1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мрсна коса

Дискусија во 'Коса' започната од Melodi, 20 ноември 2009.

  1. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    Ја измив претходната недела, и секако во понеделникот ми беше супер, сјајна...мерак :emo:
    Во вторникот ставив троа бебешка пудра и помиина некако.
    Во средата веќе беше мрсна |( , ама ме фати инат и си реков, е не ја мијам, само ќе се истушурам. Си ја собрав вака [​IMG] и таква си ја носев и во среда и во четврток.
    Во четвртокот вечерта ми дојдоа гости, поседоа бааги, па ме фати мрза да ја измијам а и ладно би беше.
    Во петокот дури после работа ја измив.
    Си викам , ех супер, издржав 5 дена, сега сигурно ќе ми биде сјајна и нема да ми се измрси брзо. |( |( |(
    жими газов! :doh:
    Денеска изутрина ми беше мрсна....мрсна и мрсна :envy: :envy:
    Значи нема спас!
    И прееска со памукче, ставив алкохолен оцет, поминав низ корените, и 3 пати ја шампонирав...аууу цела нервоза на косата си ја истурив.
    Сега ми е прекрасна, ко свила.
    И да знаете ќе ви пишам за колку време ќе ми се измрси.
    Фала и чао |-)
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    До пред 2 месеци имав мрсна коса.Сега си ја нормализирав.Решението беше ова :
    1.миење на косата 2 пати неделно(строго)колку и да е непријатно
    2.доколку уште еден ден треба да почекате до следното миење или пак ако немате време како што кажаа феминките ставете бебешка пудра
    3. Мене ми се мрсеше на секој втор ден и употребував шампон за суво миење од кој сум задоволна незнам за вас, од ORIFLAME e.Чини околу 250 ден.Се вика hair x и е во зелено пакување.(за балансирање на мрнотијата)Онака дава свеж изглед и е збогатен со витамин е и ментол.А ако не ви одговара вас јас не сум ви крива--да се разбереме :lol: (шала на страна)
    4.Внимавајте на скалпот,одмивајте се убаво и не се мите со препремногу ладна или жешка вода. :)
    со среќа !
     
  3. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    Ветено - сторено!
    Денеска е среда, и косата ми е мрсна. :envy: Ете така. Нема лек.
    Поздрав и чао!
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Искрено и мене ми се мрси на два дена, можеби и од многу миење, али секако подобро би ја миела него да ја чувам мрсна за да ми се „одмрси“. Поодвратно нешто од мрсна коса нема, ако треба два пати на ден ќе ја мијам ама со мрсна да шетам нема шанси. Денеска сабајле ставив пудра да видам како ќе делува, не ми помогна само моментално после тоа ми се чини уште помрсна ми изгледаше.
     
    На maca99 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Јас намалив, наместо секој ден ја мијам 3-4 пати неделно и сум задоволна.
    Сосила да ја чувам таква зејтиносана и умирисана... ќе се намалело мрсењето :^) ... како да не бе.
    Едноставно, хигиената за косата си ја поистоветувам слично како хигиената на интимните делови малтене, и сум помирена дека за да косата биде чиста, мирисна, волуменозна и сјајна, не може да ја оставиш 5 дена немиена бе.
    Не може.
    Ни пудри , ни бутур, ајде може ќе се спасите малку од мрснотијата - што правите со мирисот?
    Чад од цигари, од гадниот воздух и сообраќајот по улиците, излегување, ручеци...?
    Со што го прикривате, со лак за коса?
    Ем мрснотија, ем нечистотија фиксирани со лак, не фала.

    Не гледам на мрсната коса веќе како на некој особен проблем, се решава - со миење на истата.
     
    На crazylady, LilBaby и maca99 им се допаѓа ова.
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Не ми е јасно како по 5 дена некои не мијат коса :|
    И мене ми се мрси,па ја мијам или секој или на еден ден,ама никогаш нема да си дозволам да ја тренирам 5 дена немиена да видам дали ќе ми се мрси или не! Па дури и собрана во репче,мрсна коса изгледа грозно и пуштена и во репче :puke: Едноставно ако многу ви се мрси купете си бебешки шампони и мијте си ја секој или секој втор ден-тоа ќе е единствен спас.Миење за да шетате со убава коса :)
     
  7. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Леле, немиена коса 5 дена! Од самата помисла ме зачеша главава. Во овие услови на живот и загаден воздух, кога цела нечистотија се таложи во косата :x
    Јас ја мијам преку еден ден, без разлика дали е измастена или не. Не можам да трпам немиена коса, ме фаќа с'клет, ме чеша главата..
    Порано ја миев дури секој ден, но многу често настинував.

    Што се однесува до проблемот со брзо замастување на косата, јас преземав и неколку да ги наречам хигиенски мерки кои даваат резултати. Значи, ја менувам навлаката на јастукот, секој втори ден, односно кога легнувам со чиста коса. Многу внимание обрнувам на чистотата на чешлите и четките кои ги користам, бидејќи и на нив се таложат маснотии. Понатаму, еднаш на две недели правам нешто како пилинг на скалпот со сода бикарбона со што длабински се чисти кожата од заостанатите нечистотии.

    Во вонредни ситуации употребувам од оние средства за суво миење, моментално се спас, но бидејќи имам црна коса мислам дека се приметува нешто како прашина.
    Сега скоро имав ситуација и просеав малку какао низ косата. Абе супер ефект добив колку и да изгледа блесаво :rofl:
     
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    Што заклучивме нема лек за мрсна косааа :^) .
    Ама има привремени решенија,и секако почесто миење.Јас сум многу задоволна од овој шамонот на Шаума Push up,ептен е убав,и има убав мирис.Косата ми држи дури и до 5 дена :) .Пробајте,нема да зажалите :hai:
     
  9. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    Кога сме сите во ваква ситуација со косата и одиме до тој степен дури и ако ни речи некој дека е ефективно и г...а да ставиме за спас дури и тоа ќе го направиме, епа пред да дојди до тоа утрово прочитав за ова и нормално да споделиме за спас :D
    среќно :D :D :D
    http://boza.mk/2012/kazhete-zbogum-na-masnata-kosa/
     
  10. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Мене ни бебешка пудра ни ништо повеќе не ми помага, а кога не сум фарбана уште повеќе ми се мрси :devil: :devil: :devil:
     
  11. principesa

    principesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    101
    Женски и јас имам мрсна коса, ама изгледа си го најдов решението. Ги имам пробано сите можни шампони што постојат на нашиов пазар...не само за мрсна, за секакви коси, од најскапи до најевтини, ниту еден не ми помогна. убава ми беше косата само дента кога ќе ја измијам, после одма беше катастрофа, а плу и тенко и меко влакно, абе шо да ви кажувам, катастрофа.... Е сега конечно, се надевам, го најдов вистинскиот шампон за мене...Orzene за мрсна коса и маска на Pantene за мека и тенка коса и сум презадоволна. Можете да го пробате шампонот се надевам дека ќе ви помогне и на вас.
     
  12. gorde.madzevska1

    gorde.madzevska1 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Mene mi se mrsi na 23 dena
     
  13. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Најефикасно решение за сите што имате мрсна коса е навечер пред да си легнете да си ставите бебешка пудра во коренот,натапкајте ја со прсти и оставете ја така на косата цела ноќ.Кога ќе станете косата има изглед како да е тазе миена :)
     
  14. cvetcinja

    cvetcinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Имам слушнато за ова ама немам пробано баш ке провам. Поздрав феминки имјате убав ден
     
  15. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    57
    Јас користам шампон Реконазол и незнам што е тоа мрсна коса... Можете да го најдете во најблиската аптека.. Позз :)
     
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Колку пари е од прилика?
     
  17. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    57
    Па 160 денари.. Малку скапичок е пошто е 120ml. али помага.. И не смееш да ја миеш косата повеќе од 2 пати неделно ;)
     
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Jaс користам Рецепт за мрсна коса и задоволна сум. ;)
     
  19. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    57
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.186
    Пол:
    Женски
    Е, за шампонот потврдувам, ма потпис и печат ставам!
    Плус, косата ми мириса прекрасно до следното миење. :mm:
    Во комбинација со жолтиот спреј Глисс за моите испукани врвови, косата ми е ко препородена.
    Во план ми е да купам и маска Orzene, бидејќи прочитав позитивни коментари за неа.
    И, да напоменам, пријатно сум изненадена бидејќи не ми треба пегла за да ја средам косата, Orzene си ја врши работата одлично. :lol: Поправа коса во животот не сум имала. :wasntme:
    Е сега, пената не ми фаќа скоро ич, не ми ја прави прекршена, ама ајде, ќе се навикнам на права коса. :D