Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мрсна коса

Дискусија во 'Коса' започната од Melodi, 20 ноември 2009.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.198
    Пол:
    Женски
    Ајде еден совет и од мене, ако некоја ги пронајде ваквите симптоми кај нејзината коса - слободно нека го искористи.
    Мене проблемот ми е, што пребрзо ми се мрсат шишките и тука-таму некое прамечне позади шишките, а деловите зад ушињата ми се чисти и издржуваат без проблем 5 дена, понекогаш и недела дена, ама не практикувам толку многу да ја оставам немиена. :x
    Значи, кога ќе забележам дека се измрсиле шишките заедно со тоа неколкуте прамени, ги одделувам тие делови и ги пуштам напред, а остатокот позади го врзувам во репче.
    И ваљда ни на крај памет не би ви паднало, ама ете јас го мијам само тој нечистиот дел и косата е како нова.
    Е сега, ефектот нема да го постигнат тие на кои им се мрси буквално целата коса, за жал.
    Јас имам проблеми со делови од косата, а не цела. :emo:
    Не е некој страшен изум, ама честопати ми заштедило и време и нерви. :D

    И мене тоа ме секира ужасно, ама кога веќе го купив - после онаквење, нема каење. :D
    Големото пакување од 500мл го тргнавме на страна, а овој мојов и онака ќе го снема за 2-3 миења.
    А како тоа дури сега се дознава дека се штетни, досега кај биле да објават !? :?:
     
  2. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Колку и да ја миеш косата пак, за ден-два ќе биде мрсна , ама со Рецептот барем мирна ти глава четири дена.
    [​IMG]
    Jас го користам долго време, и многу сум задовлна. Е сеа за секој различно ,кај некој помага кај некој не, ама вреди да се проба. ;)
     
  3. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Имам едно забележано,откако ќе ја измијам косата и си легнам со пуштена следниот ден ми е малку мрсничка.Ете затоа еднаш пробав лабаво да ја фатам и да го покријам делот кај што најмногу се мрси и voila - помалку ми беше мрсна што значи дека некој фактор во мрснењето на косата има и перницата.Ако не ви е од скоро миена навлаката сите ѓубренца и мрснотии од претходно кога сте спиеле на неа со мрсна коса додека спиете ќе ви се залепат на вашата.Или пак ако не претпочитате да спиете со фатена коса,свртете ја перницата или сменете ја навлакта со некоја чиста.Мене ми помогна,се надевам и на останатите со овој ужасен проблем :)
     
  4. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    а што е разликата помеѓу тој од коприва и брезовиот ?
     
  5. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    За справувањето со мрсна коса многу ми помогна сода бикарбона и плус убаво ја омекнува косата.Ставате шампон на рака ,малку сода,мешате и ја масирате косата со смесата.После малку потешко се расчешлува косата,но кога ке се исуши се приметува разлика.Содата темелно ги отстранува мастите и и дава сјај на косата.Приметувам дека многу помалку се масти во споредба со порано.
     
    На Mrs.Bass и Trendafilka им се допаѓа ова.
  6. elena6

    elena6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    И јас имам проблем со мрсна коса. Косата ми е толку мрсна што морам секој ден да ја мијам. Пробав на секакви начини да ја намалам мрснотијата, но никако не успеав.
     
  7. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Каде може да се најде?
     
  8. La.femme

    La.femme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    111
    И мојата коса многу се мрсeше, морав да ја мијам секој втор ден. Нема шампон за мрсна коса што сум го видела во маркет, а да не сум го користела. Резултатите биле горе-доле исти. Генетиката си го прави своето плус фактот што живееме во загаден град. Летно време и онака се бањам секој ден, па не е проблем. Ама во зима имам мака со синусите и тој ден кога ја мијам косата не смеам да излезам од дома. И Господ здравје да и даде на една фризерка, која ми препорача да почнам косата да ја мијам со Асо дерм белиот сапун. Го викаат уште и сапун без сапун, Ph нивото е прилагодено на кожата. Бев скептик, ама си викам ај ќе го пробам и се изненадив. Косата не се мрси толку многу, доволно е два пати неделно да ја измијам. Не прави пена, речиси и да нема мирис, ама косата кога ќе ја измијам ми е како свила, лесно се расчешлува и нема потреба да користам балсам. Пробајте сите вие што имате мака, можеби и на вам ќе ви помогне. Го има во сите маркети, цената е околу 100,00 денари, многу бавно се троши (не се раскашавува како другите сапуни), со еден сапун може да истерам и два месеци. Дури и на брат ми му помогна да си го ублажи проблемот со првутот. Еве го на слика сапунот
     

    Прикачени фајлови:

    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ќе го послушам твојот совет мислам дека си потполно во право во врска со шампоните
     
  10. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Да те прашам нешто. Прво ја измиваш косата со шампон, па потоа со сапунот или единствено со сапун ја миеш косата?
    Прочитав многу убави работи за овој сапун, особено бил добар за мрсна кожа, а мене проблемот со мрсна коса ми произлегува токму од мрсниот скалп. Па мислам да го купам овој сапун и да пробам.
     
  11. emily90

    emily90 Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Немој да користиш регенератори и маски за коса често, на пр ако се миеш 2 пати неделно прескокнувај преку едно миење ....
     
  12. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Заради проблемот со мрсна коса, мнооогу ретко користам маски и регенератори за коса. Еднаш на неколку месеци, а косата пак ми е мрсна. :(
     
  13. La.femme

    La.femme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    111
    Јас не користам шампон, само сапун. Најнормално ќе ја намокрам и после со сапунот поминувам по целата коса. Како што спомнав не прави пена, меѓутоа убаво ја чисти косата и лесно се расчешлува, воопшто не ти треба балсам. Се надевам дека ќе бидеш задоволна :)
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Потпис и печат и ти благодарам многу ЛаФем што го сподели ова.
    Ја измив косата со Асо Дерм, само еднаш за проба, и ми издржа цели два дена, претходно не се случило такво нешто, да остане толку долго свежа и мирисна.
    Денес си ја измив пак, и тоа два пати, првиот пат пени малку, ама затоа вториот е исто како со шампон, прави пена, нежен и го чисти скалпот, мириса на чисто, а косата после се расчешлува без проблем, ниту маска, ниту регенератор ставив.
    Сјајна и лесна за обликување, ќе пукнам од среќа, не ми се верува дека сапун го создава овој ефект. :)
     
    На midnight.flower и crazylady им се допаѓа ова.
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Еве и од мене еден рецепт, ненамерно испробан. :rofl:

    Косата ја мијам 2 пати, ко што е редот. Првиот пат за да се исчистат нечистотиите, вториот за мирис и обнова на косата. И така завчера, по грешка посегнав по гелот за туширање, си го чапнав на коса, си пушти пена, кога оплакнав и ми замириса, ми текна колку е саатот, али било је касно. :)

    Ефектот е побујна коса, и денес и е 3 ден уствари како ја шетам, и издржа лавовски, незамрсено, и нема зејтин ефект. Нормално дека е спласната, во магла и чад е Скопјево, ама за 3 ден треба црни појас да и се врачи. Мое е да кажам, а и ме замисли малце ова Фелчево. :D
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Јас 3 пати неделно ја мијам и сум задоволна од толку , порано ми се случувало и по 5 пати неделно и ми беше напорно , почнав да ја навикнувам да не ја мијам често врзував реп , пудра ставав , сега сум задоволна што ми издржува значи до 3 ти ден повеќе и не сакам :)
     
  17. kikal

    kikal Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Муки мучам со мојава мрсна коса.
    Ќе ја измијам денес,утре веќе ми е мрсна,а за задутре муабет да не правиме.
    За решение што знам,ми нема ништо помогнато,ја миев со Бекутан и сега имам еден од Гарниер со некои си билки и ваљда ќе има некои ефекти.
     
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    И јас го пробав ова и навистина има голем резултат.
    Косата никогаш не ми била помека и посјајна и ептен убаво ми мириса.
    И после два дена сеуште мириса на чиста и свежа. Многу лесно се расчешлува и многу ми е сјајна и лесна за обликување, ова никогаш досега не ми се случило.
    Благорадам многу ЛаФем :bow:
     
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    И јас не користам ниту маска ни регенратор,бидејќи другата ден одма ми е пак мрсна косата. :devil:
     
  20. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    феминки ви се има ли појавено првут од оние брезовите шампони? Јас почнав да го користам ама денеска приметив дека ми се појавил првут, сега друг проблем :/