Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мрсна коса

Дискусија во 'Коса' започната од Melodi, 20 ноември 2009.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Имам пробано со немиење на коса, во период кога не одев на работа и не излегував често, и вистина не ми се мастеше брзо. Но, кажав дека не излегував често, значи ни ветер ни влажност ни чад ни пегла ни препарати ни бутур. Ваљда и тоа има врска. После пак си почна по старо, само што сега не ја малтретирам со препарати и чуда толку па малку е подобро а и бар косата ми е здрава. Но за коса која се мрсела често а сега има потреба од миење само од еднаш неделно искрено првпат од тебе слушам.
    Кажи со кој план ти успеа ова, само со немиење или...?
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Еве јас ќе си кажам за мене...
    Иако сто пати имам кажано.

    Јас не барам совет, си го знам тертипот и со го терам, некогаш еднаш дневно некогаш на два дена, зависи од обврските секако и не се жалам.
    Си го најдов соодветното фризурче, соодветниот шампон, не ја тинтрам со пегли и фенови и тоа е тоа.

    Никој на никого не се нафрла, ама на некој што реално има проблем, не можеш да му кажеш, немој да ја миеш косата, миј ја еднаш неделно. и цело време тоа да се повторува по темава.
    Ама кај некого тоа едноставно не е изводливо.

    Замисли работам на шалтер во банка и еднаш неделно да ја мијам косата.
    [​IMG]
    Ма било каде да работам, срамота е мрсна коса.

    Да сте тинејџери во школо, да разберам, а колку што се сеќавам и тогаш ми беше срам, но индивидуално е нели...
    Да сте студенти што не одат секојдневно на предавање, и тоа да разберам, но кога веќе сте повозрасни, не можам никако да го разберам тоа.

    И факт е, мрсна коса (и кожа) побрзо впива мириси.
    Начинот на живот, посебно во Скопје, загаден град, што има прашини на секаде, претопло лето ни наложува да ја миеме косата можеби и почесто отколку што ни е потребно.
    Секако и водата тука има врска.

    Според мене, колку побрзо се помирите со тој факт, толку полесно за вас.
    Соодветен шампон, фризура, и може малку променети навики ќе влијаат врз тоа како го доживувате поимот "мрсна коса".

    Јас долго време користев Dove шампон зошто ми ја правеше косата преубава,но мислам дека беше многу јак, па го сменив, сега користам палмолајв од маслинка, убаво ми ја чисти, и потоа обавезно регенератор Dove, и не приметувам разлика (освен ако не ставам регенератор.)
    Маска природна еднаш на две недели (бидејќи ме мрзи почесто) и тоа е тоа.
     
    На Sanjichka007, crazylady, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  3. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Пишав дека издржувам 5 дена (max eдна седмица) исклучиво кога менувам препарати, а тоа не се случува баш често. Да не се сфатиме погрешно, едно е само еднаш да се случи да се мие косата на толкав период, друго е неодржување хигиена :D
    И бидејќи се сфаќаме секогаш погрешно, ќе потенцирам дека никому не сум му дала како совет да не ја мие косата или да ја мие на една недела или не знам што. Па и ако некој ви каже, не ви ставил „нож на шија“ па веднаш да мора да го послушате...
     
  4. optimistka23

    optimistka23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    56
    probajte so isceden limon posle mienje vo korenot i samo isplaknete 1-2 pati nedelno, no nikako ne koristete regenerator ili maska za kosa :!:
     
  5. pearlll

    pearlll Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    23
    Гарниер за мрсна коса со екстракти на лимон и глина зелено паковање ,почна пред краток период да го користам имам се измиено 2-3 пати препорачувам го добар е, мене ми се мрси за 2 дена преку сила некогаш и побрзо а со овај ми издржува и до три дена да не ја мијам
     
  6. yuiop

    yuiop Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    32
    Јас коса немам........не па мрсна....
     
  7. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    72
    Прееска на една страна прочитав, во совриена вода да се стават парчиња од 1-2 рибанки ЛЕБ и да стои така 12 часа.Потоа да се додаде уште 1 л зовриена вода и да се исплакне косата а потоа со топла вода да се исплакне.Можеби е ефикасно :)
     
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    9.037
    Пол:
    Женски
    какви се тие глупости,леб на коса да ставам :fubar: и плус не е препорачливо мрсна коса да се мие со топла вода оти се потикнува лачењето мрснотија.само млака вода помага и често миење.
    може само лимон да ставам на косата пред миење ,ми помага а и маска од алое вера.и го најдов идеалниот шампон -од коприва на сапониа :D
     
  9. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Па нема лебот на косата да го ставаш, туку исцедената вода.
     
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    9.037
    Пол:
    Женски
    да,сфатив водата се става но тоа е што би помогнал тој натопен леб,не ми се вклопува како лек за мрсна коса :geek: .
     
  11. optimistka23

    optimistka23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    56
    Да, и тоа помага, барем на некои. :!:
     
    На marija.maci му/ѝ се допаѓа ова.
  12. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Лебот е составен од многу компоненти и додека тие дојдат до готов производ, можеби има состојка која притоа помага. Квасецот помага за зајакнување на косата. Од тука, сметајќи дека во лебот има квасец (кој можеби со процесот на ферментирање и печење добива подобра варијанта), можеби помага и при мрснината на кожата. Ништо не губиш ако се обидеш.
     
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    9.037
    Пол:
    Женски
    ти благодарам на советот,ќе пробам.имам ставано квасец на лицето,и баш ми помагаше .инаку за косата многу ми помага цеден лимон или маска од алое вера.
     
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Јас сум катастрофа во косава.
    1 ден,и толку.
    И секој 2 ден си мијам коса,оти права ми е како пеглана,и коренот одма зејтин ми се прави.Све и свашта сум пробала,нема чаре :tmi:
     
  15. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    сосема истиот проблем. Се и сешто испробав, шампони,регенератори, домашни маски, а сега дури пијам и витамини за подобра коса. :|
    Но, тие витамини ги пијам 2 месеци и докторката ми рече да правам пауза 1 месец.
    Сега планирам да купам сапун и да ја мијам косава со сапунот. Мислам дека мисијата ќе биде успешна, пошто нели сапунот ја суши кожата, па така помалку ќе се мрси. :)
    Што мислите? :geek:
     
  16. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    и јас еден период употребував сапун од козјо млеко за косата,ама едвај ја исчешлував после,и да,сапунот ја суши кожата исто и косата па голема е веројатноста да ти испукаат врвовите,т.е цветче ке ти се појави,освен да ставаш некој регенератор или маска на врвовите
     
  17. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    ^ Нема само сапунот да го користите. На врвовите или на половина од косата ставете добра маска или регенетатор. Расцветувањето не се појавува само од сапун, така и доколку го користите во комбинација со маска или регенератор нема да имате проблем. Башка што коренот треба да остане неизмрсен, не и отанатиот дел од косата.
     
  18. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    ^ Пробав и јас еднаш со сапун, ама првутот не ви бега.
     
  19. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Колку ми се гнаси кога ќе видам дека некој повраќа, исто толку ми се гнаси кога видам девојчиња, средени, со парфеми се... а косата мрсна. Мислиш со зејтин е мачкана...

    Па мајка му стара, има шампони разни, има маски за коса, капки се и сешто. Мислам... алоо 21 век сме, мрсна коса не е ИН. |(

    СОВЕТ: Шампон со екстрат на лаванда и жалфија има антисептично дејство и помага при регулирање на маснотијата на влакната. Не смеете да користите агресивни производи или концентрати. Одберете благ шампон со смирувачко дејство, но никако оние наменети за бебиња. Шампонот нанесете го на коренот од косата а, не на должината на влакната. Не го тријте темето затоа што ќе ја потикнете работата на лојните жлезди. Почекајте неколку секунди шампонот да дејствува, а потоа измијте се со млака вода.
     
  20. hristijana-13

    hristijana-13 Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Све и свашта пробав од набројаново и други маски и шампони и све живо, али нема што да се прави. Судено ми е да ја мијам преку ден :swear: . А се слагам со тебе за погорново, и мене ме нервираат