Не знам дали ќе ви помонгам ама јас се мијам со шампон од бреза,помага во растење,мекост и не е сува косата.Користам маска,потоа капки и крема за коса.Косата ми е супер,а исто така ја мијам на 5 дена и не е мрсна.Навистина може 4 ден е,ама пробајте со шампонот од бреза.
Солиден, прилично сум задоволна. Ми се мрси дури 4-от ден, на 3-от само шишките, ама ги ''перам'', па ок се. Има толку убав мирис, абе да ти се присака го испиеш!
помага стварно? се изненадив,многу лошо ми зборат за шампониве од орифлејм,а ја мислам дека се океј,добро може овој се издвојува имам страшно мрсна коса,и уште утредента после бањање мене ми е мрсна-зејтин!! свашта користам,абе ништо,ни а ни б. Па ај ако не да го земам овој шампон,али како и да е..секоја коса различна прича за себе си е Ѕ:
И јас го имам истиот проблем но деновиве го пробав новиот шампон Garnier-Pure Shine и косата не ми се мрси.
И јас си го имав овој проблем но си купив шампон на kenue (бајачка си го платив )и не ми се мастеше на 2 дена сега еднаш до двапати неделно си ја мијам косата но многу ме чешеше глават исто ко вошки да имам во главата и фризерот ми кажа дека не одговарал на мојот тип коса ,дека бил за хемиски многу третирана коса =за сува коса а кога го купував беше најсоодветен од сите останати
Женски јас сакам да ве прашам што можам да и направам на косава бидејќи додека сум спиела ми се измрсила а не сакам да ја мијам..освен бебешко пудро што друго може да помогне за да не се познава дека е многу мрсна?
Евентуално да си купиш неколку интересни качкети и да ги менуваш во зависност од тоа што го носиш. Инаку имав и една другарка која ја миеше само косата кај патецот и шишките бидејќи нели тие се највпечатливи и не се познаваше многу дека и е мрсна косата. Во секој случај ова не е идеално решение и најдбро да си побараш соодветен шампон или да се консултираш со лекар или некое друго стручно лице за да ти помогне да се ослободиш од мрсната коса.
Јас немам некој посебен проблем со мрсна коса..ми се мрси 3-4 ден..еве денеска ми е 4 ден и ми е мрсна..и сега не сакам да ја мијам денеска бидејќи утре ќе се бањам па зтаоа ве прашам некое краткотрајно решение само за вечер
Ја собираше во репче косата и тие прамени што се кај патецот ги оставаше несобрани (или да биде појасно, косата на врвот од главата). Спојлер После ќе се наведне во када, со туш и шампон и воала Се надевам си замисли сликовито зашто знам дека не објаснувам најсјајно
девојќи а кажете ми дали сте чуле за сув шампон ,мислам шампон за суво миење во вид на прав ли е на спеј не сум баш сихурна ,но ми делиува примамливо за мојот проблем со мрсна коса да не ја мијам секој 2 ден ...каде може да најдам ваков шампон да го испробам ...?
ејјј баш ти фала ,а барав неможев да најдам ваква тема па си реков ајде овдека...фала баш ќе разгледам како стојат таму со искуствата
Јаболков оцет му било мајката. Ама така ми кажаа вчера, не сум пробала. Откако ќе се измие косата се става јаболков оцет кој стои 2-3 мин и потоа се плакни косата со топла вода. Арно ама да ве предупредам дека многу мирисааа оцетот на глава. Така правиш карантин 1 недела по дома ама добиваш коса со многу сјај и која не се мрси толку многу. Ако имате услови и можности пробајте
Не се раствора ставаш дирекно на коса (земаш оцет од шише и посипуваш низ косата и триеш исто кога ја миеш косата со шампон), одстојува 2-3 мин и потоа исплакни ја косата само со вода (не ставај шампон)
Мојата се мрси кога нема да ја измијам цела недела, но сега ни се мрси косата бидејки влегуваме во пупертет
од ко се сеќавам сум се мачела со мрсна коса, но сега некако успеав да ја навикнам и ја мијам само 2 пати неделно. Ја миев на секои 2 дена, па се мрсеше претерано многу. Многу фризерки ми рекле дека најдобро за косата е да ја миеш еднаш неделно, но одпрво мора постепено да ја привикнуваш. Па така, првите 2 дена ми е свежа, третиот ќе се замрси па ќе ја соберам. Сега 3 дена ми е свежа, а мислам дека ми помогнаа и тие лаковите за коса од шварцкопф...