И јас имам мрсна коса. Ја мијам 2 пати неделно. Забележав дека на одреден период косата се заситува од еден шампон па наоѓам друг. Колку често ја миеш толку повеќе ќе се мрси. Потни жлезди се во прашање тука и неможеш ништо
Не постои шампон за мрсна коса! 2 пати во неделата е сосем доволно за миење, 2 дена ќе ја носиш пуштена, после во репче, со венче, шнолче или марама и ќе помине уште еден ден. Плус и малце бебешка пудра или талк, и мора да се навикнеш! Шампонот може само да даде поубав сјај, а дека ќе престане да се мрси, тоа не верувам
Јас сега го купив Орзен шампонот...Ми го препорачаа,помагал многу...На база на пиво.. Ќе започнам да го користам,па ќе ви пишам какви се резултатите
Го има насекаде, и по маркети и по аптеки, мислам дека не е повеќе од 140 денара, ама не го бива...џабе реклама, јас го имав, само првут добив, ништо друго
Го купив од Веро околу 140-150 денари...Ете девојката над мене не е задоволна..па ќе пишам јас дали е добар...Мене ми го фалеа многу...
Леле и јас имам мрсна коса многу ме нервира.Секој втор ден ја мијам ужас.Пробав многу шампони но ни еден не ми помогна.Сега моментално го користам Garnier Fructis. Добар е не ми се мрси толку косата.
За жал и јас го имам истиот проблем.Преку еден ден мијам,првиот ден од фенирањето супер,утредента спласната и темето ужасно мрсно.Сум се консултирала со повеќе дерматолози но немам некое корисно решение.Моментално користам шампон од коприва од афродита,на природна база за секојдневна употреба.
Шампонот Орзен е навистина добар за мрсна коса, дури и тој за нормална коса да го купите нема да згрешите мислам зашто стварно многу ја суши косата, инаку ептен е економичен 400мл. а 150 денари е...
Јас немам убаво искуство со овој шампон.Обично сакам да пробувам нови производи,и така го купив кога излезе орзенот на база на пиво.Шампонот е доста јак,мене ми ја наполни косата со првут,а во животот првут не сум имала,а кожата на главата ужасно ме чешаше.Така да ,не се што се рекламира,секогаш е убаво.
Единствено решение за мрсна коса ви е да ја миете што е можно поретко, но неможете да очекувате една, две недели и готово нема веќе да ви биде мрсна, треба да помине одреден период. Мене ми беше многу мрсна и ја миев на два дена, некогаш и секој ден, сеа ја мијам на 4 дена и ми е одлична, а плус и ми е посјајна отколку кога ја миев преку еден, два дена. Затоа издржете некој период да ја миете што е можно поретко и ќе ги видите резултатите.
za zal i jas go imam istiot problem ,gi probav site samponi no nieden ne pomaga neznam sto da pravam taka da ako nekoj ima resenie bi bilo mnogu dobro [mod-kirilica:1dt7ozqh][/mod-kirilica:1dt7ozqh]
Ste go probale li RECEPT samponot na SUBRINA? Aj ako ima nekoj sto go probal toj za masnka kosa neka pise dali e dobar. [mod-kirilica:18727aqy][/mod-kirilica:18727aqy]
Да јас сум го пробала и сеуште го користам. Одличен е, земи го тој од Алое Вера. Тој помага за мрсна коса
Дали некој го има користено Лореал шампонот белиот што е.....не знам дали е до мојата коса ама многу бргу ми се масни за 1 ден. Денска ја мијам до утре вечер мас. Ако има некој нека пиШе како му делувал на него позззззззз