Фризура со која може да се прикрие мрсната коса Ако нејкеш коњско опавче тогаш нека биде пунџа, или во најдобар случај плетенка, ама таква одозгора сплетена
Фризура со која може да се прикрие мрсната коса Плетенка,ќе ја собереш како коњско опавче со два стегача(ваљда ме сваќаш како ) , ама добро со чешал да го исчешлаш од сите страни кога ќе го собираш.
Фризура со која може да се прикрие мрсната коса Стави бекутан пудра на коренот и втриј убаво со прстите. Иако пудрата е бела, без разлика на бојата на твојата коса ќе се впие и нема да се приметува. Ја освежува косата и се губи тој изглед на мрсна Пробај па пиши..
Фризура со која може да се прикрие мрсната коса Деновиве ја носам постојано фатена во пунџа, дури така и спијам. Косата воопшто не ми се мрси како претходно, а и раат сум, ја мијам кога сакам, дури ми се случи 10дена да не ја измијам, среќа не ми мирисаше инаку немаше шанси да ја оставам толку долго. Но, дефинитивно ова пунџата е закон работа
Јас почнав да го користам Loreal Elseve-Volume collagen за волумен на косата и за јакнење на влакното и откако го користам не ми се мрси толку косата и можам да не ја измијам 5-6 дена, но мислам дека сепак улога игра и тоа што сега бидејќи е топло ја носам по цел ден дури и за спиење фатена косата во коњско репче.
Фризура со која може да се прикрие мрсната коса Ви благодарам, изгледа пунџа му е мајката Инаку со бебешка пудра имам пробано и не ми функционира, незнам дали јас незнам како да ја ставам ама ништо не бидна па затоа пунџичка ке биде најдобриот избор
Фризура со која може да се прикрие мрсната коса Мислам дека би било подобро да ја миеш почесто и тоа со шампон за мрсна коса
Фризура со која може да се прикрие мрсната коса Без разлика каква и фризура да направиш, мислам дека мрсната коса се приметува. Миј ја секогаш кога ќе забележиш дека ти е мрсна во коренот. А ако некогаш стварно многу брзаш и немаш време да ја измиеш, собери ја во пунџа, или стави бебешка пудра ако имаш посветла коса.
Фризура со која може да се прикрие мрсната коса Mрсна коса си е мрсна и нема тука никаква фризура која може да ја прикрие. Се приметува дали е чиста или не дури и кога е врзана. И јас имам мрсна коса и искрено, ич не ми е до врзување и правење фризури, па и да ја залижувам во репче - кај мрсна, уште лигавење и тинтрење со чешелот. Ќе ја миеш со благ, детски шампон и готово. А пунџата да, дефинитивно врши работа, ама подобро да биде малку натапиран коренот и да биде бушава, а не залижана, бидејќи кога е бушаво фатена во репче/пунџа помалку се приметува.
Фризура со која може да се прикрие мрсната коса Се согласувам со другите. Проблемот ќе си стои,колку сакаш криј ја пак ќе се познава дека е мрсна. Гледај да направиш нешто да си го решеш проблемот. Барај си го идеалниот шампон за тебе или веќе кога не бива миј се почесто. Јас сум слушнала дека некои користат пудра во прав,стават на корените со четка и не се познава дека е многу мрсна косата. Ама тоа ќе те спаси само за некој саат.
Фризура со која може да се прикрие мрсната коса Јас имам ретка коса и затоаа многу,многу ми се мрси. знете ли нешто во врска за тоа ( сто треба да направа за да не ми се мрси толку многу косата)
Фризура со која може да се прикрие мрсната коса Јас имам многу виткана коса и не ми се мрси а на мојата другарка што има даска права коса многу често и се мрси и ја носи во репче!
Морам да пишам за шампонот од Кам,жива катастрофа.Ајде некои резултати и така не очекував после 3-4 миења,ама дека по самото миење косата ќе ми биде толку сплескана и за некој саат мрсна,епа не очекував,ептен е за никаде,а и како ја уплеткува,чешлање никако и плус ми мириса на трева и не можам баш да го поднесам.(секоја коса е различна,не значи мене ако не ми одговара,дека нема ни на вас)Едно големо НЕ од мене
Единствено решение е неколку дена да не се мие косата иако е мрсна или пак да не ја често фаќате со раце
Леле јас и цела недела да не ја мијам косата па кема да ми е мрсна а на една моја пријателка денес ке ја измие а утредента и е како со зејтин мачкана мрсна
за да не се мрси косата не треба многу да ја чешлате и да ја фајќате..јас порано имав многу проблеми со тоа , секој ден ја миев и после ми кажаа дека бебешка пудра помагало против мрсење на чешелот треба да се стави пудра и после да се расчешла и има ефект
Фризура со која може да се прикрие мрсната коса Репче па плетенка после,или пак само плетенка. А може и пунџичка така е најдобро. Иначе избегнувај,шишки да носиш бидејќи тие најбрзо се мрсат