Се изненадив за сапунов Асо Дерм. Ќе поминам после од аптека и ќе го купам. Иначе користам Орзене шампон со екстракт од пивски квасец и регенератор од Балеа (glatt & glanz), и издржува 3-4 дена, не се мрси. Ама сепак ќе го пробам сапунов. Мислам, what could get worse?
Здраво девојки! И јас имам проблем со мрсна коса и тоа многу мрсна, да ја измијам сабајле веќе вечерта ќе ми биде мрсна Идев на третмани во салон со ампули против мрсна коса, се утепав од давање пари, но немав никакви резултати. Сега се мислам дали да одам на третмани во 101 Hair http://www.101hair.mk/index.html. Сакам да прашам дали на некого му се познати и дали се ефикасни, да не ја направам пак истата грешка. Поздрав и се надевам дека ќе најдеме решение за нашиот проблем. П.С. Ако знате некој друг начин пишете ми
и јас вчера пробав со ассо сапунот па ќе ви пишам впечатоци за некое време ...инаку во право се феминкиве за шампоните за мрсна коса , премногу се агресивни и уште толку потикнуваат лачење..мене фризерката ми препорача бебешки шампони или оние за секојдневно миење, најефтините ...ама џабе е се...косата ти е таква и мора почесто да ја миеш
I mojata se mrsi na 3 dena,ja mijam 2pati nedelo so Orzene samponot protiv prvut.Poveke ja nosam zavrzana,a inaku ako ja pustam pobrzo mi se masti.Ako ja peglam za eden den mi se mrsi oti cesto ja fakam so race.
Значи добредојдов во клубот И јас се соочувам со мрсна коса, денеска ако ја измијам веќе задутре наутро ми е Благој Ѓорев, комотно може јајца да се пржат. За да не ја мијам често зашто знам дека нема ефект некогаш проблемот го решавам со бебешка талк пудра...нанесувам на рацете и потоа на шишките и темето на главата, растресувам (во купатило да се разбереме , па после си џогирам ) и замачкувам очи. Има ефект, пробајте понекогаш.
Јас го купи Асо дерм сапунот но од првото миење воопшто не сум задоволна , кога ја измив се приметуваше сјај. Ја измив во недела вечерта , а во вторникот кога станав рано ми беше веќе мрсна, а кога се мијам со шампон вторник цел ден издржувам е вечерта ќе покаже знаци на мрсење и среда ми е мрсна. е ке ја измијам денес со сапунот па ке видам со второ миење како ке бидам задоволна..
Јас порано имав голем проблем со мрсна коса,а сега се соочувам со уште поголем проблем-екстремно сува коса. А за ова нешто спас има или слабо?
Ништо ни со Асо Дерм, само првиот ден ми е уба косата, а вториот како да не сум измиена воопшто. Нема спас
Совети за мрсна коса Сте се обиделе да се ослободите од мрсната коса со најразлични средства, но досега немате никакви резултати? Тогаш обидете се со овие неколку едноставни, но ефикасни совети: Фарбајте ја вашата коса – фарбата за коса е хемикалија која ја покренува косата од коренот, па затоа и маснотијата не може да се залепи за влакното. Исплакнете ја косата со оцет - оцетот, чајот и сокот од лимон содржат танинова киселина и разредени со вода, помогаат за намалување на маснотиите. Овесна каша како маска - овесот е одличен третман за мрсна коса, бидејќи ги апсорбира маснотиите од самиот корен. Покрај тоа, овесот исто така е ефективен против првут и го намалува чешањето. Ако сте во брзање и немате време да се избањате, можете да посипете сува овесна каша на вашата коса и да се исчешлате. Направете кадрици – кадриците ја спречуваат маснотијата да се шири. Доколку имате права коса, не постои ништо што ќе ја спречи природната маснотија да се лизга низ влакното. Посипете какао во прав или бејби пудра – Пудрата за бебиња е одлична за девојки со светла коса. Само посипете пудра и втријте ја во коренот на косата, па пудрата ќе го апсорбира вишокот на маснотии. Ако имате темна коса, тогаш истото сторете го со какао. Мијте ја косата два пати неделно – Честото користење на шампон ја масти косата, па затоа практикувајте да ја миете косата максимум два пати неделно.
^ Абе се тоа е убаво ама не можам да разберам совет, фарбајте се да не ви се мрси косата. Фарбањето е исто така обврска што не гарантира дека косата нема да ти се мрси. Според мене не треба да верувате што се пишуваат страните како совети и да правите така. А за какао прв пат слушам, можеби и ќе пробам некогаш И ова со миењето два пати неделно ако екстремно ти се мрси не можам да го разберам. Мрсна коса впива мириси побрзо отколку сува коса. Два пати неделно мене ми е малку. Поготово во Скопјево што самиот воздух си го прави своето.
Се фарбам од 8мо одд. континуирано без пауза, и тој совет паѓа во вода, ми се случило во месецот да ставам и 3 фарби, и косата ми е пак мрсна. Вчера го купив шампонот на Орзене против мрсна коса. Маската ми останала во убаво сеќавање, па си викам зошто да не го пробам? Нивниот мирис e специфичен, ама лично за мене - пријатен и долго се задржува. Сабајлево ја измив, засега е ок, ќе видиме утре отсабајле и во текот на денот каква ќе биде. Јас сум задоволна со 2 дена издржување. Еве, сум ја измила сабајлево, и следното миење да ми е во недела сабајле. Топ. Таман си е.
Јас си го најдов единствениот шампон кој ми го одложи миењето на косава за плус еден ден. Dove daily shampoo, ме мрзи слика да барам, имам ставено во темата Омилени продукти. Одамна сакав да го купам, ама нели Dove шампониве се малце поскапи од другиве и никако не му доаѓаше редот. И кога конечно го купив, не зажалив. Конзистенцијата на самиот шампон е доста густа, и потребна е мала количина на шампон за огромна количина на пена, т.е. мала количина е доволна за убаво да се измие косата, па така иако е поскап се троши поспоро од другите шампони. А косава е прекрасна, лесна, не ми тежи на главава, го нема она чувство кога почнува да се мрси и ја чувствувате на глава, она безвезно чувство на слепена коса... :up:
^ Сечија коса е различна дефинитивно. Јас го имам користено овој шампон и првите две миења ми беше океј, и јас се израдував како тебе ,али после тоа ми стана катастрофа! За мека, ми беше мека, но и природно ми е многу мека косава, така да не беше до шампонов. Али дека помогна нешто во немрсењето на косава, не помогна. Јас сеуште сум во потрага по шампон што ќе ми остаи косава нормална барем два дена! Моментално го корисам оној од бреза и задоволна сум, но сепак вториот ден, иако не ми е мрсна, ми се губи волуменот. Трендафилке пробај го овој, може ќе ти се погоди тебе..
Го имав и јас иситоит проблем , но веќе го немам. Еве ќе ви кажам како до по сува коса. Кога ќе се истуширате или ја измиете косата не ја мијте веднаш по 2иот ден туку чекајте една недела е кога ќе ја измиете по 2 пат исто така направето го тоа неколку пати и вашата коса ќе ја навикнете на 1 недела тоа би ви било полесно отколку на секој втор ден
Косата ептен ми се мрси! Сум пробала повеќе шампони но ниеден не помага, па морам секој 3 ден да ја мијам. Ужасно ми е мачно бидејќи ми е виткана па треба да се фенирам!
Дечки, да ве прашам јас, а и да си се истажам, зашто ми се накалеми уште еден проблем со мрсењево. Периодов студено е, не можам да замислам да излезам надвор без капче, а приметив дека баш капчето придонесува за косата побрзо да ми се измрси. Сега косата ми е свежа 24 часа, вториот ден може да помине некако (наредните нецели 24 часа) и после пак мрсна. Значи, порано беше преку два дена, сега преку еден ден ми се мрси и мислам дека ќе скренам. Има врска материјалот на капчето? Моето е плетено некакво. И немам поим сега што да правам - не е до шампонот, ниту до начинот на миење, ами капчето. А без него не можам. Уф, нема раат од ова пречесто глупаво мрсење.
Е сега мојот проблем и незнам дали е за овде, коренот на косата е мрсен , значи за 2 дена веќе треба миење но врвовите се премногу суви и цела недела косата да ми е соберена врвовите ке се суви а коренот премногу мрсен. Јас мислам дека за мојот проблем нема лек , но еве ви пишав па можеби ке ми помогнете .