Многу мрзам мрсна коса. Најозбилно. Првиот ден ми е супер, најубава. Вториот така-така можам да кажам дека не ми е мрсна, ама третиот веќе лјсфлдбнгксјбгкбкњгбгкњблмвн=мрсна. Пудра врз коса не ставам, ептен ми е плукни-залепи и ко додавање масло на огнот. Не бе каква бебешка пудра човече
Направете го ова барем една недела косата измијте ја во Понеделник и не ја мијте се до Петок, ако го правете ова верувајте нема да ви се мрси за два дена. Но не користете никакви пегли бидејќи тие дупло ја мрсат косата.. Поздрав.
Мрсна коса. Јас на пример ќе се избањам во Недела, и во Среда ми е абе како да не сум ја миела косата со месеци и месеци. И сега го користам Felce Azzurra, задоволна сум и помалце ми се мрзи косата и ми ја прави поубава. А иначе сум слушнала дека ако ти е мрсна, косата ти се храни со витамини...
И јас го имам овој проблем.Ако денес ја измијам утре ми е мрсна.Кога немам обврски да излегувам од дома не ја мијат по 4-5 дена,аа до сега нема резултати ни од тоа.Инаку мојот ''паметен'' фризер еднаш ми рече: издржи да не ја миеш еден месец и супер ке ти бидне косата Ненормален!!!
И јас имам мрсна коса па морам да ја мијам веќе на вториот ден. Имам пробувано со секакви шампони но до сега од никој немам видено резултати. :/ Освен миењето на секој втор ден друго решение незнам...
Ух колку ја мразам мрсната коса. Има една жена кај нас нон стоп и е во опавче косата и мислиш три прста сало има на темето. Одвратно! Симбол за нехигиена после кандел-мишките.
Мојата коса беше многу густа и убава се додека не влезам во пубертет. И мене исто така ми се мрси сега брзо косата но јас почнав да користав Dove 2in1 и сега е мн. подобра Поздрав
Девојки јас очајнички барам помош. Неколку страни назад новиот Шаума доби пофални зборови, ама и тој веќе ме изневери. Значи ја мијам косата преку ден, со поблаг шампон, а веќе како што си тера косава ќе сака и секој ден миење, што нема да биде воопшто изводливо секој ден да се управувам со неа. Сакам да прашам дали е штетно барем 1-2 неделно да ја маскирам некако со тие шампоните за суво миење, м? (само ве молам да не ми препорачувате бебешка пудра како замена, не работи кај мене)
многу мразам мрсна коса, од кога ја сменав бојата почна почесто да се мрси,затоа што ставам регенератори и маски ,оти ми се оштети многу ,и сега од нив ми се мрси многу,и морам да ја мијам скоро секој денн
Мојата коса се мрсеше многу побрзо кога ја миев секој 2 ден. Почнав да ја оставам и да ја мијам на 3-4 дена, избегавав да ја фаќам често со раце и сега сум по раат. Маски не користам, а регенератор многу ретко. Избегавајте премногу препарати, хемикалиите повеќе ви ја очтетуваат косата отколку што и помагаат.
Луѓе..еј, се деси чудо. Мене 2 дена косата не ми е измрсена. Пошто последен пат (во петокот) кога ја миев и додека ми беше мокра и ставив пена за волумен, и сега не ми е мрсна. Инаку ако ја мијам во петокот навечер во саботата околу 12-13 ми е мрсна, а сега не. Ако сакате дојдете, јас ќе частам.
Јас го сменив шампонот. Почнав да користам NIVEA против мрсна коса и сега засега е добро, задоволна сум. Полека полека си го намалувам овој проблем, понатаму ќе видиме. Ваков е, сигурно го знаете .
Уф и јас го имав истиот проблем веќе доолго време сум пробала и еден куп шампони и да ја чешлам надолу косата ,така демек помалце се мрсела ама ништо не помагаше, денес ја мијам утре веќе ми е мрсна.Ама сега се мијам со Recept за мрсна коса и стварно е супер,многу ми помогна.
хм да тоа со бебешката пудра делува и тоааа како...но мене почна да ми паѓа од често ставање....јас почнав да пијам чај од коприва секој ден и гледам еве има некој резултат....некако ккао побујна ми е и не се мрсни често...што знам пробајте ништи не кошта
Не ми се мрсеше многу косата, ама последно време... Може да се мрси повеќе од почесто миење на косата ? Ја мијам во недела , вторник, четврток и петок ( или сабота зависи). Четири пати многу се ? Читав некаде максимум два пати? Јас ќе се збудалам ако ја мијам толку малку. Или да барам чаре со некој шампон? Ако не е работата во шампонот што да правам?
Даниела, и мене до пред некое време косата ми беше супер. Ни ми се мрсеше за ден -два ниту ништо. Е сега, откако почнав да ги употребувам силиконските капки од Авон, косата ми се мрсеше за точно еден ден. Од тогаш почнав почесто да ја мијам а капките повеќе не ги употребувам, но поради честото миење, косата сега за се' поскоро и поскоро време ми се мрси. Јас сум прилично сигурна дека честото миење ми е главниот проблем. И ќе си речам ај не ја мијам, ама не можам да ја оставам па така мрсна,де. И повторно иста прича.. Инаку и ако ја пеглаш, јас сум приметила и од пеглањето ми се мрси за мнооооогу брзо време.
Имам и јас мрсна коса но откога го пробав овој шамтон коста са ја миев на 4тиот ден .Стварно многу ми помогна , сепак не знам како ке делува на вас но пробјте го ништо не губите а можете да добиете.И +јас го зедов на акција заедно со регенератор околу 160 денари двете заедно .
Се зависи и до влакното, веќе две недели по ред си ја измив само 2 пати во неделата и не ја испеглав бидејки ставав рицинусово масло на цела коса и немасе потреба од пеглање не ми беше бујна, но пак ми се измри на вторниот ден, пр ја мијам денес приквечер утре дента ми е свежа другиден исто така и вечерта веќе ми е мрсна, барем уште еден ден да ми биде свежа па неможам со дечко ми да излавам со мрсна коса