повеќето совети прочитав, ама сепак мислам дека е индивидуално, може помагаат многу работи, но мене до сега не ми помогнало ништо, не шампони, не "финтици" не триста тракатанци, апчиња, оставање и немиење (само нервоза ми стварало) буквално ништо, и го прифатив тоа и веќе 7 години ја мијам секој ден косата (освен ептен да не одам нигде, па максимум два дена да ја оставам). Денес одам на факултет па и не е толку страшно, но утре ќе одам на работа (Здравје Боже) не личи да сум мрсна. Можеби и не сум била толку упорна, алал да му е на тој што успеал. Спојлер и друга работа, ставам те ваква крема на лице, те онаква, за регенерација, ноќна... и ми се чини ко на коса да ставам, ама се тоа си има врска.
Јас стварно не верував дека со бебешката пудра за тело што е бекутан може да се направи да не ти е мрсна.. Викам пфф шо им е на овие како е можно.. Ама кога пробав ваква останав Стварно помагало и сеа кога ми е мрсна и ме мрзи да ја мијам или немам време со пудра ја правам па не се познава ништо
Ставате на коренот од бебешката пудра и ја чешлате косата така ли баш сакам да пробам кога ке ми се измрси ај некој нека објасни како
Еј еј види! Не сум знаела ова со пудрава Обавезно пробувам,се заинтересирав,зошто прилично ми се мрси
и јас ставав од бебешката пудра понекогаш кога веке ептен сум во брзање и немав време да ја измијам ама другиот ден е исто пак мрсна а многу си се мразам така е сега почнав овој период на два или три дена да ја мијам тоа е неможам со мрсна коса а зимно време секогаш е така со мојата коса
Еве нешто најново што прочитав на интернет. Плакнењето на косата со лимонов сок е добро за осветлување на косата, но има уште една намена – помага доколку имате мрсен корен. Исцедете лимон, сокот измешајте го со половина филџан топла вода, растворот нанесете го на коренот и оставете да делува пет минути. Исплакнете со млака вода. Па вреди да се проба.
A од лимонот не цветаат побрзо врвовите? - сокот секако ќе ги опфати и нив, колку и да се трудиме да ставиме само на коренот. Ова ти иде како, се спасуваш од едно дереџе, добиваш друго.
Незнаев конкретно во која тема да пишам, затоа што проблемов ми е Темава е за мрсна коса, ок, го средив некако тој проблем. Еден период почна многу да ми опаѓа косата, купив од медицинскиот шампон “Нирел“, сеа гледам добро е, меѓутоа после тоа почна друго да ме мачи Откако почна на ден, два да ми се мрси косата (тоа беше јули-август негде, годинава) косата почна некој чуден мирис да ми добива (некој грд накиселникав мирис), морам да ја мијам на 1 ден за да не ми мириса. Користев различни спреови, маски, шампони, ама пак си е исто. Знам дека и начинот на исхрана допринесува до тоа, ама па здраво се исхранувам, впрочем, се исхранувам исто како и пред да ми се појави овој проблем Незнам од што би можело да биде. Ај девојки хелп, ако имала некој сличен проблем или пак знае што може да е, нека пише, затоа што ми иде ќелава да се ишишам
Косата обично јас ја миев на два дена, а некогаш и на еден, зошто премногу ми се мрсеше. Ама ја навикнав на 3 дена. Знам, и јас кога помислив секој 3 ден, ми беше пекол, едвај издржував, обично тој ден си седев дома, во репче косата ми беше. И кога ќе помислев дека треба да ја мијам, и да ја фаќам така мрсна, смрт ми беше. Ама сега си ја навикнав, со маки, ама си ја навикнав. Еве, денес ми е втор ден, ама како вчера вечерта да сум ја миела. Искрено ми беше здосадено, на ова ладново, се мрзнев секој ден. Летоска, фала Богу, пак ќе ја привикнам на 1-2 дена, ама сега зимоска ладно е. Знам дека звучи глупаво, да ја трпиш косата толку дена немиена, со секакви чуда во нејзе. Ама јас, еве се навикнав.
Не сум имала проблеми со мрсна коса но бидејќи немаше каде ќе ви пишам тука...Косата ми ре разбушавува толку многу што личам на буф. Не само после бањање туку секој ден.. Ми викаат дека тоа е од што многу често ја носам фатена и премногу ги оптегнувам влакната на косата.Но еве веќе неколку недели не ја фаќам и кога ќе ја фатам не е толку силно..Не знам што да правам па ако можете вие да ми помогнете...
Здраво девојки , истиот проблем го имав и јас , косата одкако ќе ја измиев уште вечерта ми беше мрсна , но тоа е поради тоа што секој ден и ја миев и користев премногу продукти . Имам тенко влакно, кое брзо се плетка и се мрси. Сепак мојата коса изгледа стварно преубаво сега и имам доста комплимент за неа. Не се работи за никаков шампон или нешто слично . Едноставно тоа што го направив е ја оставив косата 3 дена без миење. И од тогаш ја мијам косата на 3 дена , доколку ја носите пуштена чешлајте се повеќе пати , додека сте на работа на училиште... Сега од препарати за коса користам само шампон loreal Elseve и балсам или регенератор. Избегнувам пегли за коса , и гледам да не ја оштетувам без причина. Доколку ви е премногу мрсна косата а немате време да ја измите или пак едноставно ви е мрсна уште утредента како привремено решение е да ставите бебешка пудра во прав и ја натапката во косата , нормално белото ке се натапка и нема а се приметува. Тоа ќе ја впие мрснотијата на влакното и ќе го исуши и косата нема да изгледа мрсно. А и девојки не си играјте со вашата коса мнг , односно не ја чепкајте постојано затоа што така веднаш се мрси !!!
Јас си го купив новиот Шаума, искрено, многу сум задоволна, го користам втор пат, а резултатите се очигледни. Веќе трет ден откако последно ја измив косата, а свежа е како денес да сум ја миела, а имајте во предвид дека деновиве малце повеќе бев зачадена во димот од цигарите, а сепак нема ни м од мрсење. Сума сумарум, задоволна сум.
Го има ли некој пробано шампонот на Зиаја од лаванда за мрсна коса? Повеќето од производите што ги имам се со солидна цена и супер квалитет, не знам дали истото важи и за производите за коса Инаку за овој се работи;
Мене косава порано воопшто не ми се мрсеше а сега на секој 2 ретко 3 ден ми е веќе мрсна.. незнам како да си помогнам сама на себе. Се и сешто пробав ама нема, некои ме тешат ај пубертет е вака така ама мене страшно ме нервира тоа
Мојот вечен проблем.Што и да и правам на мојата коса,нема резултати.На третиот ден е мрсна,и неподносливо ми е.Сум приметила дека ако ја оставам подолго време мрсна,кога ја мијам ми е посјајна .Досега најмногу сум задоволна од Schauma,и планирам да си го купам новиот шампон тој плавиот. Да споделам со вас дека од што јадам многу феферони,косата ми расте подолга и коренот не ми е толку мрсен. Инаку,лек за мрсна коса нема
Ја со мрсна коса, фала богу ( да чукнам у дрво ) немам проблеми..сепак мојата мајка има, и те какви! Значи имаше ептен мрсна коса, како цела година да ја немаше миено, без разлика на миењето од претходната вечер... Таа проба секакви шампони, но кај ниеден од нив не се појави успех. Ја оставаше подолго време немиена, но сепак жена е, како да излезе со таква коса. Ни тоа не успеа. Сеа од скоро зема еден шампон од аптека Реконазол и косата со тек на времето почна да и биде по сува, но сепак повторно мораше да ја мие на 3 дена. Како се повеќе и повеќе го користи овој шампон, се и е посвежа косата, и делува. Има воочливи резултати. Пробајте и вие може ќе помогне! Бај д веј сум слушнала за сапунот катран на Докторс. Една другарка го имаше користено и имаше некои резултати... Пробајте и со бебешка пудра. Најефикасни се на Бекутан. Не знам шо ќе помогне, зашо сите имаме различен тип на коса. Со среќа женски!
Здраво на сите! Значи и јас го имам истиот проблем но не само што ми се мрси косата туку и во последно време многу почна да ми каше и многу ми е ретка и залепена за главата.Кој може да ми помогне,било каков шампон да користам зошто ништо не ми помага,како да ми стане погуста? Однапред ви благодарам.