И јас си го имам истиот проблем со косата. Ја мијам на секој втор ден. Девојки ми го препорачаја овој шампон против мрсна коса. Иако на него пишува дека е против опаѓање сепак помагал и против мрснотијата на косата. http://www.kozmetika-afrodita.com/ser/b ... k/?id=1565
A овој го има овде во македонија ?[/quote Да го има во поголемите маркети .....го има во Веро и Рамстор 100%
мене па од овој одма ми се мрси, ја мијам денес утре мрсна. Мене најдобар до сега ми се покажал од гарниер pure clean. мирисот ми трае до наредното миење кое е на 2-3 дена (кај нас е малку поинакво пакувањето)
Порано мака мачев со сува коса и првут, сега кога го решив тој проблем косата почна да ми се мрси за 1 ден Тоа си носи свои проблеми, од миењето секој втор ден почнува многу да паѓа....како и да е ме фати инат да го решам проблемов и мислам дека делумно успеав Сакам да го споделам искуството со вас, зошто знам колку се изнамачив и колку знае да нервира овој проблем. На самиот почеток, прво пробав да го балансирам скалпот, односно конечно да се ослободам од првутот. После испробани МИЛИОН шампони за таа намена 100% спас го најдов во Реконазол шампонот....буквално ми го промени животот. Но, користете го во комбинација со некој поблаг шампон, јас на пр. го земав од ДМ-ph неутралниот шампон. Прво се мијам со него, па со реконазолот и најважно е да се остави да делува неколку минути. Тој процес траеше 2 недели, повеќе немам првут и кожата на главата ми е стабилизирана, но на сцена стапи претерано масната коса....неиздржливо Сфатив дека најверојатно е од шампонот, покрај тоа што има тежок мирис(зборувам за тој на Балеа), некако како да не ми ја домиваше косата....решение, почнав да ја користам копривата од Афродита. Постапката со реконазолот ја повторувам на неколку миења, чисто за секој случај. Во план ми е да го земам шампонот од бреза на Алкалоид, би требало да е добар и да се справува со масната коса.....доколку некој го користел нека сподели искуство Обичниот од бреза на илирија е убав, но после тоа не можам да ја спастрам косата од што е разлетана...па сметам дека тој од Алкалоид треба да има поблага формула а и поголем екстракт од бреза....тоа е тоа се надевам дека на некого ова мое искуство ќе му биде од корист
Денес си купив шампон од бреза од Алкалоид, одамна мислев да го пробам. Ќе видам дали ќе има резултати кај мене па ќе пишам
Јас исто така имам проблем со мрсна коса -.- Ме нервира многу,кога ке ја мијам почесто секогаш ми е разлетена,овака мрсна незнам веќе што ке правам со мојата чудо од коса
Јас немам проблем со мрсна коса, ама сестра ми имаше, па по препорака од моја другарка и го земав овој шампон. Го користи веќе подолго време, го троши третото пакување и е презадоволна. Шампонов добро го регулира скалпот. Косата и е свежа и чиста, останува таква три дена, за разлика од порано кога мораше секој ден да ја мие. Шампонов мириса многу свежо, на лимон, цитрус, така нешто, па косата има прекрасен мирис по миење, лелеава е и што е најважно не се мрси брзо. Исто наместо маска, она користи регенератор, кој е полесен во однос на маските, па сега косата и е во многу подобра состојба за разлика од порано.
Околу 20 долари беше цената, мене не ми е купен од Македонија. Сепак нема врска, поентата ми беше дека е многу добар шампонов, а на Доктор Хаушка козметика мислам дека има и кај нас. Еве побарав нешто, така да мора да имаат, па прашај, не знам со сигурност да кажам. Ако некој знае нека каже дали во некои наши дрогерии, аптеки и сл. има нивна козметика и мене многу ме интересира. И јас би сакала да пробам уште нешто, штета што немав место и за мене да си донесам некои работи. Многу квалитетна козметика се . https://www.facebook.com/pages/Dr-Hausc ... 1491282671
Немав ваков проблем, ме урочија. Косата ми е мрсна секој ден. Пр: понеделник:ја мијам вторник:ми е мрсна. Неможам повеќе, мајка ми ми вели бидејќи ја мијам многу често... ама не бива така мрсна да одам. Препорачајте некој шампон што може лесно да го набавам.
И јас си патам од тој проблем, значи многу многу се нервирам Згора на тоа косата ми е многу ретка и имам многу тенко влакно, првиот ден ја мијам, а вториот веке сум мрсна. Се плашам дека од толку миење еден ден ке си останам и без влакно на главата Дај кажете помош. А инаку сум пробала многупати да не ја мијам толку често, ама џабе, нема никаков ефект.