Можеби смирува ситуација некое време, ама пак почнува да се мрси косата почесто, откако нели - ќе се засити од шампонот. Јас засега останувам на Шаума. Го имав оној со 7 билки, зелениот - прилично задоволна. Сега купив еден за тенка коса, немам поим зошто - ми се допадна пакувањето, а и мирисот. Не е лош засега, ама не е ни нешто посебно од корист - пак иста песна кај мене, се мрси косата на секој втор ден, а преку сила издржува до три дена, ама ептен со судни маки.
koga ke ja iskapite kosata,isplaknete ja so mlaka voda vo koja ke stavite eden fildzan jabolkova kiselina.pozz
Ова со јаболковата киселина го правам ама обратно прво масирам со јаболкова па оставам да стои едно 15 мин па си ја мијам со шампон за да не ми смрди на оцет ја мијам сега 3 пати неделно што е подобро од секој ден
Зарем не ги виде постовите од претходно? Tуку веднаш да си прашаш ти Имам пишано во неколку наврати дека не го менував Кosili за ништо. Се додека не прекинаа да го носат кај нас и заради глупоста што ја направија од Фобас Затоа сега зедов друг бебешки. Откако разгледав се, зедов еден заради тоа што ми се брзаше - Teo Bebe. Напишав дека 5 дена косата не ми се измрси. Намерно ја оставив само да видам до кога ќе држи и дури седмиот ден даде знаци на мрснина. Што значи, обиди се со бебешки шампон. Ако е добар за бебиња, значи дека е добар за секој вид на кожа и коса.
koritsaki не сум го купила,го дотрошив head and sholdersot и сега треба да купам А пробав со бебешки нивеа (од малиот )и таква сплескана ми е косава,има убав сјај и убаво мириса Сакам нешто со волумен,ќе прочитам на упатството на овој сајросов ако не ја сплескува ќе го земам (и ако не е солен)
Би сакала да прочитам некое мислење во врска со тврдиот шампон на LUSH. Дали е добар, го бидува ли, зашто стварно не ми се фрлаат толку пари ако не го бива. Исто така ме интересира и за Алпецин Ц1, кој е првенствено наменет против опаѓање и згуснување на косата. Како делува на скалпот и дали ја одржува косата чиста подолго време (т.е. цели два дена?) Ми се презасити косата од сите шампони по дома, буквално ја чувствувам мрсна веднаш штом излезам од бањање. Нема спас.
Испробал разноразни шампони и препарати за коса некои скапи некои ефтини за првут и ниеден не ми помогна па дури ни медицинските. Тоа што ме спаси мене од мрсна коса и првут беше маслиновото масло! Косата скоро и да не ми паѓа, а прво буквално ја губев, не ми се мрси и до 4,5 дена и првутот го снема! Цедам сом од лимон и додавам малце маслиново масло и сосема малце цимет, се мешаат заедно и после со памук за лице го нанесувам на целиот скалп па правам масажа да се впие добро и оставам да отстои 15 мин. Уште по првиот пат имаше такви резултати што просто не ми се веруваше. Јас ви предлагам наместо да си трошите паричките за секакви шампони и тракатанци пробате го ова. Ем не трошите ништо ем нема никакви хемикалии ем е повеќе од ефикасно
Мене Рецепт многу ми помогна, значи женски косава ми издржува дури до 3 дена. Не ја пеглам повеќе косата....... само ја фенирам. Ми се врати во некоја нормала.
Здраво девојки јас немав мрсна коса ми беше нормална но имав првут и го користев шампонот од нивеа за првут и сега немам првут ми се исчисти но почна да ми се мрси костата на 2 дена. Јас мислам дека ми се мрси од нивеата мислам дека е многу јак но не знам што да правам дали да го сменам шампонот и друг да користам или со нешто друго, ве молам за помош .
http://1.bp.blogspot.com/-W1zhK6rLjNo/T7FFLjXY0xI/AAAAAAAAJeY/j6QX9sUEdsg/s1600/Garnier.gif Каков е најновиот шампон од Гарниер за мрсна коса? Го пробала некоја?
За мрсна коса најубаво е само да се користи шампон од алое вера,коприва или од шварцкоп шампон за суви врвови.И од Авон зелениот е топ.Друго ништо не помага плус да не ја миеш со маска за коса само со регенератор.
пред некој ден пробав убав шампон на сапониа фрутела коприва,стварно преубав и е наменет за сите типови коса
Па ваκа..мене κосата ми е ужасна!сум пρобала милиони ρазлицни шампони но ниеден не помага,ја мијам κосата сеκој ден повеќе неможам да ја оставам пошто ме цеша и што е полошо иам и пρвут. Постојано баρам ρешенуе но пописто.дρугаρκи ми велат деκа аκо ја остаиш 3 дена немиена помалце се мρсела,но помислата да ја остаам мρсна и да ме цхеша е ужасна( имам пρобао и сајос и ρецепт па и бебешκи шампони мно неmа ρезултати
Еднаш на грешка го купив шампонот за суви врвови од Шварцкоп и ја измив и ми се измрси после 4 дена, а порано само 2 дена и ми се мрсеше, сега се мијам со друг шампон (не сум сигурна како се вика,ако некој се интересира ќе видам) и има резултати
Ја си го немам овај проблем, нормална си ми е ја мијам 2-3 пати неделно од кјеф не дека ми се мрсит, налето и секоја ден скоро. А за вие што го имате овај проблем ви препорачувам да си земете Dove шампон против првут ептен помага и за мрсна коса
За мрсна коса пробајте шампон од коприва или бреза,исто така делува и Бекутан,оној за бебиња,а јас имав и добар впечаток од машкиот Syoss,овој,малце е силен,ама таман ми беше за косата.
Последно го земав на Рецепт за против мрсење, ок е држи два дена, ама немам воопшто волумен на косава. Сплескана е одма после фенирање, а за нареден ден да не зборам. Убаво си го користев на Алкаолид од коприва и волумен дава и не ја мрси одма, ама не знам што и стана на косава од него почна многу да ми паѓа.
Да пробаш head and shoulders со екстрат од лимон против првут и за мрсна коса...И мене косата ми се мрси премногу ниту еден ден не можев а да не ја измијам,а со овај шампон туркам до кај 3 дена...И шо е најважно има разладувачки ефект и така нема да го имаш непријатното чешање...Позз