Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мрсна коса

Дискусија во 'Коса' започната од Melodi, 20 ноември 2009.

  1. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.515
    што се тостерки? :^)
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    Косата да е направена со вакви.
    [​IMG]
    Личат на оние „решетките“ на тостерот, затоа се викаат тостерки.
     
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ах, кога ќе се спомне преса за коса со вакви плочки т.н. тостерки, одма ми текнува на една колешка од факултет што ја „тостираше“ косата само во пределот на коренот :lol: а надолу и' беше права како праз :D Многу ружно изгледаше, и сите ја прашуваа зошто така ја носи, а таа велеше па за да не ми се мрси :rofl: И кога еднаш ќе ја „истостираше“, тераше така по една недела, гајле немаше :puke:

    Лек за мрсна коса нема, барем не познавам некој што го пронашол :D Миење секој ден или на два дена, ама обавезно со поблаг и неагресивен шампон, помала употреба на регенератор или маска (само на врвовите, не на цела коса), не толку често користење на спрејови, капки и разноразни производи за коса кои само дополнително ја мрсат и тоа е тоа. До подобри времиња, ни останува само да си ги миеме косичките редовно и да се молиме некој да смисли лек :D
     
    На crazylady и Trendafilka им се допаѓа ова.
  4. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Јас се помирив нема чаре :D ја мијам на 2дена вториот ја носам или собрана или бебешка пудра во прав друго нема :(
     
  5. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Ако многу често ја миете косата побрзо ќе ви се мрси, јас ја миам 2 пати неделно :)
     
  6. Buterflygirll

    Buterflygirll Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Јас немам мрсна коса фала му на Господ :)
     
  7. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    и јас исто ја мијам два пати неделно дури и тогаш не е потребно . колку по ретко ја миете така нема да ви станува многу мрсна. вака сте ја навикнале на двата дена и затоа така.
     
  8. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    A Рецепт за мрсна коса, благ шампон е или ?
     
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887

    види вака неколку колешки си ја носат косата тостерки АМА најнајгорниот дел (да не кажам 2-3 влакна) им се испеглани за да не се познават тостерките или тапираното
    поз
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    Како и да е, вака пак, уште побугарско-певаљско ми изгледа. :|
    И не, пак ќе кажам дека тоа не е начин за да се прикрие нечистата коса, која патем кога ќе дојде во контакт со топлина уште повеќе се мрси и тоа на никој начин не може да се сокрие.
    Кај тостирано, тапирано, па и пеглано одозгора ... помалку време ќе потрошат тие твои колешки ако само ја измијат косата, него ли да се тинторат вака.
    Живи глупости, просто да не можеш да се изначудиш на човечката (не)мукаетност.
    Кој сака нека си се тостира, тапира и нека прска лак за коса - јас не би, благодарам.
    Грозно е и крај.
     
    На Doozy, Sexybaby86, kate21 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Се согласувам, мрсна коса неможеш да ја прикриеш ама баш никако, ако еветуално малце успееш на изглед, мирисот не се крие, одвратно и гнасно ми мириса мрсна коса, не поднесувам. Колку и да си средена и убаво облачена ако косата ти е мрсна ништо, одма лош впечакот остава - барем мене. Се знае чиста коса, сјајна, убаво да мириса, ни тостерки ни ништо, само шампон.
     
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    точно ама некои што се навикнале секој ден да ја мијат косата и тоа не личи..колку толку барем преку ден да ја мијат косата веќе тоа нека е лекот да кажеме
     
  13. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Е кога некој ќе ми рече дека ми се мрси косата зашто често сум ја миела (под често подразбираат на 2 дена) значи ми се гади и ми иде да повратам на лице место :puke:
    Јас морам да ја мијам веќе вториот ден бидејќи како може да ја оставам таква измрсена, никаква. Шо ке праам жити се ја само 2 пати неделно ако ја мијам ке бидам ужас бре тоа од километар ќе се глеа :swear: :fubar: леле се изнервирав сеа ај да прекинам :lol:
     
    На Doozy, drugarka и crazylady им се допаѓа ова.
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    ти велам вториот ден да ја мијат а не цела недела едно миење или што знам
     
  15. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    па да така е и најдобро чим веќе има некој мрсна коса, на пример јас
    неможам да замислам еднаш неделно да ја мијам..просто не може да се издржи тоа :D а буквално секој ден не чини, затоа на вториот ден пак ја мијам, ама со по благи шампони :)
     
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    хаха ете така да се разбереме :) да не речат феминките овие ке се затепат
     
    На kim.k му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    хаха ете така да се разбереме :) да не речат феминките овие ке се затепат[/quote]

    нее бегај какво затепување нејќеме темава да ни ја заклучат :$ :D
     
  18. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Забележувам дека никој не сака да се потруди да си ја среди косата. Имав многу мрсна коса која мораше да ја мијам преку еден ден за да не се познава. На крај сфатив дека тоа не ми е никакво решение и си направив план како да го намалам миењето. И после издржаниот план, ете ја косата која издржува и до една недела и е одлична и немa знаци на мрсење (но хигиената од друга стана вели друго па сепак една недела сум чекала при промена на препарат за коса :D ). Тука се вклучувам во оние пиштења и вриштења на оние кои имаат мрсна коса дека нема лек и дека им се одвратни многу работи кај мрсната коса. Епа да ве просветлам дека миењето преку секој/преку еден ден не ви е никакво решение. Не мора да ги слушате останатите дека е премногу миењето преку еден ден па затоа сменете нешто и испробајте си ги опциите. Сите велат дека е премногу миењето преку еден ден, а ваше е дали ќе ги послушате и ќе превземете нешто на таа тема наместо да ви се повраќа кога ќе слушнете некој добронамерен совет дека миењето преку еден ден е премногу.
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    ^^^Е добро де, ама некој што пробал и што не излегувал со месеци само за да го промени распоредот за миење, и резултатот бил еднаков на нула? М? :^) Значи твојата коса си е твоја приказна, мојата моја, значи сите девојки си ја знаат својата мака, и незнам што финта тоа „некој не сака да се потруди“ :^) ?
    Мислам, стварно, совет е совет, некоја ќе прифати, некоја ќе проба друго :emo: Ама секоја од нас сака да има убава коса, чиста и миризлива, а не смастена и безживотна, па макар тоа значело и секојдневно миење :!: И реално, по мое, сум пробала мал милион начини како да не ја мијам косата секој ден(или преку два дена, зависи), ете и плавуша сум, а нели викаат оти плавата фарба ја суши косата, не, исто масна ми е, па менував шампони, ставав маски, природни вештачки, стискав лимони, што ти не, дури и не мрдав денови за да не ја мијам “толку„ често, ама ете, косата ми е таква каква што ми е, и да, убаво ми е да ја мијам секој ден кога имам потреба, или да ја оставам два дена зашто не ми е мрсна ;)
    И чуму толкава фрка, кога не е времето кога баба ми спиела на рогузина, се миела со свински самварен сапун, ја плакнела косата со коприва и ги отплетувала трите плетенки трипати годишно :) Околу нас има чад, прашина, на лице ставаме разноразни креми, поминува покрај секакви гадотии и мириси кои се лепат на косата, се е загадено, и искрено јас па и најмалце се нервирам за косата, вода бре, ќе си ја измиеш и толку |( Побргу, доколку некој има стварно проблем, во смисла и миена по пет минути му е мрсна, би алудирала на дерматолог, можда е некој хормонски дисбаланс или проблем внатреше, ама не и ако веќе другиот ден откако си прошетала едно сто места, и впила секакви миризби и веќе е за миење :?: Стварно, дури и тие што викаат еееј, мене ми издржува дури цела недела, јас не можам да им се начудам, зашто пред два саати се капев, и откако ми се исуши косата влегов в дневна кај што пушеа четири жени само да земам чаша вода и одма косата ми поприми од цигарите?! И сега демек не ми мириса? Ма немој, едвај ја излувтирав :lol: Значи, чиста коса е чиста коса, небитно дали се мие секој ден, преку еден или преку пет, од километри се познава!
     
    На crazylady, Trendafilka, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  20. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Значи... Не мора веднаш со одбрамени коментари и постови. Ова не е случај само со мене и мојава коса туку и на сите оние кои има препорачав дел од планот кој јас сама си го зацртав. Никој не ви вели да престанете да ги миете косите. Нормално е секој да сака да има убава и чиста коса, затоа, не ми го вади напишаното од контекст. За се' нешто во животот треба да се потрудиме. Така е и со косата. Не може повеќемина да успеат со помош на дисциплина, а другиве кои не се потрудиле воопшто да го имаат истиот резултат како првиве.

    Никој не ви пишува и икој не губи време по форуми за ваше лошо. Затоа, не мора веднаш да подготвувате одбрамбени механизми кон оние кои ви даваат совет. Ете, тебе не ти успеало, може со помош на мојот пост некому ќе успее. Не знам зошто постојано и постојано се има тврдоглави кои секогаш ќе најдат нешто во сечиј пост кој не е во согласност со ивните размисли. Затоа и постојано имате поплаки на било што - бидејќи не можете да прифатите совет и веднаш поставувате бан на истиот совет/член кој го напишал.
    На крај, ваша коса. Мојот проблем е решен. Секогаш кога посочувам кон други решенија, секогаш наидувам на оние познати реченици: „ете јас ова, јас она, таа така, таа онака“. Ако е така, зошто барате совети, а не ги применувате? Колку да се пожалите е муабетов?