Фризура со која може да се прикрие мрсната коса А за шишките има решение?Јас имам шишки на страна и ногу ми се мрсат,ја мијам косата секои 2-3 дена и пак Решение?
Фризура со која може да се прикрие мрсната коса Мене оваа најмногу ми се допаѓа, а и е некако универзална, на сите си им стои!
Фризура со која може да се прикрие мрсната коса Немој да ја миеш цела коса, миј ги само кркмите кога ќе ти се измрсат, а за тие да не се мрсат ќе си ставаш пудра во прав или бебешка пудра на нив во мало количество. Исто така ставај пудра на челото
Фризура со која може да се прикрие мрсната коса И мене шишките многу ми се мрсат и јас секојдневно ги мијам, набрзинка, под лабаво, кога со шампон, кога со сапун, тоа ми е рутина, секое сабајле, после миење на лицето и забите, обавезно и шишките ги мијам.
И јас имам многу мрсна коса и морав да е мијам на 2 дена,но користам шампон од Schwarzkopf (schauma cotton fresh) и сум задоволна.Косата ми мириса преубаво дури и по неколку дека откако ќе се измијам,и не ми се мрси толку многу затоа што сега е мијам на 3-4 дена
Jas nemam mrsna kosa no imam drugarka na koja mnogu i se mrseshe no otkako pocna da stava bebeska pudra od bekutan ne e tolku mnogu vi preporacuvam i vas se nanesuva na ceselot
И мене порано косата ми беше мрсна, но откако почнав да користам шампон WASH & GO for greasy hair има резултати. Косата има поголем волумен, поретко ми се масти ( дури и до 1 недела ) и е посјајна. Пробајте!
Сега откако почнав редовно да го користам можам да кажам дека не ми се мрсеше толку косата, но многу ми се заплеткуваше во чворови како никогаш досага и кога ја чешлав многу ми опаѓаше,претпоставувам дека причината е тоа што беше за волумен на косата, а од денес почнав да го користам шампонот HOBBY со екстракт од коприва за тенка и мрсна коса, вклучително и против перут, инаку го купив во продавниците на Golden Rose за цена од 120 денари,а е 750мл.Денеска после првата употреба осетив дека при рашчешлувањето не ми опаѓа толку косата и дека полесно се рачешлува. Па се надевам дека добро ќе ми дојде дека нема толку да ми се мрси, сплеткува и дека нема толку при чешлање да ми опаѓа.
женски без везе ми беше да отварам нова тема, па затоа решив овде да ве прашам ...откако се вратив пред 1 месец од одмор косата ми е мрсна по еден час откако ја измијам , веке незнам шо да и правам
Јас имам голем проблем со косава.Многу,ама премногу ми се мрси.Користам Head & Shoulders заради тоа што ми се прави и првут Сакам да пробам некој друг шампон,ама пак незнам кој. Ако може да ми препорачате некој,од овој веќе преку глава ми е,а и се поскап станува Незнам што ќе се прави,многу шампон трошам,а не помага.На пример сабајлето ако ја измијам,вечерта како маче накиснато цела сум залепена.
Немам проблем со мрсна коса,ама многу често ја виткам со преса,нели што ја прави виткана како со плетенки.И баш е супер,не се замарам со косата 2-3 дена.И иста ми е како и првиот ден. Мило ми е ако помогнав.
јас имам мрсна коса и тенко влакно значи полошо не можеше да биде. Пред месец ипол почнав да го користам SYOSS (малце е скапичок)за нормална до тенка коса. На почетокот многу мека ми ја правеше но сега од кога го користам малце подолго приметувам подобрување и не ми е толку мрсна. 2 до 3 пати неделно ја мијам а пред тоа ја миев и до 4-5 пати а тоа ич не е убаво. пробајте па може ке видете и вие некаков ефект по некое време
Имам пробано со Бекутан.Тој пак уште недосушена косата се познаваше како мрсна да ми е,залепена,залижана.
Мислам дека имам пишано нешто на темава, ама одамна беше.. Јас имам мрсна коса, но никој не знае. Затоа што ја мијам секој ден и не се жалам. Во ред е да пробате ама некој кога ќе ме убедува, уф, мразам. И друго што мразам, мрсни коси. Но највеќе, реченицата "оставај ја подолго нема да ти се мрси." Како да излезеш со мрсна коса? Како да ја оставаш подолго. Или пак да ги одложам сите оврски само затоа што косата ми е мрсна? Ако ти се мрси, миј ја. Едноставно е. Прифати го тоа и нема веќе да имаш проблеми. Јас веќе многу години ја мијам секој ден (освен кога не излегувам од дома да скокнам еден ден), па немам буквално никакво оштетување ниту пак влакно ми паднало од косата. Да да, сето тоа е убаво да се храни косата од природните масти, бла бла.. ама убаво е да излезеш со тесто коса? Мхм, не. Изгледаш гнасно, колку и да си чист. Ма и шампони и домашни рецепти и се, и оставање со денови, јас аир не видов. Не не, не се жалам, мене косата ми блеска, како што мијам заби, така и секој ден ја мијам косата. Ќешки сите да немавме проблеми со мрсна коса, па да си ја миевме на три-четри дена, ама ете, не се случува. Од пробај ова, пробај она доста често менување шампони и триста тракатанци може повеќе да се уништи косата. Што не ставив на таа коса,и така е, но ништо не се смени, едноставно што направив е прифатив обврска на секојдневно средување. Пробувајте додека мислите дека не е залудно, секој со различни ситуации, но кога веќе не може, прифатете на почесто миење и никаков проблем.
^ Лесно е да се каже-миј ја секој ден и решен проблем...Не е само миењето, после тоа следува сушење/фенирање, пеглање-барем кај мене ако сакам да заличам на човек, значи саат време, а кога имаш обврски преку глава не ти е дојдено баш до овие ритуали секојдневно, па не е само косата што треба да се средува... Затоа бараме нешто што бар ден или два ќе не одмори, шампон, маска, домашен рецепт, било што...И не е безнадежно, само треба да ги пронајдеш правите препарати за својата коса, јас после долго време мислам дека си ги најдов па сум раат 2-3 дена...
ова е професионален шампон се купува кај овластени дистибутери и е за мрсен скалп . кошта околу 600 или 700ден пакување од 250мл.скапо е ама е ефикасно и се користи ова до 5 месеци, така да ако ги пресметаш трошоците за другите шампони по месец и не е скапо . не прави пења на првото шапмонирање а потоа на второто шампонирање прави пења и тоа прилично. сега почнав да го користам па ќе ви кажам како сум задоволна