Па нема да се прави пена ако не си додала вода И предходно напишав а и во видеото жената си кажува дека треба полека полека да додаваш вода и да се направи пена. Мене ми успева фантастично, незнам зошто тебе не ти успеало И јас имам суви врвови и не ми смета ваквото миење, ставам регенератор на крај и готово.
Јaс успеав да ја измијам косата на тој начин. Мислам, батко Ѓорѓија мораше и ова да го проба. Бирајте некој потечен шампон - и онака за мрсната коса не е потребен тежок шампон, гледајте да биде проѕирен. Јас си купив Џонсонс бејби, со екстракт од лаванда. Сум го начекала на акција, со гратис сапунче со мирис на лаванда. Мореее, мераци шампонов. Минатата недела косата ми беше свежа цели 3 денови, а тоа никогаш не се имаше случено, обично на вториот веќе беше масна во корените и на шишките посебно. Ќе пишам импресии и од овој пат со фамозното миење, сега само сакав да се пофалам дека шампонов е прекрасен и дека можеби на некоја од вас ќе ѝ одговара.
додавав вода ги пикав рацете под туш па се масирав како и на видеото но еден сат јас неможам да издвојам само косата да ја мијам за да направам пена секогаш кажав дека е непрактично решение и според мене оваа техника е смрт за врвовите на косата тоа е тоа
Mishela еден совет од мене за шампонов бидејки го користев (имам коментирано претходно), обавезно ставај маска, регенератор или што и да користиш на врвовите бидејќи многу ја суши косата
Јас и онака секогаш ставам маска, не можам да замислам да ја измијам косата дури ни со така да го кажам најмекиот шампон, а да не ставам маска. Не би можела да ја исчешлам ако не ставам малце. Ептен е комплицирано косиштево мое. Спојлер Леле, ама ме штрекна тоа што го прочитав за Џонсонс. Па дури си купив шампон од 500мл, да не случајно ми е малку. Среќа што не мијам лице со сапунот, ами си го чувам низ фиоките со алишта за да ми мирисаат на чисто.
точно 6 часа откако си ја измив косата .. and here we go :roll: веќе почна да се мрси во пределот зад ушите any help ?
Е ајде и јас си ја измив косата така, ама не гледам некоја разлика освен што го потрошив половина шампон патем, и јас имам пробано да ја мијам косата на 5-6 дена но неможам да издржам можеби со тек на време ке се привикне нема да се мрси често, но срам ми е да излегувам со таква коса ептен мрсна ке треба да не излегувам од дома, што нема шанси, најодвратно ми е кога ке видам некоја жена, девојка со коса мрсна-зејтин... и сега си ја мијам на 3 дена, здосадено ми е веќе ама тоа е.
ајде сега ама па секој втори ден е така.. сега последно што мислам е дека е до шампонот.. користам шаума кафениот, за оштетени врвови а планирам да си земам обичен брезов ..
Ау шаума НЕ погрди шампони нема од нив.Можно е да од него. Земи си или од бреза или од коприва и решен проблем, Јас користам од коприва и буквално можам и една недела да не ја мијам. Претходно морав секој ден.
И јас имам проблем со мрсна коса,но проблемот делумно го решив со шампонот од Кам маркет,тој што е со 7 билки.Делумно бидејќи косата ми се мрсеше на 2 дена,а еве сега терам до 3 дена.Значи може да го пробате,и може да си го дозволите,60 денари е.
Јас последен период ја спастрив со чичково масло кое го ставам на 2 недели на пола надолу од косата (држам 2 часа замотана во пунѓа) и шампон од Гарниер Ultra doux aloe vera. Шампонот е за нормална коса. Сватив дека оние што се за мрсна коса премногу се агресивни и нема врска дека ќе ти ја ,,оправи косата,, туку напротив, ќе ја исуши експресно за да за 1 еден почне веднаш да се мрсни пак косата т.е го потикнува лачењето на жлездите....
А го пробала некоја Сајос? Нема силикон, проѕирен е и делува онака лајт - мислам дека би бил добар за мрсна коса, м ? Да го потрошам овој бебешкиов, планирам ваков да земам. Имала некоја искуство со шампонов?
Трипати му дадов шанса на сувото миење и не видов никакви разлика искрено. Инаку, не ми претставува тешкотија воопшто ваквиот тип на миење на коса, мојата и онака е слаба и тенка. Ноќеска, прво сум удрила суво миење, а вториот пат шампонирав нормално, како што си ги миеме косичките. Па ќе видиме оваа double комбинација, дали ќе е win ситуација. Славица, баш ме замисли за шампоните за мрсна коса, држи вода ова што го зборуваш. Околу бебешките, се се канам да си купам некој, ама страв ми е дека ја пресушуваат косата, јас имам суви врвови, ама ок, има лек - си ставам маска на секое миење. Ми го пофалија бебешкиот на Џонсон, млечно бел, со двојна хидратација, може да му дадам шанса. Мишелка, единствениот проѕирен шампон, без силикон кој сум го употребила бил на Глис, оној во темно виолетово шише, и беше ок, немам замерки. Тука некаде со овој на Гарние, за мрсна коса што го имам во моментов, можеби малку за нијанса и посолиден.
Се согласувам Шаума шампоните се најгрди. Посебно оној плавиот од памук наменет за мрсна коса. Yeah, right. Ама ќе прашам дали само мене не ми се погоди шампонот од коприва? Рака на срце, вистина е дека го забрзува растот на косата ама освен тоа за друго не ми се погоди. Скалпот ми го направи лом, и после миење обавезно главата ме чешаше. Кој колку сака може да го фали шампонот, јас ќе останам на тоа дека за квалитет и цената игра улога.
и јас се согласувам дека цената и квалитетот играат улога од шампонот од коприва и др.ефтини шампони одма м се јавува иритација на главата првут и чешање абе убаво се рекло KOLKU PARI TOLKU MUZIKA
Ако го најдеш, да си го земеш, Трендафилке. Другарка ми си го купи, со него одеше гратис сапунче, кое случајно испадна одлично. 300 милилитри за 132 денари. Јас зедов со лаванда, а таа си го зеде белото. Преубаво мириса, мирисот е типично бебешки нели, пренежен и се осеќа на косата и по миењето - што мене лично многу ме бендисува. Ама за некои посебни ефекти не би можела да дадам мислење, затоа што девојчето нема мрсна коса. Мене ми одговара Џонсоснс бејби со лаванда, засега не ми прави првут, па да видиме. Тоа е проблемот кај мене - по одредено време ми се презаситува косата и скалпот ми станува ужасен, па затоа мислам дека и почесто почнува да се мрси. Да го потрошам овој, следен ми е тој Сајос без силикон.
Јас само ќе ви кажам некое мое искуство. Јас ја мијам преку еден ден, пр. петок ја мијам па потоа во недела. Повеќе не можам да ја оставам, па не е воопшто убаво ни пријатно да шеташ со замрсено косиште, ја бар не се поднеусвам така, некоја језа ме фаќа, па собирам, пустам. Моето искуство вели да не се менуваат постојано шампони. Ние можеме тука да си кажуваме искуства, ама факт е дека не секој шампон исто влијае на секоја коса. Јас на пр. го користам: веќе 7 години, по препорака на едно другарче од основно, Господ да ми го благослови. Знам дека е for men, ама мене ми е совршен и не го менувам. Годинава не знам што ме спотера, кога се отвори ДМ во трговски, ајде влегов, го земав Гарние на промоција за 70 денари. Сега го колнам денот кога го ставив на коса, една таква реакција ми се јави на косата, да почна да ме чеша небаре вошки имам, демек ем за првут ем за мрсна коса. Ја мајката, сенаменски тој. И за на одмор не ми се даваше пари за Нивеа, па земав друг од ДМ против првут и беше одличен. Значи ако веќе пронајдете шампон скроен за вашата коса - не го менувајте, не испробувајте све и свашта на косата, ќе добиете спротивен ефект. Освен ако вашата коса е нормална. Ни масна, ни склона на првут. Ма да ретки се таквите. И да имате нормална, ќе ја уништите.
Тоа ми е моменталната добитна комбинација која одговара на мојата коса. Престанав со фрлање на пари на скапи шампони за мрсна коса која 2-3 миења е ок а после нема врска и факт е дека про-дите на наш пазар и странски не се исти. Туку друго ми беше муабетот што сакав да ви кажам, сите производи на Џонсон се канцерогни и со штетни материи. Официјално имаше изјава од нивна страна дека до 2013год ќе ги тргнат штетните состојки. Ова некаде го прочитав на нет (а и ако прочитате на декларација што се содржи ќе ви биде јасно) а и во темите за деца/бебиња има напишано (не ми текнува која феминка го пиша). Незнам колку пазите на тоа ама еве како инфо да си кажам