Значи косава ми е буквавлано како зејтин од капење излегувам и пак мрсна ми Не знам што стават во шампониве, мислев дека само до мене е проблем ама еве и на мајка ми и се мрси косата од Wash&Go. Mи се смачи од трошење пари за шампони.
Уф, јас му дадов уште една шанса на Рецепт, ајде викам - да не сум ставила премногу првиот пат, па затоа не бил успешен. УЖАС! Шампонот не е против мрсна коса, туку веројатно е специјално скроен за побрзо мрсење. Од бес ми доаѓа да го џитнам целото шише, иако е полно. Си се враќам на Орзене. Фин и проверен, 2 дена косата си е супер. Задоволна.
Орзен имаат квалитетни препарати за коса, јас верна друшка си останав со маската shine elixir и не планирам да ја сменам додека ја произведуваат. Ама чудно косиште имам, пребрзо ми се презаситува од шампоните, друго не знам што да мислам, навистина. Мајка ми купила Шаума, со 7 билки за нормална до мрсна коса. Убаво мириса, малку е ко кремаст и тоа највеќе ме плаши, ама се надевам дека ќе се покаже океј. Повеќе ме плаши фактот, што купила две пакувања. Ќе биде интересно месецов. Еве го, второто шише го добивме со 50% попуст. Итра е мајка. И економична. Обично сум задоволна од шампоните на Шаума, не ми одговараше само тој за апла мрсна коса со екстракти од памук, сите други користени ми беа океј до некаде. Ај ќе видиме што ќе излезе од овој, ако не - се враќам и јас на Орзен, ама овој пат ќе си земам за нормална коса.
косата морам да ја мијам на секои 3-4 дена бидејќи многу ми се мрси а како шампон го користам на шаума како што има слика на мојот пост ист таков само пакувањето е сино и е од нешто таму памук бла бла. мајка ми го имаше еднаш купено па за разлика од стариот што беше за мрсна коса овој ми е дупло поубав и морам да кажам дека убаво мириса
Имав од тој за мрсна коса, а овој што го купив е за нормална. Сега баш се миев ќе видиме колку ќе држи
Јас немам мрсна коса но имам братучедка што има,и обично кога нема да има време да ја измие,става бебешка пудра и не се познава
И мојата коса многу брзо се мрси. Денес ја мијам е супер, ама утре е катастрофа. Сите шампони за волумен се покажаа катастрофа. Да е иронијата поголема, поубави ми се покажаа оние за сува коса, отколку оние за волумен. И, да, и јас се прашувам што има во шампониве? Почнувам да мислам дека проблемот не е до мене, туку до нив. Можеби и намерно за повеќе да се трошат, ставаат состојки со кои косата не издржува долго време. Порано, многу повеќе денови косата ти беше убава, сега скоро секој има проблем со мрсна коса. А, можеби и дека воздухот е позагаден...и тоа си делува.
Факт е дека шампоните кај нас и во странство се два различни света,а ние сакале или не увек ќе си бидеме задно дупче на свиралото и кај нас секогаш го праќаат она што е понеквалитетно.Нема што не пробав од шампониве и резултатот е секогаш ист,косата си бара миење на секој втор ден.Јас редовно си ставам бебешка пудра за и вториот ден да ми делува свежа и чиста како и првиот ден.Решение за овој проблем очигледно нема
A јас да ви потврдам дека е така,значи навистина производите во странство се поквалитетни ,во Fранција минатиот месец си купив шампон за мрсна коса и волумен,и тоа само за 100 денари,значи евро и 40 центи,и шампонот вреди ,ептен ми ја прави косата мека ,убава,со волумен и без грам мрснотија цели 3 дена,дури на четврти ден ја мијам . Nавистина сум многу задоволна,само едно пакување си земав,сега ми е мака ,а при крај ми е веќе,и си го купив рецепт за мрсна коса ,па ако некоја феминка го користела да сподели мислење,да знам дали да го користам или да и го оставам на мама
Јас секогаш имам така проблем Денеска ќе се измијам глава, до вечер пак мрсна, срам ми е нашколо да одам така :geek: па си ја собирам и ја кријам под капата некогаш...ама тешко мене кога ќе се стопли немам каде да ја кријам. И на пр. ќе земам шампон за мрсна коса, и првут ќе фатам од него ај барем малку ќе се поправи.Ќе земам за првут, одма ќе ми се измрси и првутот пак ќе остане!
Кој и да ти го кажал тоа дека е од миење да знаеш дека е точно Косата почнува на секое да се мрси ако ја миеш секој 2 ден
Девојки, можеби се работи за себореја... пречестото мастење ан косата не е добро и доколку себорејата заземе замав, може после некое време да приметувате и паѓање на косата. Кај мојата фризерка во салон прават преглед на корен на едно влакно со телекамера и во зависност од процената препорачуваат третмани. Прашував за една колешка пред некое време, се прават во зависност од степенот 4 до 8 третмани ( секој кошта по 800 денари), а паралелно се купува од кај нив еден специјален шампон. имаат многу успех постигнато кај доста луѓе.
За моментален резултат, посипете бебешка пудра на косата. Инаку пробајте да ги менувате шампоните. На пример ако сега користете хед ен шолдерс од лимон (за мрсна коса) кога ќе го потрошите купете си друг шампон но повторно за мрсна коса. Оти мислам косата се заситува од истиот шампон и повеќе се мрси.