Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мрсна коса

Дискусија во 'Коса' започната од Melodi, 20 ноември 2009.

  1. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    не е за мене за една другарка јас првпат пишувам на оваа тема зошто немам потреба мојата коса нема ни м од мрсно а ја мијам 2 пати во неделата ,како што гледам нема лек за мрсната коса ,Mишела ако имаш проблеми со мрсна коса кажи ми дали најде некое решение што користиш сеа или немаш сеуште најдено :)
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.933
    Допаѓања:
    81.232
    Пол:
    Женски
    Уште не сум го средила овој „проблем“, за жал. А не ни верувам дека ќе го средам. :|
    Имав и првут, т.е. уште ми се прави повремено, ама го средувам со Реконазол. До душа, ете Трендафилка пиша прекрасен пост во темава некоја страна поназад, убаво опиша што и како со шампонов, па речи и' на другарка ти да си ја проба среќата и со него. :)
    Мислам дека мојот проблем е тоа што пребрзо ми се презаситува косата од некој шампон што го користам повеќе време, па затоа имам по дома повеќе различни на лагер и ги комбинирам - шампонирам еднаш со Гарние на пример, а после со Шаума. Еднаш неделно вметнувам и трето шампонирање со Реконазол и тоа е тоа.
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.542
    Допаѓања:
    106.215
    Пол:
    Женски
    Девојки дали сте го пробале црниот шампон на Глис? Јас веќе пола месец се мијам со него и до сега најубава ми е косата од него порано на секои 2 дена ја миев , а сега еве 4-ти ден и немам ни м од мрсно значи сум премногу задоволна!! Пreтходно го користев овој шампон [​IMG] на почетокот беше супер но потоа дали косата ми се презасити и ужас повторно ми стана (а и шампонов повеке мирисаше него ли што вршеше некоја работа :lol: )
    Јас за мрсна и оштетена коса од фарбања ви го препорачувам само црниот Глис!
     
  4. izgubena5555

    izgubena5555 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    Јас го користам спрејот за потхранување на сува коса на Глис и во последно време ми мириса толку лошо кога ќе го ставам на коса ужас . Инаку имам густа коса со тенко влакно но еве што ми се случува. Порано ја миев со различни видови на шампони обично за сува коса и беше во ред можеше да издржи дури цела недела да не ја измијам косата затоа што густа и не се познава мрсното а сега веке една година ми се случува постојано ми се мрси веќе вториот ден откако ќе ја измијам и со прстот да протријам по скалпот го чувствувам тој мирис на неизмиена коса и веќе третиот четвртиот ден ми е толку мрсна значи и ми мириса лошо/ Моментално го користам машкиот нивеа затоа што ми помага против првут со зеленото меѓутоа лошата миризба е тука... И порано го имам користено иститот шампон значи не е до шампонот. Во мојот случај треба шампон за мрсна коса за коренот и шампон за сува коса за останатиот дел! Помош!
     
  5. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    И мене брзо ми се мрси,но тоа е последица од моето постојано фаќање.Јас не сум свесна дека го правам тоа,но сите ми кажуваат.Постојано ми се рацете во коса :lol:
    Имаш многу суви шампони што стварно помагаат косата да изгледа помалку мрсна.Истотака дури и веднаш по миењето можеш да ставиш пудра во прав.На пример можеш преку денот да ја носиш врзана за да ти биде што подалеку од рацете,а за вечерни излегувања и сл да ти биде пуштена. ;)
     
    На izgubena5555 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137
    До пред еден месец користев WASH & GO шампон и многу ми се мрсеше косата, до косата е не до шампонот, ке ја измијам денес утре вечер ми е масна многу...
    и случајно така ми се истроши и земав од на мајка ми АФРОДИТА шампонот и не ми се мрси толку косата, стварно сум задоволна, немора да значи дека нешто што е поскапо е и поефикасно..
    Афродита шампоните ептен ми се добри и ефтини се околу 100 ден литар :)
    има од коприва , од бреза(замасна коса пишува) но јас користам коприва, и од кокос (косата мириса и после 2 риот ден)
    пробајте-поздрав :D :D :D
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.933
    Допаѓања:
    81.232
    Пол:
    Женски
    Да се носи врзана за да биде подалеку од рацете - да, ама ако стои врзана цел ден и наредниот ден ја пуштите, ќе биде благо речено ужасна.
    Зашто стоела подолго време така фиксирана во една иста положба и „фатила калап“, па после оди опрај ја!
    Јас одамна им откажав љубов на врзаните фризури, зашто приметив дека кога е чиста и ако тогаш ја врзам, многу побрзо ми се мрси иако ми е далеку од раце.
    До душа, се одвикнав и од чепкањето, сега само шишки чепкам, ама на добар пат сум и од тоа да се одвикнам. :emo:
    Ако имате шишки, носете ги соберени со шнолка за по дома - мене единствено тоа ми помага за да не ми се измрсат барем тие уште наредниот ден, инаку така целосно врзана коса - ноу уеј. :shake:
     
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    Косата се мрси кога е врзана и кога е пустена но само ако нон-стоп ја фаќате исто така и од премногу ветар.
    А доколку е виткана побавно (тостерки,локни,од плетенки и сл.)

    ТОА БИ МОЖЕЛЕ ДА ГО НАМАЛИТЕ СО пр. пеглање на косата и само корените да ги истостирате а кога ке ви е мрсна ке го истапирате.
    Помага зошто е проверено :clap:
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elenkator

    elenkator Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Имам исто проблем со мрсна коса , и ја мијам секој втор ден ,а понекогаш и секој ден , и сега последниве денови ме притиска главата некако внатрешно неубаво , несекојдневна болка некако , па сакав да знам дали мое можно да ми биде тоа од што ја мијам толку често :D
     
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Незнам што да кажам по оваа тема, залудно е.
    Секој шампон кој и да го пофалам, за едно 3-4 недели му здосадува на косиштево, и пак се мрси.
    Оној од балеа за права коса не ми ја мрсеше, ама сеа ете не е веќе тоа тоа.
    Нивеите исто, Гарниер бетер.
    Орзене не сум го пробала, ни Сајос, ама знам дека иста песна ќе биде.
    Е сеа читам шампон од коприва и од бреза, биле најдобри.
    Кој е тој од бреза, на алкалоид е еден, или некој друг.
    А со коприва? Не сум користела таков.

    Спасот за не толку мрсење, го гледам и во намалување на силиконски капки, маски, спрејови чуда.
    Помага нависитна, поретко користење, не еднаш месечно ама не и на секое миење.
    Порано ја миев 2 пати неделно, сега почнав 3 пати, како иде гледам и ќе стигнам секој ден :doh:
    Кај мрсна па уште и ми цвета т.е ми се сушат врвовите :devil:
    Али па секогаш зимо време ми е најкритична, од капи, уши, чуда ми се мрси уште поише.
    Се тешам дека сеа пролет ќе се опраи малце.
    Aкој некој знае да ми одговори на прашањата нека ми пише, дали тука дали по лп, битно одговор сакам ]:) :D
    Благодарам :wasntme:
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски

    Јас се миам со еден на интереса од бреза и добар е :) Барем кај мене се покажал како добар.Мајка ми има многу мрсна коса,и од него не и се мрси толку брзо,така да е задоволна.
    Инаку овој е шампонот [​IMG].
    Ги имам користено и двата и сум презадоволна.Со овој од коприва ни ми се правеше првут,ниту пак ми се мрсеше,а и брезовиот е ист.
    Сум користела од коприва јас од овој [​IMG] но не сум толку задоволна,ми ја правеше многу сува,и без сјај.
    Исто го имам користено и овој [​IMG] ама овој е в крај ужасен.Значи пола шампон го ставав на капење,не ми даваше никаков сјај и за еден ден косата мрсна ко некапана да ми е.
    Мој предлог земи си го тој првиот од коприва или од бреза,и двата се добри :D Од лично искуство ти кажувам,можеби и тебе ќе ти помогни :D
     
    На viviette и Hipster им се допаѓа ова.
  12. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.515
    Кога се миев со шаума вториот ден одма се познаваше дека ми е мрсна косата, а и многу ми ја електризираше и ми ја правеше сплескана.
    каква шаума какви бакрачи :lol:
    сега користам шампон од коприва ама си комбинирам,
    прво ставам тој на Herba шо е, (околу 70 ден. литар), а после ставам од тој на Ilirija (околу 90 ден. 230ml.)
    и косата тек третиот ден ептен малце ми се познава дека е за миење... кај мене е така, сеа не знам, на други коси може исто, може поинаку да реагираат, само сакам да кажам понекогаш не мора да значи дека скапите и #1шампони се секогаш добри, може лекот да чини и 5 пари. а копривата Одамна се знае дека е добра состојка за многу работи.
    Инаку од поодамна користев еден само во Рубин кармин го имаше, беше бело шише со жолто капаче и многу ми ја правеше мека косата, а башка мирисот беше нежен и прекрасен, само штета сега го нема, изгледа не се произведува повеќе...
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Со жолтиот глис 2 дена па дури и третиот можам да пројдам, плус дава волумен, ама не ми помага со првутот па морав да го сменам. Кој нема проблем со првут нека си го проба за мрсна коса.
    [​IMG]
    Го земав head and shoulders и решив проблем со првут ама косава уште наредниот ден мрсна.
    Аман веќе, ќе си пукнам.
     
  14. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    ^ Што пари е Глисот?

    Ај уште него да го пробам, пошто уште г**** немам ставено на косава. Нит се тера нит се води. Од тие на Алкаолид премногу ми паѓа, Нивеата ми ја прави како гума во коренот, а врвовите суви, наелектризирани и заплеткани. Глисов штом дава волумен, ваљда ќе го биде. :emo:
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Околу 140-150 мислам беше. Ако немаш првут се надевам нема да ти направи. Јас си имав првут и претходно па после и со него па затоа мислам дека не беше до него.
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Дали некој го има користено овој шампон? Ја чисти ли косата убаво?? :) :D
     

    Прикачени фајлови:

  17. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Зошто никој не ми одговара? :( :^) :doh:
     
  18. taylor.912-swift

    taylor.912-swift Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    17
    јас овој го користам :) ;)
     

    Прикачени фајлови:

  19. The.king

    The.king Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    138
    сок од лимун помага во одвикнување и повторно мрнење на косата.докажано е.
     
  20. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Јас го земав тој на Афродита од бреза ама уште го немам користено, го има некој користено и како е задоволен?