За да не ви се мрси толку бргу, пробајте да ја премивата односно шампон , миеш , шампон, миеш , шампон миеш и се така 3 пати, ама добро да ја миета ми да го масирате добро коренот така нема толку цесто да ви се мрси (барем така е за мене )
ма 2 пати правам шампон,миеш,на секое миење ама џабе кога пак другиот ден а може и истиот ако сум ја миела утрото вечерта пак да ми е малку мрсна,нема спас,освен тостерки на коренот
Јас секако сум пробала и едноставно нема решение. Значи сум ја оставала косата по 1 недела да не ја мијам, ја носев некако фатена издржав некој период така, ама немаше промени - ВООПШТО! Ја исфарбав (и тоа не само еднаш!!!) - никакви промени! Исто ми се мрси. Посебно сега во лето , ауу па тоа е хорор филм. Сум ги пробала сите можни шампони и сапуни за мрсна коса - од најевтини, па се до најскапи. Ист ефект. Ама си се помирив со фактот , гледам да не ја мијам секој ден - правам 1 ден пауза обавезно. И тоа е тоа. Гледам да не ја чепкам многу, да ја носам повеќе виткана отколку да ја исправувам. И единствено приближно решение е СУВ ШАМПОН. Само што не знам во Македонија каде би можела да најдам и дали воопшто има. Јас го зедов од странство еднаш и само тоа ми помагаше мрсниот корен да се покрие , ама го потрошив за 1 месец целото шише.
Од 3 ден мене косата ми се мрси,но кога немам време да ја измијам,на косата ставам Бебешка пудра Бекутан..Мене многу ми помага Пробајте и вие
Издржете повеќе дена без да ја миете, ако ја миете секој ден само ја влошувате ситуацијата. Ако ви е премногу мрсна ставете бекутан пудра ( таа за бебиња ) и така ке ви биде со повеќе волумен, исто пудрата може да се стави и на трепките, пред да ставиш маскара, за да ти ги направи погусти. Само пази во очи да не ти влезе
Сум се трудела со секакви шампони на лореал,на шварцкоп глисот итн итнДолга листа има ,со асо дерм сапунот..И на крај случајно установив дека најдобар шампон е Рецепт,многу поприроден од другите а и откако го користам косата не ми е како тесто .
девојки го имам истиот проблем немам долготрајно решение но може ќе ви послужи кога ќе ви с измрси косата ставете бебешка пудра и убаво протријте ја косата да не ви се познава бело од пудрата(сега косата нема да ви изгледа дека ви е мрсна) тоа е се што јас знам помогнете сега вие за подолго да не ми се мрси
еј значи токлу сум глупава сто вцера зема и ставив зајтин на косата и сеа косата потоа косата ја измив и пак ми е мрсна како да не сум ја миела. совет несто да ставам да се измие тоа мрсниште
Здраво девојки, не знам што е со мојава коса, ама се мрси на ДВА ДЕНА. Имате препорака за некаков шампон? Фала однапред
^^ TheKitty, си имала искуство со Syoss? Помага за мрсна коса? Иначе, и јас ставав бебешки пудри. Но, од тие пудрите на Бекутан,Нивеа косата ми се наелектризуваше. И користев една Jumbo пудра, која ми ја правеше косата покрута и погуста и со волумен. Е сега таа пудра веќе не се произведува. Па барам решение. ако некој знае, нека пише, кај можам да ја најдам оваа пудра за коса и колку пари е? Ве љубам.
Барав нешто на интернет, може од помош ќе ви бидат советите http://ilike.mk/zivot/ubavina/subcategory/mrsna-kosa/
^ Пошто имам темна коса, за да ја избегнам мрснотијата на косата треба да ставам какао на темето? Нека сподели искуство некоја феминка која ставала какао. Поздрав
^ Да, ќе го нанесеш исто како што се нанесува бебешката пудра во прав. Јас не сум пробала ниту со оваа белата пудра, но ефектот би требало да биде ист, што знам.
мојата коса исто така многу брзо се мрси, мислам дека од што ја имам навикнато секој втор ден да ја миам, порано секој ден ја миев
Епа ајде да споделам искуство. Отидов, купив какао. Дојдов дома, го ставив на коса. Да ви кажам право, одлична идеја. За тие со темна а мрсна коса е одлично. Ја покрива мрснотијата и на косата и дава волумен. Само има еден проблем. Кога ќе излезете надвор со какаото на коса, внимавајте ако ви се доближи некој и почне да ви ја лиже косата. Ве љубам.