Доколку косата брзо ви се мрси тогаш треба 10 дена да на ја миете косата (знам многу е )но вистина ефикасно е. После 10 дена измијте ја косата и ќе видите дека нема толку брзо да ви се мрси
Добро бе, до кога со вакви глупости?Знаеш каква ќе ти биде косата ако не ја измиеш 10 дена?Ќе биде зејтин, ќе може јајца да се испржат на неа.Да не збориме за тоа дека нема да можеш да излезеш од дома после четвртиот ден зашто сите ќе те гледаат како да си плашило.Темава е за корисни совети, вицовите се во друга категорија
Не не 10 дена е многу. Ама ете јас ја мијам на секој втор ден ама еднаш месечно ја оставам и ја мијам на 4от ден. Е сега некој ако ја мие на 3от или 4от ден нека ја држи повеке (ако не почне да го чеша главата)
Навистина е многу време и на ништо нема да личи, ама муабетот испаѓа, трпи за убавини!.... Девојчето не кажува вицој, ако навистина имаш проблем со мрсна коса и очајно сакаш да го средиш тогаш се ќе пробаш! Ова е нешто слично како, кога сакаме да ја пораснеме косата и не идеме на фризер, ги трпиме преодните фази, таа нема никаква форма и на ништо не личи, но косата ќе си ја пораснеш и на крај ќе си направиш фризура како што ти одговара.. Така и ова, ќе се помачиш може околу месец, но на крај ќе олабавиш малце....
Таман го пофалив Wash&Go пак почна да ми се мрси косата, значи како зејтин ми е. Сега зедов Рецепт за мрсна коса, па ќе видиме како ќе се покаже, едно време беше добар...
За мрсна коса имам слушнато дека за трајно решавање на проблемот треба на 5-те дена да се мие косата 2 месеци. Сега можеби за некој ќе биде виц, на некој му е смешно ама јас така имам разбрано па на кој му се сака нека проба (јас не би иако и јас имам мрсна коса). Тоа за 10 дена мислам дека е претерано и не верувам некој да прифати да оди со мрсна коса (читај зејтин) толку време.
Со правилен режим на миење на косата со овој шампон мислам дека би биле задоволни, јас пред година дена потрошив едно тубиче ама дека секој втор ден ја мијам косата а шампонот е 500 ден не ми се исплатеше некако. А фризерот ми кажа со него вака да се мие косата: 1 ден се мие наутро, 2 ден не се мие, 3 ден се мие наутро, 4 ден не се мие, 5 ден се мие навечер, 6 ден не се мие, 7 ден не се мие, 8 ден се мие наутро, 9 ден не се мие, 10 ден не се мие, 11 ден се мие навечер итн и се така по ред се зголемува растојанието помеѓу две миења за да се навикнат жлездите помалку да лачат. Јас го користев зошто и со секој друг шампон за мрсна коса ми се појавуваше првут, а овој е за чувствителен скалп. Сега го користан Head&Shoulders, ама ќе треба пак да си купам тубиче-две од Ревлонот.
И јас имам мрсна коса. И мислам дека јас самата сум виновна за тоа, поради тоа што сменив многу шампони. Мене порано косата ми траеше три дена. Третиот ден ноќта ја миев, и се така. Користев Schauma темно зелен убаво мирисаше и со него косата ми беше одлична само потешко се чешлаше ама ајде средував некако. Го користев една година овој шампон но пополека фаќав првут. Потоа почнав да користам Afrodita (љиљаков) 1л. 115ден. косата ми стана катастрофа третиот ден ми беше упропастена. По два месеци сменив Palmolive и не ми помогна. Продолжив со Wash&Go го користев околу 6 месеци но немаше некој добар ефект. Уште кој шампон не го користев. И многу се каам за тоа но грешката е веќе направена. едно време и многу ми паѓаше косата па почнав да користам Фитовал и тој беше добар ми помогна да го спречам опаѓањето на косата. Овој шампон го користев долго време. Сега користам од Avon naturals - шампонов е катастрофа косата за еден ден ми се мрси. Си порачав и од Орифлем зелен е мислам исто натурал од овој каталог што е сега во тек, и ќе видам како ќе биде. Ако нема никакви ефекти се враќам на Schauma друго избор немам. Веќе никогаш нема да мењам толку многу шампони јас мислам дека главната причина зошто косата ми е масна е тоа што мењав многу шампони. Затоа девојки не мењајте толку многу шампони како мене и не правете си катастрофа до косата. Страф ми е да пробам некој друг шампон веќе многу испробав. Ако вие знаете некој што вас ви помогнал кажувајте. Иако има разлика од коса до коса сепак некои помагаат. И не се залажувајте шампон од коприва можеби ќе ви помогне некој период но потоа ќе фатете многу првут, и мене ова ми се случа а и имам слушнато дека и на други им се имас случено. Ако знаете кажувајте и некој рецепт. Веќе не можам да ја истрпам мојава масна коса која ми се мрси на една ипол ден.
Повторно иста песна. Веќе и јас не знам каков шампон да земам, ќе земам да ја мијам косата со свински сапун, најискрено. И од овој се откажувам. На почеток сите шампони ми се супер, овој беше предобар и очигледно too good to be true. Косата ми издржа неверојатни 4 дена околу 2-3 миења и после пак си почна по старо, за да стигне до таа степен и да се мрси преку ден. Ако денес измијам коса, ќе ми биде свежа во текот на денешниот ден и утре, а задутре цела тестеста и испозалепена. Презадоволна сум од мирисот на Гарние(р), ама се разочарав. Не знам дали е до шампонот, дали е до косата, не можам да се замарам веќе. Немам поима каков шампон ќе земам следно.
Мојава коса се мрсеше премногу и секој втор ден морав да ја мијам ама деновиве не ми беше до ништо ептен се улежав немав излезено од дома и цело време ми беше фатена во репче не ја чепкав ич освен кога си го поправав репчето и после изминати 4 дена кога ја пуштив косата за да ја измијам ми беше мн.малце измресна дури си се чудев прееска..така да колку помалку ја чепкате помалку ке ви се мрси..
Џабе е све имам пробано и да не ја фаќам и 5 дена да не ја мијам и све едно време не ми се мрсеше толку сега денес ја мијам утре мрсна ми е и тоа што е најлошо врвовите ми се суви коренот ми е мрсен а имам забележано дека на зима повеќе ми се мрси од влажното време затоа сега сите уште повеќе мака имаме во ова време све пробав апсолутно све од сменвање шампони и првот ми се напрај и нов проблем си отворив се откажвам дефинитивно се откажвам.
Исто и мене врвовите ми се суви,а коренот..комотно можам фабрика за зејтин да отворам. Такво ми е влакното на косата..на пример мајка ми става млеко за тело на косата за малку од малку да и се измрси зашто нејзе пак како метла и е..сува сува..иначе пробај со хидроген стави малце хидроген и остај го неколку минутки малку од малку да ти подгори косата,може помалку ке ти се мрси. Јас одамна имам пробано и тогаш ми помогна колку толку..