избегнувајте шампони со масла, тие дополнитело ви ја мрсат косата