користам шампони за волумен, единствено тие ми ја одржуваат косата да не се мрси пребрзо (иначе ми се мрси брзо, денес ја мијам, утре до вечерта се трпи ) поточно од нивеа за волумен, уффф и не памтам кои други, но знам само дека од гарниер ми се мрси рекордно брзо, како со масло да сум се намачкала
Посбно во овие денови го препорачувам Хед н шоулдерс, тој на база на лимон и цитрус... Многу е ефективен а косата ја остава чиста и свежа подолг период
Јас го користам шампонот на Орзен, тој со екстракт од хмељ што е (со пиво) и можам да кажам дека има резултати. Сега не ми се мрси косата толку брзо како порано. Може и до 2 ипол дена да стои без да ја мијам
и јас едно време го користев овој ама незнам зашто престанав ама мислам дека престанав да го користам зашто ми се појавуваше првут или така нешто не се сеќавам баш зашто беше одамна а сега си користам обичен шампон од коприва од алкалоид и добар ми е онака за поредовно миење ( секој 2 ри ден )
И јас го користев овој шампон против првут и против мрсна коса..првутот ми го снема но косата ми се мрси уште повеќе...
Јас во принцип немам мрсна коса, миење два-три пати во неделата ми е сосема доволно. Е сега, во последно време забележувам дека коренот на косата почнува повеќе да ми се мрси, ама само коренот, а инаку косата ми е надолу доста сува. Почнав да ја мијам малку почесто косава, пак исто-коренот ми е заникаде. Исто така почна да ми се појавува и првут. Некој совет како да ја оправам косава?
Епа штом ви се мрси уште наредниот ден, не ја мијте воопшто ...се шалам Незнам..има многу шампоми за посебен тип на коса. Има такви шампони за мрсна коса. Пробајте така подолго време, ваљда ќе ви успее
Епа.. Кога ке видиш дека ти е мрсна косата, стави бебешка пудра, и остави така нека стои некое време, после малку расчешлај али немој многу. Така ке ти се упие во пудрата и уживај, нема да се приметува толку
Девојки све е гола вода шампони ова она мрсната коса е ретка безживотна и неквалитетна коса што сакаш ставиму кога се мрси се мрси и неможе убаво да изгледа ако се стави пудра или било што значи мора да се измие др.начин не постои
пробај со нежен т.е детски шампон. јас си купив од Бекутан..дури 5от ден сега ми се мрси (по дома секогаш ја носам врзана)
девојки све е гола вода и со децки шампони со све имам пробано но ништо не ми има помогнато,и да не ми се измрси цела наредниот ден коренот е мрсен кренав раце јас...
Косата не треба да се мие секој ден и од тоа многу се мрси.. Јас мојата коса ја мијам секој 3 ден иако не ми е многу мрсна!
Абе викаат дека има многу фактори што влијаеле за косата да биде мрсна.Мене пред некој ден една докторка ми спомна дека може и жлездите а лачат природно повеќе маснотија и се мрси одма косата,храната исто така влијаела многу(што помалку масна храна),да не се чепка многу косата со раце бидејќи и тоа предизвикува мрсење! Еве кај мене сеа кога е топло на пример кога ќе се испотам одма ми се мрси и ми се витка,особено делот кај шишките! ја мијам на 3 дена а кога ситуацијата е катасрофална ставам малце беби пудра колку да замачкам очи а чеша невидено пудрата!!
Знаете шо? Си најдов лек са косичкава.Wait for ittt.. Ќе си ја мијам секој ден! Та-даааам. Си станувам секоа сабајле во 8 и прво се изнатрчувам на Орбитрек и после ладен туш.. Само незнам кога ќе почне школо сега... Малку потешко ќе иде.
^ еј немој така секој ден ќе ти изгледа мрсна....Јас така на одмор ја миев секој ден затоа што морав. На почеток не беше лоша , ама по некое време почна секој ден да ми изгледа мрсна...На пример во сабота ќе ја измиам , во недела сабајле ми е мрсна. Уште полошо ќе си направиш , подобро миј ја секој втор ден. И јас имам проблеми со мрсна коса ама ја миеам секој втор ден и ок е
На почетокот на летото косата ја миев секој ден пошто ми беше мрсна ми се залепуваше и беше со еден збор никаква...Но,решив да почнам да ја мијам на секој втор , трет ден ,и ја носев врзана и така не се познаваше многу,сега е супер се мрси на секој 3 ден, си користам маска и така е подолго време сјајна.. А детските шампони па и не помагаат толку,треба да си најдеш шампон што ти одговара ..