Не дека ми е мрсна косава, ама во последнава недела некако како променета ми е, воопшто не ми се допаѓа. Отсекогаш сум имала убава, тенка свиленкаста коса, ама во последно време почнав да користам и маски како чај од камилица за да ми биде уште поубава и стварно ми беше мека на допир, абе одлична Е сега, не сум ставила веќе неколку недели маска и еве и кога ќе ја измијам ,добра ми е, ама не е иста како порано. Уште првиот ден после неколку часа, ете пола ден да кажеме ми е како спласната, не ми е мрсна ама не изгледа свежо миена, следниот ден исто така, не ми се допаѓа каква е, не свети како порано, а вториот ден после бањање веќе се гледа дека е измрсена на места. Незнам што и е, дали е од времево што е топло, па ќе се испотам, а и самата кожа лачи масла и ја мрси повеќе.. Совет некој како пак да ја средам?
Од кога пиев од зелената глина на Виталија таа што е за орална употреба косата многу помалку ми се мрси ми издржува до 4-5 дена,исто така многу влијае топлината на водата со која се мие косата,препорачливо е последното плакнење да биде со што поладна вода,така се спречува брзото мрсење на косата а ќе биде и многу посјајна.
По секави користени шампони нивеа, палмоливе, хедн шолдерс , бебешки шампони и уште нз какви .Си земав шампон од бреза и баш ми се погоди.За 38 денари го земав а косата не ми беше мрсна 3 дена.Сега за сега сум задоволна од него.
Само што пишав во темата за расцветани врвови па мора и овде Јас имам една лоша комбинација - мрсна коса со распукани врвови. Имам таква инаетлива коса на која што и да се обидам, морам да го повторам за да има барем мал резултат (освен шишањето ). Одамна си имам научено една лекција - се што е природно има многу поголем резултат од она што е со бар код Иако не штети да се проба и со тие производи. Па еве си следам некои такви работи па косата ми е во подобра состојба. Ми се намали и мрснотијата. Е сеа, не можам истото да го кажам и за врвовите, ама работам на случајот За мрсната коса, лекот е во реткото миење. Не мора веднаш да го намалите ама обидете се барем на секое трето миење, да го зголемите денот (ако ја миете секој втор ден, на наредното миење измијте ја на третиот. И секое трето миење зголемувајте го за еден ден (и јас се збунив при објаснување ама мислам дека ќе ме сфатите ). Јас стигнав и до недела и еден ден без да ми е мрсна косата. Ама запрев на недела, ептен па да не претерувам Ако ви е подолга, кога ќе си леднете, исправете ја наназад и многу лесно врзете ја, особено во овие топли денови. Тоа ќе спречи од заплеткување и мрсење. И не знам што ме беше спопаднало (ама како ептен детиште кога бев), да си го сменам шампонот (имам ексклузивни работи и за шампоните ама тоа во друга прилика ). Само ми ја уништија косата. Затоа пак си се вратив на Kосили (ама исто пакување има и друга (мислам дека е) фалш фирма па внимавајте ако одлучете да си земете). И нормално, пак ја имам косата која ја имав како кога бев многу мала.
абе не знам веке што да пробам и што да направам. Косата ми е чиста само еден ден и после другио може да издржи ама мрсна е.. Ја мијам косата 3 пати неделно ама џабе е пак се мрси не знам веке што да правам. АЈ некој нека ми даде некои совети, домашни маски, шампони, капки, па ако треба и некои лекови за зацврстувње и поголема издржливост на коса или не знам веке што ???
^ Пишав и погоре. Немој да ја миеш толку често. На кожата на косата и е потребно време за да си ја достигне својата нормална мрснина, а со пречестото миење се оптоварува и почнува ненормално да се мрси. И јас порано многу често ја миев ама искористив еден одмор за да си ја средам и веќе не ми се мрси толку многу. Ако веќе толку многу ти се мрси, носи ја врзана тој ден или ако имаш можност, носи капа. За совет имам пишано погоре. Се надевам дека тоа ќе може да ти помогне
Сега кога е веке лето косата брзо ми се мрси, затоа си ја мијам секој ден.Шампон кој најмогу ми се свига е овој на nivea
Најдобронамерен совет за оние кои имаат мрсна коса и се на еден начин „приморани“ да ја мијат почесто: Користете благи, детски шампони. Не се залажувајте со Нивеа, Хед'н шолдрес, Шаума, маума и таквимити бакрачи. Земете си Бекутанче, Косили, или некој таков благ шампон кој нема да му штети на скалпот. Таквите шампони против мрсна коса, против првут и што ти знам таму уште повеќе го тормозат скалпот, а овие детскиве се баш погодни дури и ако почесто ја миете косата, да речеме 3-4 пати во неделата што воопшто не го оправдувам, се согласувам со мислењето на членката погоре, бидејќи и јас почнав да го практикувам тој режим пред определено време и има резултати. Сега косата ја мијам два пати неделно, многу ретко три пати - ако ептен се испотам или се чувствувам дека на косата ѝ треба освежување, ама во главно два пати со Бекутан ми е идеално.
Девојки,немојте да се грижите ако во последно време ви е помрсна косата него вообичаено. Лето е,се потиме,нормално е тоа.Затоа ви препорачувам да си ја фаќате косата по дома во реп и не многу често да ја миете.Мијте је на 4-5 дена и не ставајте многу шампон,убаво плакнете и после коа ја сушете немојте многу блиску.И мене сега почна во последно време веќе 2тор ден да ми се мрси,а во пролет,есен и зима издржуваше дури 4 дена.
Јас го имав овој проблем Ама го најдов решението пред месец дена. БЕКУТАНЧЕ ОД КАМИЛИЦА! Ви препорачувам да го пробате шампончево,околу 80-90 денари го купив. Можам да издржам со немиена коса дури 7 дена И секако,поретко миење.Се надевам дека помогнав.Поздрав
Schauma Cotton Fresh...значи подобар шампон од тој не сум пробала на косата....јас како тинејџер се разбира дека имам мрсна коса, го користам тој шампон и максимум 4 дена косата ми е прекрасна, а пред да почнам да ја користам таа шаума( предходно користев шаума ама за испукани врвови), секој ден морав да ја мијам косата . Исто така ја омекнува на допир..се надевам дека ви помогнав
Пред некој ден прочитав дека пакетче сода истурено во шампонот помага во подобро измивање на косата и дека со тоа побавно ќе се мрси косата.
И јас имам мрсна коса и суви врвови за жал. Фризерката ме советуваше да земам шампон од бреза, на Алкалоид мислам беше и во него да ставам 30 таблети Б комплекс (тие кафеавите), ептен иситнети. пробав, ама не видов некој резултат. Сега за сега не ја мијам многу често, гледам тоа да биде на некои си 4 или 5 дена. И приметив дека не ми се мрси толку многу. А и нон стоп ја носам врзана, може и тоа игра голема улога.
Го земав од Кам маркет шампонот против мрсна коса денес,уште тоа ми остана да го пробам,иако сум скептична,се си мислам дека ќе ми направи првут.Ама ќе пробам сепак.
^ Moжат ли да го користат и природни плавуши шампонов? Нели не се препорачуваат препарати од коприва за оние посветлите - го темнееле влакното.
Ваква тема мислам дека нема. Ми требаат вашите совети бидејќи јас имам ретка коса и мн брзо ми се мрси така да сакам да знам дали постои некоја фризура за да го прикријам тоа ама да не биде којнско опавче Ви благодарам однапред