Не си единствената која се има пожалено од овој шампон. Претходно беше многу квалитетен, но во последно време многумина се пожалија дека почнала да им паѓа косата (а не употребуваат ништо друго освен тој шампон). Се мислев да го земам пред некое време но добро е што не го зедов. Инаку, обиди се со детски шампон. Не се скапи, а се добри за мрсна коса. Само треба да се користат со регенератор/балсам за коса бидејќи од детскиот шампон се заплеткува.
По долго експериментирање веќе не планирам да менувам шампон, Бекутан од камилица ми се погоди, ја држи 2 дена да не се мрси, може и повеќе ќе издржи ама јас не можам да издржам да не ја измијам, сакам офрешена коса
Токму така. Најново откритие ми е Зелениот од шаума на Шварцкоп од алое вера за волумен без силикон (си пишува на амбалажата). Нешто ваков е , не најдов соодветна слика. 400мл за 142ден
Шампоните од Шварцкоп (Шаума и Глисс) ми се убедливо најголемите шампони кои многу брзо ја мрсат косата. Имаат во нив некакви масла, дури после миењето косата е помрсна, а не за ден-два. Поточно од Глисс, сите шампони се баш за сува коса наменети. Дури и тој зелениот за волумен (од Шаума) го имав, ама никаков ефект немаше што би и годел на мрсната коса. Со исклучок, задоволна сум од лилавиот шампон од Глисс (посебно за волумен е).
И јас бев задоволна од лилјаковиот на Глис, лесен шампон и нема силикон. Барем чиста и свежа е косата после миењето, за разлика од Шаума, која ја чувствувам мрсна веднаш по фенирањето. Да ви кажам право, јас си терам веќе две недели со Реконазол, медицински шампон на Реплек. 120 мл околу 165 денари во Зегин, ама потребно е мала количина за миење. Концентриран е бајаги. Против првут е наменет првенствено, ама остава перфектно чист скалп и чиста коса. Свеж е, и како и сите вакви шампони, малку ја укрутува косата. Знаете, за време на миењето имате чувство дека чкрипи нели. Ако ја измиете само со Реконазол, по сушењето бајаги се разлетува и електризира. Значи сепак, мора на врвовите малку маска да се стави. Јас издржувам 3 дена. Првите два можам комотно да си ја носам пуштена (што ретко се случувало), а третиот ја врзувам, и си прскам малку лак, т.е. ја маскирам, и воопшто не личи на мрсна, иако е врзана и тера трет ден. Еден мал корисен совет, порано после миењето, сум ја врзувала косата во крпа, со чалма де. Арно ама сфатив дека горниот дел од косата, врвовите со маската ми се слепуваат така со коренот и на тој начин ми се мрси дополнително, додека си седам така добри 10 минути. Сега си ја тапкам косата со пешкирот нормално, како што паѓа надолу, и коренот, т.е. скалпот е чист и недопрен со маската. Мислам дека сфативте.
Јас лично не можам да поднесам мрсна косаа, едноставно ми се гади кога ќе видам, мене еден ден да не ми е измиена косата не можам да се гледам, имам некои пријателки кои едноставно се одвртани, нивните коси имаат огромни разделјаци и кога ќе ги видам се преплашувам. Денеска на една пријателка косата и беше ЗЕЈТИН, кога ја видов на момент навистина помислив дека косата и е мокра, ми се згрози животот, не знам како може луѓето да шетаат со мрсна коса, јас дома не можам да седам со мрсна коса, а камо ли така да излезам надвор.
^ Ќе видиме како ќе пишуваш кога ќе си заглавена со работа до небо и ќе си благодарна ако имаш време да ја собереш и камуфлираш за да не се познава дека е мрсна, а не пак да имаш време за сите тие постапки при миење (сушење и фенирање, капки, спреј, масло, маска, регенератор и што уште не) на косата
Мене ова не ми е оправдание. Може да бидам затрупана со работи, на работа, дома, со пријатели, да сум со 500 на саат во денот, ама никогаш не би излегла со мрсна коса, никогаш. Можам барем 1 час порано да станам или покасно да легнам за да ја измијам. Немањето време не ми е оправдание. И мене ми е досадно, долга коса имам, повеќе време ми одзема, ама секогаш морам да најдам време за косата. (И за ноктите ). Најпрво што приметувам на надворешен изглед е средена (чиста, миена) коса и средени нокти (да не се со излупен лак). (Разбирам да немаш време, па да не издепилираш нозе и да си облечеш панталони, ама за косата не разбирам).
Другачке Трендафилке, не знам колкава ти е косата по должина - претпоставувам средна, сеќавајќи се на сликите од Модните киритики, ама и јас сум варирала со должината од кратка-средна-долга, па секогаш сум ја врзувала така во крпче, ама на следниов начин. Секогаш мијам коса и тело одделно, зашто ако мијам коса додека се туширам, ставам маски и триста тракатанци кои сметам дека колку и да ја приберам косата, пак се лизгаат по вратот и грбот и ми ствараат акни. Затоа мијам над када наведната надоле и кога ќе завршам, ја цедам убаво и ја мотам во крпче, ама како ролна - ја ставам крпата и ја замотувам околу косата надоле и изгледа баш како полнета ролничка. Потоа само ја преобрнувам наназад и на тој начин врвовите на косата немаат никаков контакт со самата коса, поради начинот на кој е замотана. Сум го правела ова и додека имав пократка коса (некаде до рамениците) . Мислам дека никогаш нема да се откажам од оваа навика, ме ежи мократа коса и мора убаво да ми се упие водата во крпата пред да почнам да ја сушам. А баш би сакала да пробам и така.
Навистина грозно е и неподносливо. Изгледа баш како зејтин да имаш истурено врз неа, али сепак треба да се има малку од малку разбирање зошто не секој има совршена коса. На некој на пример (како многуте присутни во оваа тема) имаат проблем со тоа и неможат да најдат погоден шампон и треба секој ден да ја миат а тоа е навистина досадно, искрено кажано кој и да е така секој ден да им се мрси па да ја мијат (секој ден ), ќе му се здосади.. Да се префрлиме на главното: Би ви го препорачала овој шампон, другарка ми е презадоволна а и јас си го купив
Девојката напиша на толку лош начин што мораше така да и вратам. Инаку и мене ми се јасни некои работи, но некому не му е толку оптоварувачка работата. За разлика од тоа, некој кој работел по многу часа не му е до средување на коса. Некој кој постојано патува и е среќен ако меѓу патиштата има време да отспие некој час (и во тие неколку часа е затрупан со документи), сигурно нема да помине 2 часа во средување на косата и да си скрати од тоа време. Не можеш да сфатиш бидејќи си немала такви ситуации. Напишаново е базирано на тоа што речиси секој кој напиша по нешто во оваа тема, пишаа дека косата им се мрси секој ден и никој не поминува (во просек) помалку од 2 часа во средување. Значи, не зборувам за повеќе денови туку се работи за 2-3 што е дури и малку за една коса бидејќи треба да се остави и да не и се мие секојдневно (па дури и два пати во ден) заради нејзините природни масти од кои по толку миење за побрзо време ќе ја мрсат косата. Можеби ти немаш таков тип на коса на која и треба многу време за средување, но многу други имаат. Нема да сфатиш додека сама не искусиш. Не џабе постои старата: сит на гладен не верува.
Моето последно откритие Pantene Aqua Light Шампонов дава неверојатен волумен, но она што мене ми е најбитно е дека косата 3 дена ми издржува да не ја мијам, и тоа првите 2 дена е онака со добар волумен! Дури забележав дека косата помалку ми паѓа, скоро воопшто и да не ми паѓа. Спојлер Не го менувам за ништо!
А, за мене е скроз спротивно. Шампон кој никаков волумен не ми даваше, косата ми беше скроз сплескана, разлетана, и одма се мрсеше. Ич не бев задоволна. Порано од Пантене ми беа број еден шампони, ама последниве 2-3 години не можам да ги препознаам, воопшто не се тие што беа. (Немам пробано од најновиве, во златна и темно зелена амбалажа само)
Да ама косата како коноп заплеткана е и кога ќе ја отплеткуваш пола врака ти останва јас велам едно строго Не за овај шампон имам мн.лошо искуство мн.ја плетка косата
^ Meне ми беше добар, на почетокот бев прилично многу задоволна, меѓутоа по некое време почна да ми ја мрси косата многу често, а уште не го имав потрошено шишето. Единствено добро од шампонов е тоа што косата ќе ти мириса неверојатно сѐ до наредното миење. Прекрасен свеж мирис на цитрус и да не заборавам - косата беше свиленкаста и мека на допир, лесно се обликуваше, ама ме зезна со тоа мрсењето веќе при крајот. Пробај го, не е скап. Ако не ти одговара ќе си го смениш ќе го користиш за туширање на пример.