аууу вечен проблем ми е тоа..што ли не пробав и ништо ама баш ништо не помага...ми кажуваа во шампонот да ставам б коплекс апчиња дробени и ц витамини ама ништо брее ништо не помага...тоа со пудрата пак ја прави крута гадна не ми се допаѓа....ми рекоа сега со оцет да ја мијам јаболков и со лимон..пробал ли некој вакво нешто да ми каже дали делува?
Абе какви се тие муабети, ништо не ми помага, пробав сваштарии, и пак ништо. Едноставно таков тип на коса имаме. И мојата е таква па ја мијам секој втор или трет ден, зависи како е расположена. Оставам да се цеди маслац додека сум дома под изолација, фино и‘ делуе на косичката. Мијте си ги главите, и ќе ви помине мрсноќата, неколку денови. Шампон за нормална коса, или па онаков каков што ви одговара и то је то.
И јас ја мијам секој втор ден, само што мене не ми се мрси целата коса, туку само коренот.. Мислите има нешто да помогне за коренот ?
јас кога и ставам после миење маска со жолчка и рум ,помалку ми се масти.Исто ми е кога сум ја испирала со чај од оревови лисја
Мене во последно време многу ми е мрсна косата, ама јас си ја зезнав, биејќи секој ден трчав и морав да ја мијам и косата. Сега ја мијам и како да не сум ја измила и плус почна многу да ми паѓа.... Бев на фризер и и кажувам на фризерака и ми кажа еден народен лек. Ми рече да соберам ливчиња од рози, ама оние кои не се прскани . Да ги ставам во ракија и да стојат на сонце 40 дена. Јас го направив тоа и сега стои има поминато две недели. После од тинктурата се става со памукче во коренот, на главата. Фризерката ми кажа дека на некоја девојка тоа многу и помогнало. Кога ќе поминат 40 дена ќе пробам па ќе ви кажам. Инаку престанав да се користам фарба, сега почнав со кна, косата ми има поубав сјај.
доста помагаат шампоните врз база на коприва, агруми, бреза или камилица, но шампон од коприва напрво место, еве јас имам мешан тип на коса што значи мрсен корен, а по должината нормална до сува коса, случајно почнав да користам шампон од коприва во комбинација со добар регенератор и сум презадоволна и не ми се мрси толку многу, порано го користев Фитовал кафеавиот задоволна бев но како да го расипаа или мене ми се презасити косата.
Во врска со косата сум изрод над изродите ! Во есен паѓа се суши несмеам да ставам никакви маски или регенератори и никогаш не била мрсна ...
Здраво на сите! Јас како малечка имав многу мрсна коса (еден до два дена по миењето ми се мрси) сега е подобро. Користам и шампони за мрсна коса но слабо оди ... кои витамини треба да ги користам каков шампон да користам?
Каква боја на коса имаш? Немој да се навредиш но малку си се зезнала што си ја фарбала косата ... тоа и само штети на косата бидејки ја суши и го одзема сјајот ... но сега ке мора секогаш да ја фарбаш косата бидејки не изгледа убаво до пола црна а до пола плава ... но ти си знаеш Поздрав Мојата другарка има плава коса ... една недела не ја мие косата а не и се мрси .... и завидувам ... Како? Зошто? Редактирано од модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
Сега ... оцетот има малку непријатна миризба ... а убаво би било да ја измиеш косата со оцет но потоа со шампон ... Секој е различен ... мислам ... кај некого можеби и помага секојдневното миење ... но шо причитав од една феминка шо коментираше на форумов спомна за жлездите на главата ... мислам дека е во право ... можеби нечии жлезди на главата повеке лачат мрснотија ... тоа се случува и од мрсна храна, но можеби јас поточно незнам Јас мислам кога ке ти е мрсна косата само во коренот треба да не ја чешлаш толку бидејки ке ре размрси и понатаму. Од многуте одговори за тоа како мрсната коса треба да ја одржуваш во ред, од тоа што сум поминала, од тоа што пребарав и најдов ... заклучив: Никој не е ист! Некои жлезди на главата лачат многу мрснотија, кај некои толку малку што се мрси само коренот (сепак нервира ) ... Исто така зависи каде живееш! Ако си во град каде што има многу автомобили, прашина итн. секако дека косата ке се измрси и ке биде начиста. Зависи и што јадеш! Ако јадеш по 3-4 различни овошја на ден ... се помалку и помалку ке ви се мрси косата но и треба да се пие вода за да се „раствори’’ мрснотијата Дали се потиш? Ако се потиш многу сигурно дека од знојот малку и ке ти се мрси косата. Јак шампон! Епа ако користите јак шампон тогаш некако нема да и е убаво на косата а може да дојде и до измрсување Ако ја миете косата секој ден најубаво е да користите благ шампон. Ако сепак не помогнат овие совети во текот на наредните 2-3 недели (ако испробате) разговарајте со некој кој се разбира во тоа! Ахх се сетив и на уште едно!!!!!! Во зима, кога ставате капа (а тоа е задолжително) ке мора повеке пати да ја миете косата бидејки и тоа доведува до мрсење на косата Имајте пријатен ден!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Потполно се согласувам со Boka.A! Убаво објаснето е горе долу точно!!! ) Вистина е дека некои имаат жлезди кои лачат повеќе, некои помалку; зависи и од временските услови-кога дува ветер и те како “помага“ побрзо да ти се измрси косата; прекумерното чешлање исто така... Сепак, најбитно е кога веќе сте почнале да ја миете косата секој ден, тоа да биде со благ шампон!(Од камилица, бреза...) Мене лично многу ми помогна шампонот од Нивеа против мрсна коса, ама веќе одамна не можам да го најдам по нашиве маркети!
Јас само да си се пофалам дека нешто Пантенот за мрсна коса и волумен ми се погоди овој период. Пу пу да не ми е урок, кој жив ќе се гњави со откривање на шампон кој ќе го сака мојата мрсна коса
Јас сум изненадена од Орзене шамопнот со пиво 4 ден а мене коста не ми е мрсна ова е чудо ! 2 ден ја катастрофа бев во косава ... така да го препорачувам да го пробате ионака немате что да изгубите
Да, и овој и оној стандарден во бела амбалажа. Овој дека има мирис на јаболко па не ми се допаѓа и затоа го земам оној во бела амбалажа
И јас долго време имав мрсна коса, ама откако почнав да го користам Пантенов на сликичката на горните постови, многу поретко ми се мрси...