Е навистина е лесно да речеш миј ја секој ден.Ама пак тоа за мене некако неизводливо е. На пример јас имам проблеми со синусите и во зима ако ја мијам секој ден што ќе речат тие? И тоа можеби тебе ти функционира,ама еве ќе ти кажам и јас еден пример.Татко ми повеќе од 20 години секој ден ја мие косата затоа што му се мрси.И како што минуваат годините косата се’ повеќе и повеќе му се мрси...Така да ова со секојдневно миење не мислам дека е добро. Исто како што не е добро ни постојано пробување нови работи на косата,премногу често оптеретување може да доведе и до контраефект.....
Јас ја мијам коста секој ден... пред еден сат се мијав, сабајле кога ќе станам ќе ми биде мрсна... нема шанси да не се измрси одма !! многу се нервирам
Девојки, не знам каков шампон и да користите, ако продолжете да ја миете косата секој ден да се повеќе и повеќе ќе ви се мрси, не дај боже како што кажа едно девојче предходно, цитирам „ Мрсна ми е дури после 1 час откога ќе ја измијам“. Разбирам дека сите сакате да изгледате убаво, ама правете нешто, врзувајте ја во репче, пунџа, плетете плетенки, само за да го одложите миењето. Пробајте прво на два, на три, па на четири дена. Би требало после извесен период проблемот да ви се реши.
На 3,4 дена миење? И да не е мрсна веќе го губи обликот, формата, не мириса убаво... Треба само да си го најдете правиот шампон што ќе одговара на вашата кожа и коса. Не користете многу балсам, спрејови, маски зашто дополнително може да ја залепите за глава, избегнувајте да ја допирате нон стоп, сушете ја со пешкир, не со фен, избегнувајте пегли за коса... Уствари, шампонирајте и оставете ја сама да се исуши. Со секое буткање рака во коса, таа се повеќе се прља. Сменете ги навиките со кои ја третирате косата, лапнете и по некое б6 Јас ја мијам на 2дена. Ми се мрси, ама со новиов шампон што го земав, значително помалку. Се издржува. Кога сум дома неколку денови, не ја мијам, никој не ја гледа нит мириса
Mene kosata za 2 dena odma mi stanuva mnogu mrsna sekoj 2ri den ja mijam i mnogu mi rascvete neznam veke kakov sampon da koristam site samponi gi isprobav
Јас да ви кажам си ја миев косата со прашок ариел!!! хахаха и на мене многу бргу ми се мрси и прочитав за ова со прашокот и можно е и 2 дена да не ви се измрси!! пробајте проверено е
Пробајте, пробајте.. Можете после комотно да си ја споредите со шеќерна волна, само нема да ви биде розева.
да пробајте и нека ви се иритира цела кожа на главата и ако сакате да вриете од првут за неколку дена и секој ден да се мие косата е претеризам ама и на 4 дена е претеризам мислам ако не друго косата мириса неубаво,тој што си има проблем со мрсна коса си има џабе се и шампони и све за жал све имам пробано ништо не помага и до 4 дена ја имам држено врзана само да не ја измијам и пак на 2 дена ја мијам некогаш еден по друг ден ако е потребно све имам пробано и се мрси тоа е влакното е неквалитетно косата ми е ретка и се мрси јас се помирив со ова
И мојата коса се мрси ама тоа е од што мн ја фаќам,ја врткам и слично битно ми се мрси.Ама искрено немам живци секој втор ден да ја мијам па затоа кога веќе почнува да ми се мрси си ставам пудра за тело felce azzurra на коренот ја расчешлувам и одма е подруга косата и изгледа побујно па така издржувам некои 4 дена отприлика ....така да пудрава е моето тајно оружје за мрсна коса.Сега зависи секој не може да ја поднесе ,ги чеша и сл,али кој може нека си проба.
Јас го користев, но немаше никаков ефект, а освен што немаше ефект ми ја уплеткуваше косата и не можев да си ја исчешлам косата и не само овој плавиов туку и сите други шампони на шаума ми ја уплеткуваа косата.
znaci otkako go kupiv ovaj kosava mi se mrsi vejke naredniot den - KATASTROFA! (se izvinuvam za latinicava) http://www.german-supermarket24.com...inal_images/zoom_cream_oil_shp_229x229_de.jpg
Веројатно тоа е така бидејки е маслен шампон,кој е наменет за многу сува и оштетена коса. Не знам зошто си го купувала ако имаш мрсна коса..
^ Истата онаа што се користи кај бебињата, бебешките пудри. На пример Бекутан, а има и други фирми - Фелче, Нивеа, Беколино или како и да беше оваа.
Јас сепак и покрај малото промрчнување, си земав второ пакување од Гарниер против мрсна коса, со глина и зелен лимон. Погоден ми е, најважно е што после самото миење косата ја чувствувам многу чиста и свежа во коренот... утредента веќе, после 24 часа е мрсна, но сепак - работа, гнасен воздух, преполни улици, стрес, чачкање на косата, спиење, и уште некој да ти дувне со цигарата во лице, или да се најдеш во иста просторија со манџичка... епа толку е. Задоволна сум, сепак.