Епа значи добро дојдов и најдов во клубот. И јас го имам овој проблем и години уназад пробував да го решам. Општ факт е дека на сите не може исти производи исто да делуваат. Све и свашта имам пробано од скапо до ефтино, преку нарачувања од странство најразлични препарати против мрсна коса.. ама никаков ефект. Е сеа, има мала вистина во тоа дека лекот е секогаш најефтин. Барем во мој случај така се покажа, последниве 2 години го користам исклучиво шампонот на Афродита од коприва и пантенол, 1 литар е, и е околу 115 ден. Мене овој ми се покажа како најефикасен, цели 2 дена косата ми е ок, третиот ден исто може да помине и без миење. Меѓутоа и да не ми се мрси, косата не би ја чувала немиена поише од 3 дена, ипак таа ја собира целата прашина, се се лепи за неа и нејзината хигиена е доста битна. Инаку шампонот нема некој убав мирис и јесда ја прави косата малку пооштра ама мене на пример тоа не ми смета. После 2 до 3 миења ставам балсам на врвовите и неам никаков проблем. Но шо и да почнете да употребувате, не очекувајте резултати од едно или две миења, најмалку шо треба е да го истрошите целиот шампон или шо и да е.. трпение спасение шо би се рекло Одвреме на време ја мењам копривата и пантенолот, со бреза или некој друг ама пак на Афродита
Јас се мијам со палмолив и задоволна сум. Јас на пример кога гхи користев тие од 100 денари па нагоре,неможев да си ја управам косата. Сега користам од помалку пари и со неколку миења ми се управи. 4 дена може да стои немиена,ама сепак си ја мијам на 3 дена.
Епа како шо и погоре напоменав, секој има различен тип на коса, па според тоа и различните препарати различно делуваат. Јас користев многу скапи ствари, ама се беше џабе, овој сеа ми е релативно ефтин, ама најдобро се покажа.. коа ќе видиш не е се во цената и марката, туку во делотворната функција шо ја нудат истите, а најбитно на кој што одговара во зависност од типот на косата.
Еве нешто што најдов на нет за мрсна коса. Сте се обиделе да се ослободите од мрсната коса со најразлични средства, но досега немате никакви резултати? Тогаш обидете се со овие неколку едноставни, но ефикасни совети: Фарбајте ја вашата коса – фарбата за коса е хемикалија која ја покренува косата од коренот, па затоа и маснотијата не може да се залепи за влакното. Исплакнете ја косата со оцет - оцетот, чајот и сокот од лимон содржат танинова киселина и разредени со вода, помогаат за намалување на маснотиите. Овесна каша како маска - овесот е одличен третман за мрсна коса, бидејќи ги апсорбира маснотиите од самиот корен. Покрај тоа, овесот исто така е ефективен против првут и го намалува чешањето. Ако сте во брзање и немате време да се избањате, можете да посипете сува овесна каша на вашата коса и да се исчешлате. Направете кадрици – кадриците ја спречуваат маснотијата да се шири. Доколку имате права коса, не постои ништо што ќе ја спречи природната маснотија да се лизга низ влакното. Посипете какао во прав или бејби пудра – Пудрата за бебиња е одлична за девојки со светла коса. Само посипете пудра и втријте ја во коренот на косата, па пудрата ќе го апсорбира вишокот на маснотии. Ако имате темна коса, тогаш истото сторете го со какао. Мијте ја косата два пати неделно – Честото користење на шампон ја масти косата, па затоа практикувајте да ја миете косата максимум два пати неделно.
Тоа е случај кај сите, нормално врвовите да се посуви. Решение, покрај тоа што ќе го користиш шампонот кој најмногу ти одговара, на врвовите обавезно нанесувај маска/регенератор,а исто така можеш да пробаш и некој од спрејовите на Глис,разгледај во темата Спреј за коса ќе прочиташ се што ти треба.
Сум слушала демек со бебешка пудра да ставиш на коренот од косата,и потоа да го истресиш помалку се мрсела косата.Не сум пробала,незнам колку е точно.Бидејќи не ми се мрси толку многу.
јас стварно нервно попуштив со косата посебно сега назима претерано ми се мрси денес ја мијам утре ми е буквално мрсна што да правам милион шампони сменав милион
Земи од коприва,ќе заборавиш како изгледала мрсна коса.Верувај имав многу мрсна коса,а сега ми е јако сува.
мене пак ми се појави првут од тој шампон а со подобрување неможам да се пофалам.. Дали ви се има случено ова?
Многу се чудам кога некој ќе рече поретко да се мие косата за да не се мрсела Толкава безсмислица ми е тоа чудо едно! Познавам неколку девојки кои го имаат овој проблем на мрсна коса и кога ќе ги слушнам дека ја мијат еднаш неделно за да не им се мрсела толку, се ужаснувам! Па како ако ви се мрси косата вториот ден после миење шетате уште неколку дена со мрсна коса?? Исто кога ќе слушнам дека некој става бебешка пудра или какао (демек да се прикрие мрсното) и така да протера уште некој ден (нели мрсна коса не се миела често)............ уф грозно! Дај бре девојки ако го имате овој проблем мијте ја косата секој втор ден, зар има нешто погрозно од девојка со мрсна коса? И мене во последно време ми се мрси доста косава, ама тоа ми е од што користам многу спрејот на Глис, а ако не се испошприцам со него после миење нема шанси да се исчешлам...таква ми е косата. Затоа си се мијам секој втор/трет ден. А кога ќе ставам лак на косата на коренот тогаш не ми се мрси до следното миење (највеќе недела сум издржала немиена коса, повеќе од тоа ми е гнасно од самата помисла дека толку време не ми е миена косата)
па не ти била мрсна косата ако ја миеш на 2 дена. на 2=3 дена е нормално, а според мене најубаво е 2 пати во рок на дена, пример во понеделник, па во четврток па во понеделник и сл. Во зима ја мијам на 3-4 дена, а во лето секој втор ден, не ми е мрсна косата зошто ја мијам само два пати во неделата користам многу убав шампон германски е диплона се вика и не ја горам многу
до неодамна носев шишки и тогаш косата ми изгледаше многу мрсно, сека ги пуштам и долги ми се, ги закачувам со шнолче. Совет од мене доколку несакате мрсна коса, не носете шишки, навистина се убави но бараат нега и многу се проблематични, а башка што се мрсат најбрзо
Сметам дека имам најужасна коса до пола влакно мрсна од пола сува ужас освен врзана никако несе носи заради мрсниот дел ја мијам секој втор ден ама затоа сувиот уште толку се електризира и лета повторно ужас некогаш на овој дел ставав капки па креми и коа на крај требаше апсолутно секој ден некогаш и два пати дневно да ја мијам се откажав а капак на сем ие густааа се шишам почесто д аго отстанам сувиот дел но ни тоа не помага баш за околу пол месец пак истото
Потполно се согласувам! Јес да има вистина во тоа колку помалку ја миеш, толку поспоро ти се мрси ама неможам бе неможам да шетам мрсна! Боље нема да се нашминкам или на кај краева нема да искочам ако немам време за бањање ама не шетам мрсна! Ме потсети.. имав една колешка на факултет што ќе дојдеше цела накинџурена од глава до пети, со по неколку алки, прстени или ланчиња, нашминкана.. дотерана цела демек средена е, а во косана мрсна мрсна.. Уште па се исчешлала само од напред, од позади Не. Одвратно! Да не бегам од темава.. мајка ми проба еден "лек" Во шампон од коприва стави цело пакетче б-комлекс (истолчен како прашок) и го остави 10 дена така, да се соедини убаво и еве ја 2 недели веќе се мие со тоа чудо и косата и држи до 4 дена. Јас сум малце скептична за мојава ама најверојатно ќе го пробам и ова па ќе ви пишам после..
Го пробав Рецепт шампонот за мрсна коса и многу се разочарав. А колкаво пакување имам, со неколку милилитри гратис плус, абре бабачко. Не ми е криво за парите толку, колку што навистина разочарувањето ми беше огромно. Косата воопшто не ми реагира убаво на Рецепт после миење. Премногу е мекана и од старт чинам мрсна. А тешка за обликување, многу чуден шампон, за неколку часа буквално имав тесто коса. Се вратив да го дотрошам Орзене, кој е сосем ок, миење секој втор ден, ама барем косата е убава тие два дена. Уште да го испробам оној на Гарние во зелено пакување, имаше мислам за волумен и сјај, така некако... па да видиме.
Не менувај толку многу шампони затоа ти се мрси косата. Јас ставив киселина, демек помалце се мрсела косата од тоа и се разочарав, буквално ко неизмиена косата ми беше. Моментално го користам Wash&Go и засега задоволна сум.
Девојки ова повеке миење почесто се мрси косата знам дека звучи глупо ама така е. Значи ти откако ке ја измиеш косата кожата на главата е сува и таа лачи масснотија. Колку почесто ја миеш косата толку повеке е сува кожата на главата и се навикнува да лачи повеке маснотија. Ова лекар за коса ми го кажа и така е. Баш за нова година а миев два пат во еден ден. А бе после второто миење одма ми се измрси а обично преку еден ден ја мијам. Со мрсна коса не се шета ама ете некогаш ако ви се погоди неколку дена да не треба нигде да одите оставете ја косата немиена. После миењето ке видите дека помалку се мрси. Мојата многу брзо се мрси бидејки е ретка и имам многу тенко влакно. За оние кои се плашат да ја измиат дека многу им паг а при миењето, докторот ми рече дека уште полошо е така бидејки многу мрсното влакно полесно пага.