Пробајте со шампонот за масен скалп на KEUNE на CARE LANE линијата, се мие 2-3 пати неделно, и се става по малку колку денарче во раката, се шампонира по два пати косата, 250ml e околу 500 денари мисалм треба да го има cosmo i unique ,не го користете повеке од 2-3 пати во неделата, треба да се навикне косата на помалку миења...Работам во фризерница им помогна на повеке муштерики ........
Абе само што ке ја измијам, истријам добро, утредента ми е како да не сум видела шампон и вода 10 дена! Не се трпи више аман!
еве уште еднаш ви цитирам . Пробај го овој шампон.Нема да зажалиш . Јас со овој шампон дури на 4 ден си ја измив косата . Гледам дека не излегла сликата на шамопонот .Одете на претходната страница и видете го
Ма дај нема врска ова што го збориш. Гледав една емисија и доктор рече -Кога ти се мрсни рацете дали сакаш да ги измиеш ? па така и косата кога е мрсна треба да ја измиеш.
Nivea-та за мрсна коса кај мене, иако не ми е екстремно мрсна, не делуваше никако. Дури и откако ќе ја исушам изгледаше залепена како неизмиена. Така да не значи дека секој шампон ќе одговара на секоја коса, но вреди да се проба..
Овој шампон и не е за мрсна , туку на шампонот пишува за сува коса , но јас за инат го земав и стварно сум задоволна со резултатите. Пробај го
Јас на сите што имате мрсна коса ви препорачувам да се шатирате. Мене нормална ми е косата, кога ми беше шатирана водолно ми беше еднаш неделно да ја мијам. Ако сака некој да експериментира нека проба
Имам нормална накај мрсна коса, ја мијам 2 до 3 пати неделно и отако го купив овој шампон скроз се уништив. Косава ми е мрсна (не мрсничка или без волумен, туку зејтин) веќе вториот ден и изгледа ко да не сум ја миела бог знае колку време. Ужас невиден, а толку убаво мириса.
Се имам изјаснето и порано во темава дека косата на само еден ден ми се мрси. Користев хед анд шолдерс, па после шаума, па од авон едни.. И повторно истиот проблем. И завчера си викам ај да го пробам Косили, тој детскиот шампон, од брат ми. И си ставив на косата, се измив, и еве после два дена, косата не ми е измрсена. Не мириса многу убаво шампонот, ама гледам дека ми одговара на косата.
Дечки, до периодот ќе да е, до времето можеби - и мојата коса почна почесто да се мрси, завчера ја измив и вчера беше супер, ама денеска е веќе коматозна состојба. Одвај два ипол дена, а обично ми издржуваше до 3, 3 ипол преку сила. Си мислам дека ми се презасити од шампонот, дека ова второ пакување од истиот и планирам да сменам. Ме интересира каков избор на шампони имаат Garnier, ама и не мора да биде специјално за мрсна коса, зашто таквите обично ми се претешки, ми треба некој потечен и попроѕирен по структура. Единствено таквите ми одговараат и не ми ја мрсат дополнително косата. Или пак, да си земам Нивеа. Ма немам појма.
^Гарниер и проѕирен? Што не го пробаш овој, некаде околу 70тина денари е како и сите од таа колекција, го немам користено ама имам користено други од овој тип и супер задоволна бев. И да не ти се свиѓа, не е којзнае колку големо паковањето па брзо ќе се потроши.
Девојки, јас имам проблем со мрсна коса, обично ја мијам секој ден или вака седејќи дома - преку еден ден, од кој вториот е веќе катастрофа и ми е задолжително врзана. Случајно го испробав овој шампон на Глис и се покажа многу солиден. Без силикон, целосно проѕирен, шишето е само виолетово. Сега знам, парадоксално - шампонов е без силикон, а после ставам силиконски капки, но само на врвовите. Мене и фризерката ми има кажано дека сите кои имаме проблем со мрсна коса, треба да одбегнуваме тешки кремасти шампони, како оние 2 во 1 со регенератор... што полесен шампон, тоа подобро, а ова е еден од најлесните и најефикасните за мрсна коса. Плус, намалете со регенератори, маски, креми, продукти за коса што дополнително ја мрсат и отежнуваат. Значи најнеопходното. Еве ми се потроши, мајка ми земала Палмолив и тоа виолетовиот за волумен, и косата ми е тесто следното утро, а сум ја измила во 9 претходната ноќ. Утре одам повторно да го земам овој на Глис.
Вечерта ја мијам, првиот ден пуштена, вториот во опавче и пак одново. Само вака може да мијам коса секој втор ден. Инаку се откажав од борба со мрсната коса. Сега само гледам како да поминам полесно. И скапи и евтини шампони џабе, веќе по 24 часа, јас имам мрсна коса. Тоа е, гени се во прашање. Затоа сега користам обичен шампон од коприва или бреза, од оние на Илирија, малку маска или пак силиконски капки за врвовите и тоа е се! Моја препорака за шампонот од копривата на Илирија, чини околу 80-90 денари и трае еден месец. Скапата варијанта ми е шампонот Дукреи-за мрсна коса. Го има во Виола, околу 700 денари. Со него косата ја мијам на три дена, ама еден или преку сила два дена косата е ок, третиот обавезно собрана. Значи тоа е единствениот шампон кој е донекаде ефикасен против мрсната коса. Јас го користам повремено и го препорачувам. Ех, колку им завидувам на оние што и по цела недела не мијат коса, а немаат ни М од мрсна.
според мене најубаво е да ја миете косата со бекутан со камилица 2 пати неделно а може и на секој 2 дена...Исто така и доколку ви е плава косата при миење додадете чај од камилица, малку да дејствува и исплакнете.Исто така и минерална вода и морска сол помагаат за коса без волумен..
девојкиии, не претерувајте со миењето тоа ја масни косата исто така и рацете подалеку од неа.... не се чешјајте мноооогууу и користете благ шампон (детските како бекутан се најдобри)
И јас го имав проблемот со мрсна коса и иѕгледаше ужасно но случајно прочитав дека еден од проблемите за мрсна коса е перницата на која спиете.Може нема да верувате но ако ја менувате на 2 до 3 дена ке преастане да се мрси толку често.Мене ми успеа И сега по неколку дена не ми се мрси.Инаку косата треба да се мие со слаб шампон.Поздрав
Лелее што се не се изначитав. Коса немиена 5-6 дена и на крај брашно да и ставиш.... Јас од секогаш сум го имала тој проблем, плус дека ми е прилично ретка одма ми се сплескува и не личи на ништо. Испробав еден куп шампони за против мрсење и сите кај мене го имаа истиот ефект, коренот добар, врвовите суви барут што резултираше со разлетана и наелектризирана коса. На крај го најдов решението и долго време не сум го сменила шампонот од Кам маркет. Некоја германска фирма го произведува.
И јас едно време го користев овој шампон, но го сменив бидејќи мајка ми почна да купува ваш анд го, но не се сеќавам колку дена ми издржување косата... На колку дена ја миеш ?